Многу добра листа, дефинитивно секој фан на жанрот треба да ги прегледа барем 90 посто од филмовиве.
Мене ме фати мала депресија кога видов дека сите филмови од листава ми се гледани.
И МАјнорити Рипорт, really? Kога се работи за екранизирање на дела од ФИлип Дик, видовме Ридли СКот што направи (Блејд Ранер) а Спилберг тотално потфрли, филмот е предугачок, со неинтерсени акциони сцени, хумор кај што не му е место, итн... да не го заборавам и другиот SF промашај од Спилберг и Том Круз - War Of The Worlds.
За Галакси Квест претпоставувам дека бил субјективен + Стар Трек Фaн иначе не е ништо посебно фимот, можел наместо него на пр. да го стави
Open Your Eyes (1997)
aka "Abre los ojos"
Филип Дик(хех дик) иако нема поминато добро во животот сепак добро има поминато во филмскиот свет за разлика од Исак Асимов, на кој што една негова кратка приказна беше употребена за да се направи два часовна реклама за Конверс. Прилично забавна реклама ако може да додадам.
А за Мајнорити Рипорт не би се сложил, акционите сцени се одлични според мене особено брканицата со автомобилите додека пак за War of The Worlds се сложувам. Сосема непотребен филм и прв пат Спилберг да потфрли после Петар Пан.
Галакси Квест јас пре би го ставил во омилени комедии наместо сај фај филмови ама па баш затоа што сум треки, интересна ми беше заебанцијата на сметка на Шатнер. А Сем Роквел како ред ширт беше прилично смешно.
Иначе на некој начин е неправедно што го не му дале место и на Џони Мнемоник.За мене подобар од Матрикс.
Матрикс е ставен поради иновацијата што ја придонесе во филмскиот свет. А и приказната е далеку подобра од Џони Мнемоник, нешто што за кое им се восхитував на братот и сестрата Вачовски се додека не го прочитав стрипот The Invisibles од Грант Морисон. Ги издрпале сите идеи од тој стрип, Грант дури има изјавено, "доколку продолжиле да крадат од мене продолженијата на Матрикс ке им беа подобри". Инаку типот консумира секакви психохалуцогени дроги и комуницира со духот на Џон Ленон, ако некој го интересира како дошол до таа идеја

. Само да не се разбереме погрешно, и јас го сакам Џони Мнемоник и ми е најомилен сајберпанк филм ама затоа што нема голем број на сајберпанк филмови

. А Хенри Ролинс и Долф Лундгрен во ист филм ми е вредно за почит.
Е сега има една контроверзност-Star wars е упикан како сф,ама повеќе прилега на фантази жанрот сместен во веслената.
Имам читано и други мислења за ова што го напиша, ама би сакал подетално да се образложиш. Пишуваш убаво и би ми било мерак да прочитам повеќе од тебе за ова. Според мене пак, доброто нешто во Star Wars беше што спојува повеќе жанрови како самурајскиот, вестерн, фантазија како што напиша и сај фај во една прекрасна целина. Еп за сите времиња. Тоа нешто фалеше во новите филмови. Ама па да не си го засерувам денот со тоа ѓубре.
Еден другар ми го раскажуваше Ванила Скај кога искочи и заврши со коментар дека филмот му бил безвезе ама мене ми се виде многу интересна приказната и го изнајмив на VCD (кој формат еј видеоцеде

) пошто уште немав DVD ROM, и се заебав прво В. Скај го глеав, не знаев дека е римејк.
Уште го имам Шафт во Африка на видео цд и Сладок доме Алабама со Рис Витерспун поради некој причина. А и двата филма, и Open Your Eyes и Vanilla Sky ми се подеднакво добри. Отпрвин не го сакав Open Your Eyes поради банална причина ама после сватив, филмот е добар јас сум дибек што не ми е гледан порано.
--- надополнето: 19 април 2012 во 08:28 ---
Фалат можеби Contact, Equilibrium и уште по нешто од постарите.
Contact не би го ставил, отпрвин филмот го сакав поради тоа што е долг и досаден ама како поминува времето сваќам дека филмот е премногу долг и досаден. А пак со Еquilibrium обратно, првпат кога го гледав ми дојде како ефтина копија на Матрикс ама како пројдува времето му ги свакам квалитетите на филмот. Башка и ган фу што има.
--- надополнето: 19 април 2012 во 08:29 ---
Инаку мерак ми се направи што ги видов Forbidden Planet и Dark City на листата. Заслужуваат да се гледани од повеќе луѓе.