Џуда: Преименувањата не носат пријатели на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Британскиот публицист и добар познавач на состојбите на Балканот, Тим Џуда смета дека дури и ако вториот круг на изборите во Македонија заврши без инциденти, тоа не значи дека земјата ќе добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија.
Како што јави дописникот на МИА од Лондон, во интервју за Би-Би-Си, Џуда изјави дека некои земји од ЕУ, а посебно Германија, не се расположени сега да зборуваат за проширувањето на Унијата. Според британскиот публицист, доказ за тоа е и односот на Унијата кон апликацијата на Црна Гора, која по добивањето е „ставена во фиока“, без да се утврди дали се исполнети условите за кандидирање.
Тој смета дела сличен е и односот кон либерализацијата на визниот режим, затоа што членките на ЕУ тешко дека ќе се согласат на нешто такво, во услови кога стотици илјади нивни граѓани остануваат без работа.
„Тие стравуваат дека луѓето од Балканот ќе може да им ја земат работата“, забележува Џуда, истакнувајќи ја реакцијата на партијата на германскиот канцелар Ангела Меркел, која побара замрзнување на процесот на проширување на ЕУ по приемот на Хрватска.
Британскиот аналитичар оценува дека земјите од Западен Балкан се „заглавени во проблеми“, какви што се оној на Македонија со Грција, на Хрватска со Словенија и на Србија со Холандија.
Кога станува збор за Македонија, Џуда вели дека не очекува нови и дополнителни услови од Брисел за Скопје за одредување на датумот за преговори, но сугерира земјата да ги прошири своите пријатели во ЕУ.
„Не верувам дека истакнувањето на Александар Велики, зборувањето за статуи и именувањето на автопатот, ќе и донесат пријатели на Македонија во седиштето на Унијата“, заклучува Џуда во интервјуто за Би-Би-Си.


A1


Брус Џексон, мозокот на НАТО-проширувањето на Балканот




Господине Џексон, дали новата американска администрација има политика спрема Македонија или ќе го остави настрана спорот околу името со Грција?

Засега администрацијата на претседателот Обама има само еден приоритет - економската обнова. Нема нова политика околу Македонија и, всушност, нема ни работа во овој правец. Се' уште немаат ни тим што ќе работи на тоа, односно не е потврден. Очигледно треба да бидат брифирани зошто Македонија нема да биде на НАТО-самитот, каде што треба да биде, за неколку дена. Ставот во Вашингтон е дека не е завршена многу работа, дека нема можност за пробив околу спорот и дека тоа може да трае така со години. Затоа, да се прекине оваа мртва ситуација е важна работа. Се чека на изборите во Македонија, но наедно постои и загриженост поради тоа што Грција е една од земјите во светот со ризична економија и со голема рецесија. Во ваква ситуација има опасност таа да стане политички толку слаба што нема да биде способна да ги заврши преговорите, дури и ако Македонија излезе со нова формулација. Мислам дека сме исфрустрирани и од двете страни. Проблем, исто така, може да биде ако прашањето за спорот околу името почне да се гледа како европско прашање. Загрижени сме како овој спор влијае на НАТО, но за спор меѓу две земји, од кои едната е членка, а другата кандидат, навистина не е нормално одлуките да ги носат Американци. Понормално е тоа прашање да се решава во ЕУ или преку некои други механизми. Тука сме сега во моментов.



Рековте дека сте исфрустрирани од двете страни. Зошто од македонската?

Па, Македонија продолжи да ги именува нештата со грчки имиња, намерно додавајќи масло на огнот. Прво на аеродромот, а сега и на автопатот, што ги одвраќа поддржувачите во НАТО и други важни луѓе. Тоа не е тоа што баш сакавме да го видиме. Тоа ги забавува натаму преговорите и им ги дава на Грците сите аргументи што им требаат. Ова не е тоа што очекувавме да го видиме во зрела фаза од преговорите меѓу две земји што бараат решение.



Голема тема во Македонија деновиве е дали земјата е во изолација или самоизолација по ветото од Букурешт. Како ја дефинирате Вие состојбата?

Македонија секако е изолирана и ќе биде уште повеќе. Интеграцијата во НАТО е ставена на чекање, интеграцијата во ЕУ е заглавена и не оди напред и ова е контрибутивен фактор. А ова се случува во најопасното време во модерната историја поради светската финансиска криза. Ни требаат институции и ни треба интеграција. Така што ова е премногу опасна позиција за Македонија. Ова е време во историјата кога некои држави можат да исчезнат, дали Украина или Исланд... Зборувам за физичко исчезнување. Така што ќе жалиме ако Македонија не добие интеграција многу бргу. Растот во земјите што се интегрирани е за половина или четвртина поголем од неинтегрираните и ќе биде голем финансиски проблем за Македонија да остане на линија со остатокот на Европа. Не може сами да се отсечете од неа. Ќе биде голем проблем ако македонските националисти се почувствуваат побезбедно изолирани во Европа, каде што сите други заклучиле спротивно.



Дали одлуката на Судот во Хаг може да смени нешто околу спорот?

Не сум запознаен со нејзиниот статус, но проблем е што тие процеси траат од пет до десет години. Дури и да пресуди Судот дека Македонија може да се вика како што сака, Грција ќе се повика на тоа дека има нерешен конфликт со соседот и ќе стави вето. Овој спор е фундаментално политички, не легален. Ова е целосно политички спор.



Дали билатералниот спор меѓу Словенија и Хрватска може да влијае на запирање на практиката на вета во ЕУ и во НАТО?

Се зборува за можност да се гласа според принципот 26 минус еден, и тоа со години. Можеби и ќе се дојде до тоа, но за 25 години, а тоа е премногу далеку за да ви помогне вам. Словенечко-хрватскиот проблем е проблем околу територија и е различен од вашиот, бидејќи има легална доктрина како се исцртуваат границите во светот. Тие имаат избор и судот може дури и да реши дека треба да има медијаторство.



Дали Ви е жал, по сите напори што ги направивте Македонија да добие членство во НАТО, сега да гледате како е оставена настрана и не оди напред?

Ние не сакаме да губиме, особено не околу прашања што ни се важни. Секогаш кај сите земји имаше некое прашање што се испречуваше во последен момент и претставуваше голем проблем, како што се Аушвиц за Полска, корупцијата за Бугарија... Овој проблем е многу поголем, зашто објективно нема причина Македонија да не биде членка на НАТО на самитот за неколку дена. Сите се согласуваат со тоа. Ова е многу уникатна ситуација. А хемијата меѓу Груевски и Караманлис е најлошото што го видел некој некогаш. Да ги имате овие двајца лидери на две критични позиции во исто време е еден вид инцидент на историјата. Се' што произлегува од нивната работа е многу фрустрирачко и не води кон решение. Сега прашањето околу името стана целосно поврзано со прашањето на македонскиот идентитет. Треба да се запомни дека тоа не е баш вистина. САД, Обединетите Американски Држави, УСА ги менуваат имињата цело време... Луѓето треба да знаат дека се' уште ќе бидат Македонци, ќе имаат таква национална свест и прецизно зборовите на националната химна. Името на земјата, секако, не смее да биде навреда за неа и тоа е нешто што треба да дојде од Македонија, а не јас да сугерирам. Се надеваме дека по изборите ќе се вратиме на сериозна работа.


utrinski


i posle dobri i fer demokratski izbori pak ne zamaraat so negativni izjavi :kesa:

ja ispustiv i ovaa vest :)

se nakotija mnogu ovakvi vesti

Македонија во НАТО по комромисот за името


Коментари (11)
prazno.gif
prazno.gif
25.03.2009 12:16
nato.jpg

Очекуваме Македонија да влезе во НАТО кога ќе биде постигнат договор со Грција за името. Ова, како што јавува Радио Слободна Европа, го изјавил врховниот командант на Алијансата во Европа, генерал Џон Кредок пред Воениот комитет на американскиот Сенат.
На сослушувањето пред комитетот Кредок, меѓу другото, се осврнал и врз натамошното проширување на Алијансата.
„Македонија беше поканета. Постои прашањето за името на земјата со Грција. Тие сега работат на тоа, но немаат постигнато компромис. Очекуваме кога ќе биде постигнат договор за името меѓу двете земји, Македонија да стане членка“, изјавил генерал Кредок.




A1
 
Нека јаде гомна со лева рака, да ми простите!

Па, Македонија продолжи да ги именува нештата со грчки имиња, намерно додавајќи масло на огнот. Прво на аеродромот, а сега и на автопатот.

Како се осмелува само!!!
 
Никогаш доволно добри за нив. Не не сакаат. Незнам како не разбираат. Се' исполнивме и пак наоѓаат мани. Затоа подобро НЕ во "педерски" друштва.
 
good morning my dear Macedonia

Па дали требаше некој од надвор да ни каже дека преименувањето неможе да донесе добро, ама ке нанесе и те каква штета?????:toe:
 
Рековте дека сте исфрустрирани од двете страни. Зошто од македонската?

Па, Македонија продолжи да ги именува нештата со грчки имиња, намерно додавајќи масло на огнот. Прво на аеродромот, а сега и на автопатот, што ги одвраќа поддржувачите во НАТО и други важни луѓе. Тоа не е тоа што баш сакавме да го видиме. Тоа ги забавува натаму преговорите и им ги дава на Грците сите аргументи што им требаат. Ова не е тоа што очекувавме да го видиме во зрела фаза од преговорите меѓу две земји што бараат решение.
Види машалааа!!!
Именуваме со грчки имиња?:nesvest:

ХММММ по се` изгледа дека нивната помош за нас во врска со името е всушност помош на Грција да си го реши проблемот со нас.
Тоа иде во стилот, ај пушти ги будалите нека се радуваат.

Редно е да се зафатиме за надградување на сопственото и да не им ја мислиме многу на тие референтчиња што зборуваат.

Кога ќе си направиме своја независна и профитабилна економија во која профит ќе најдат и други тогаш ќе најдеме и пријатели кои ќе сакаат да не дружат заради профитот, нормално.
Се` останато е прикаска (пропаганда) за мали деца да се радуваат и да не мислат на тоа што им е битно во животот.


Поздрав:helou:
 
Фала Богу.
Ова сите го знаат....се разбира освен Македонската ни влада и нивните верни подржувачи.

Инаку за оние кои немаат прочитано, Брус Џексон е Американски лобист кој лобира и работи во полза на Македонија.

Али после вакви изјави....нече дуго :)
 
Кога ќе си направиме своја независна и профитабилна економија во која профит ќе најдат и други тогаш ќе најдеме и пријатели кои ќе сакаат да не дружат заради профитот, нормално.
Super, so dve race za.... ama kako do taa ekonomija?:toe:
Toa be go ceka narodot celi 18 godini, kako?
 
Јуда...

кај ги наоѓате бе...

ne e samo Juda :) tuka e i Џон Кредок i Brus Jackson

Не ги наоѓаме ние бе,тоа им е работа во еден поширок контекст кој се нарекува Мојсеј-2 за кого не сакате да верувате:
-Почнуваќи од Кисинџер,Рамсфелд,Бадинтер,Нимиц,Олбрајт,Едвард Џозеф и сите во МКГ,Браун(Чешки Амбасадор во Македонија) а и Сорос,Леотар,Пердју,Кушнер,Саркози,Сем Вакнин,Волфович,Зелик и сите од ММФ,завршувајќи со “нашиот“ Жидас Даскаловски како советник на премиеров,сето е тоа со иста задача и со иста цел:
-МАКЕДОНИЈА ДА ЈА НЕМА КАКО МАКЕДОНИЈА!
 
Aко именувањето на објекти или преименување на истите не носи нови пријатели
каде се тогаш старите пријатели и кој се тие, што воопшто имат направено за Македонија
освен пофални зборови бла бла бла...........
пс. по струмички:Плашам ти манго децата!!!!!
 
Не ги наоѓаме ние бе,тоа им е работа во еден поширок контекст кој се нарекува Мојсеј-2 за кого не сакате да верувате:
-Почнуваќи од Кисинџер,Рамсфелд,Бадинтер,Нимиц,Олбрајт,Едвард Џозеф и сите во МКГ,Браун(Чешки Амбасадор во Македонија) а и Сорос,Леотар,Пердју,Кушнер,Саркози,Сем Вакнин,Волфович,Зелик и сите од ММФ,завршувајќи со “нашиот“ Жидас Даскаловски како советник на премиеров,сето е тоа со иста задача и со иста цел:
-МАКЕДОНИЈА ДА ЈА НЕМА КАКО МАКЕДОНИЈА!

да се надоврзам на имињава шо ги спомна ...
кој има чуено за Economic Hitman?

пожелно е да се изгледа, има 3дела ...

тоа е она шо се дешава ...
интересни работи околу Јужна Америка, Ирак ... уцени ...
 
Џуда да ми јаде муда(простете), имињата се македонски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom