Трпе и Трпана

  • Креатор на темата Креатор на темата InF3cTeD
  • Време на започнување Време на започнување
Начекал Трпе некоја ороспија.
- Колку бе!
- 100 марки.
- А за да те тепам, колку ќе ми земеш.
- 200 марки, а колку мислиш да ме тепаш?
- Додека не ми ги вратиш парите.
 
Се возел Трпе во автобус со својот малолетен син, кога малиот здогледал некоја згодна плавуша со големи цицки.
-Еј тато тато, види ги оние добри цицки!
На Трпе му било многу непријатно и бидејќи вакви ситуации се повторувале многу често, решил да го запише малиот на воена академија. Поминало некое време и малиов дошол за првпат дома. Трпе сакал да провери дали нешто се променило кај малиот и затоа го однел пак на едно возење со автобус.
-Еј сине види ја онаа риба, какви добри цицки има?
-Тато батали цицки, него види го ти шоферот каково добро газе има.
 
Малиот Трпе собрал храброст да и каже на учителката дака ја сака.
- Учителке многу сум вљубен во Вас!
- Трпе, јас не сакам деца.
- Добро де, не мора да имаме деца!
 
Под бандера навечер Трпе бара нешто. Доаѓа Кире и прашува:
- Што бараш бе?
- Клучот. Помагај ако сакаш.
Барале двајцата 15 мин. и на крај Стојан прашува:
- Добро бе, кај точно го изгуби?
- Еее, онаму.
- Па што не го бараш таму?
- Нема светло таму.
 
Трпе оди кај Перо и ѕвони на ѕвончето и излева на врата таткому на Перо:
Трпе вели:
Дома ли е Перо?
Таткому на Перо вели:
Не е дома се бања!
 
Зошто Трпе е ваков?
- Затоа што имал трауми од детството.
Кога играл криенка никој не го барал!
 
Отишол Трпе на доктор да бара лек за Трпана:
- И, што и е на Трпана?
- Глува е ко топ докторе.
- А, колку е оштетувањето?
- Неам поим, ама ќе испитам ја тоа докторе.
Се враќа Трпе накај дома и уште од двор почнува да вика:
- Трпанооо, шо имаме за ручек?
Нема одговор. Кога дошол на прагот пак:
- Трпано, шо имаме за ручек?
Пак ништо. Доаѓа пред кујната:
- Трпано ма, што имаме за ручек?
И пак нема одговор. Тогаш влегува во кујна и доаѓа до нејзиното увце:
- Трпано, кажи што направи за ручек?
- Ама, грав бе Трпе, три пати ти кажав.
 
Имал Трпе пролив па отишол на лекар. Арно ама овој по грешка му дал апчиња за смирување.
По два дена го среќава лекарот Трпе и го прашува како му е.
- Абе добро. Се уште имам пролив, ама баш ми е гајле.
 
Се вратил татко му на Трпе од пат и го гледа Трпе како вози нов точак. Зачуден го прашува:
- Од каде ти се парите за ваков точак? Сигурно кошта 400 марки.
- Од шетање бе тато.
- Какво шетање бре, кажи ми од каде ти се парите?!
- Па, секој ден додека ти беше на пат, комшијата Коле доаѓаше да ја види мама, а мене ми даваше по 20 марки и ми кажуваше да шетам.
 
Раскажува Трпе колку лош сон сонил.
- На сред ноќ ми доаѓа Натали, во секси долна облека....
- Е добро де што е лошо тука...
- Е па кога влезе толку ја затреска вратата што се разбудив!
 
Се враќа малиот Трпе од школо со слаби оценки.
Трпе: Ќе падне ќотек!
Малиот Трпе: Ајде тато, ги земав адресите од наставниците!
 
Малиот Трпе прашува:
- Тато, тато, кога ние ќе купиме Голф петка?
- Ќе купиме сине, кога ќе излезе Голф деветка.
 
Трпе се вози во воз. Наспроти него седи постар човек. Одеднаш, крај левото уво на Трпе долетува плунка. Трпе се чуди и го гледа постариов човек како собира плунка и повторно плука, но сега крај неговото десно уво.
- Простете. - Се извинува постариов човек. - Но јас сум светски првак во прецизно плукање...
Трпе не вели ништо, само собира плувачка, плука и право на овој в лице.
-Ох, извинете. - Вели Трпе. - Јас сум само аматер...
 
Таткото му вели на Трпе:
- Дај да ти ја видам книшката.
- Му ја позајмив на Кире. Сака да ги исплаши родителите.
 
Отишол Трпе во луна парк да пука со воздушна пушка. Погодил 3 пати во центарот и му дале како награда желка. Наредниот ден повторно пукал и пак погодил 3 пати во центарот, и како награда му дале едно плишано мече.
- Ќе Ве молам ако сакате да ми го замените мечево за хамбургер, исто како вчера.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom