Трпе и Трпана

  • Креатор на темата Креатор на темата InF3cTeD
  • Време на започнување Време на започнување
Трпана оди в затвро кај Трпе. Трпе незадоволно ја прашува:
- Зошто толку многу време не доаѓаш да ме посетиш ?
* Јас одев кај управникот на затворот и го молев да ти скрати некоја година. 25 години се навистина многу време..
- И што ти рече?
* Па секој пат кога одев тој ми даваше непристојни предлози...
- А ти ?
* Ме знаеш ти мене колку сум упорна. Ајде пакувај се, си одиш дома
 
Цветко го прашува Трпе:
- Абе, што си таков во окото?
- Инфекција од мислење…
- Како бе од мислење?
- Епа така, мислев дека Трпана ќе ме промаши со пепељарата.
 
Трпана му вика на малиот Трпе:
- Сине, вчера ти ја чистев собата и под креветот ти најдов кондоми…
- Фала, бабо!
- Сине, зошто ме викаш баба?
- Затоа што вчера не можев да ги најдам кондомите!
 
Трпана оди на доктор и му вика:
- Докторе за мојава килажа, колку треба да сум висока?
- Па едно 4 ипол метра.
- Ете, им викам јас ниска сум, а они запнале дебела па дебела!
 
Трпе и вика на Трпана:
- Срце, денес ќе излезеш без пудра на лицето.
- Зошто??!
- Затоа што ќе ми треба лопатата за да го исчистам снегот!
 
Се враќа Трпе дома од школо и мајка му го прашува
-Сине, да ти спржам едно јајце?
-Абе ајде!? А јас да ти сварам тебе една цицка?
:pos:
 
Иде Трпе мали кај татко му и сеа татко му чита весник! Трпе мали вика:
- Тато ми се моча!
Не сине така! Ќе речеш: Ми се пее песна!
И мали Трпе вика на татко му тато ми се пее песна!!!!
Ај оди, ене ти го вецето!
Утредента оди мали Трпе кај чичко му и чичко му игра плеј стејшн со другар му!!!
И мали Трпе вика:
Чиче ми се пее песна! Чиче ми се пее песна!
Иии, абе малиов шо се расположи толку да пее?
Чиче ми се пее песнааа!
И чичко му вика:
Ај пеј ми на увце!
И овој мали Трпе му се имочал во уво!
После другарот на чичко му вика лелеее малиов ама течно пеел!
УМРЕВ ХАХАХАХАХАХАХАХ!!!!!
 
Трпе се обраќа на келнерот:
- Келнер, ние со сопругата одбележуваме 25 години заеднички живот. Да ни препорачате некое вино?
- Прво кажете ми дали сакате да празнувате или да заборавите!
 
Малиот Трпе ја гледа фотографијата на своите родители снимена по првата брачна ноќ и коментира:
- Па добро, тато, каков е ова бон-тон, мама да стои, а ти да седиш?
Таткото тешко воздивнал и му објаснил:
- Види, сине, по таа ноќ мајка ти не можеше да седне, а јас не можев повеќе да стојам на нозе.
 
На час. Наставничката ги проверува домашните:
- Петар, зошто немаш домашно?
- Вчера си ја повредив раката.
- Седи, единица. А ти Марике?
- Дедо ми се разболе.
- Седи, единица.
- А ти Tрпе?
- Вчера брат ми се врати од затвор.
- Се обидуваш да ме уплашиш, а? Седи двојка.
 
Влегува Трпе кај забар и му вели:
- Колку ти е вадење?
- 500 денари.
- А без анестезија?
- Така, 350 денари!
- Добро тогаш, само откорнете го и готово.
- Браво, би било добро сите мои пациенти да се вака храбри. Кажете ми за кој заб се работи.
- Трпано, кажи му кој заб те боли
 
Касно после полноќ, ѕвони телефонот, а Трпе и вика на Трпана:
- Јави се, ако е за мене, кажи не е тука!
Трпана се јавува на телефонот:
- Ало, да дома е!
Трпе нервозно и вика:
- Глупачо ти реков да не кажуваш дека сум дома!
А Трпана му враќа:
- За мене беше. :sneaky:



На брегот од Охридското езеро уметник црта пејсаж. Крај него се приближуваат Трпе и син му и застануваат зад неговиот грб. Откако извесно време ја набљудуваат работата на уметникот, Трпе поучно му вели на синчето:
- Гледаш ли сине, како се мачат луѓето кои немаат фотоапарат…:icon_mrgr:
 
Доаѓа Трпе дома, мртов пијан. Трпана му врзува еден шамар и му вика:
- Ќе пиеш уште, а?
Трпе молчи. Трпана пак му врзува шамар:
- Сакаш да пиеш, а?
Трпе молчи. Трпана и по трет пат му врзува шамар и вика:
- Сакаш да пиеш, а?
И Трпе одговара:
- Добро де, тури уште по една кога веќе толку запна.
 
Перо го сретнува Трпе: - Шо праиш бе Трпе?
- Еве, имам закажано со женската во 5, сега е 6, ќе ја чекам до 7, ако не дојде ќе почекам уште пола саат и ќе си одам. Па си имам јас и свое јас! :unsure:
 
Трпана стои дома пред огледалото и вика:
- Се чувствувам дебела и ружна! Трпе, дај бе некој комплимент!
- Мислам дека видот ти е совршен.
--- надополнето: 5 јануари 2013 во 22:11 ---
На час по логика Трпе прднал, ама цела училница засмрдела, да копа. Професорката го избркала.
Трпе излегува и почнува да пцуе:- „Да ти ебам логиката...“
Директорот го сретнува и го прашва зошто пцуе по логиката.
Трпе вели:- „Мене ме избркааа од час да дишам свеж воздух, а тие внатре дишат смрдеа, што логика е тоа???“
--- надополнето: 5 јануари 2013 во 22:12 ---
Се шетаат Трпе со синчето по населба, и поминуваат покрај училиштето.
- Знаеш дека и тато учел тука пред 20 години?
- Аааааа, затоа ми вика учителката дека идиот како мене не сретнала 20 години!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom