СТИЛ на Б.Ц. во следниот период на негово опозиционо делување!
Темите на форумов од типот „Македонија влегува во тоталитаризам“
ги гледам од аспект на едно политичко делување кое што допрва
ќе го видиме во целокупната негова деструктивност.
Ова подолу што го пишувам е дисекција на тој малициозен,
деструктивен стил на политичко делување на СДСх што ќе го
гледаме во следниот период од 3 години под водство
на најтемната личност од поновата македонска историја:
- Македонија изолирана!
- Сите политичари, пратеници, портпароли од СДСх во следниот период да ја верглаат темата до безсвест.
- Сите преостанати новинарски пера (комплетна екипа на Кутрински, распрсканите по А1 (Ива), по Канал 5 (Лидија), Сашо Чолаковски, Ерол Ризаов и слични такви - постојано да ја верглаат истата тема.
- Сите соросоидни невладини организации (на Сашо Јордановски, на Ѓунер Исмаил, и 70-тина други на локално ниво - до безсвес да докажуваат дека Македонија оди во изолационизам).
- Македонија во тоталитаризам!
- Тука најголем акцент да се удри на членството на СДСх. На партиските состаноци во секоја месна организација да се чита „револуционерната“ порака дојдена од „горе“ т.е. Б.Ц. дека Македонија влегува во длабок тоталитаризам.
- Да се идентификуваат и најмали конфликти со полицијата на терен, во секое населено место. Да се обработуваат настаните, да им се дава интерпретација дека се тоа дела на тоталитаристичкиот систем на ВМРО-ДПМНЕ и на сопственото членство да им се презентираат „доказите“ за тоталитаризмот.
- Да се почне со создавање „револуционерна свест“ меѓу членството на СДСх, со цел да се одржи тоа членство мотивирано за следниот долг период од 3 години.
- Македонците поделени на антички и словенски!
- Сите преостанати новинарски пера (комплетна екипа на Кутрински, распрсканите по А1 (Ива), по Канал 5 (Лидија), Сашо Чолаковски, Ерол Ризаов и слични такви - поддржани од „интелектуалните мудреци-колумнисти“ како Фрчко, Милчин, и слични - да ја држат темата постојано актуелна.
- Акцент: ВМРО-ДПМНЕ е разединувач, провокатор на грците, а СДСх е разумната опција - обединувач, си го сака Свети Кирил и Методиј наместо Филип и Александар, ...
- Македонија во тешка економска криза!
- Да се организираат сите стечајци, сите затечени од економската криза (отпуштени од работа, невработени, незадоволни земјоделци и сточари) и уште во Јули и Август 2009 да се загрее ситуацијата до усвитување.
- Потпомогнати од „револуционерното членство“ на СДСх (од точка 2.3.) да се организираат улични немири, штрајкови, блокади на патишта.
- Координација со другите опозициони партии спремни да земат улога во „револуцијата“ на Б.Ц. (будаличиштата во „народна“ на љуБчо и Љубе, екстремисти меѓу албанците - „затоплување“ на односите со Тачи, ...)
Јас очекувам владата на Грујо да одговори на деструктивниот стил на Б.Ц. со отворање на јавни работи, остварувања на ветените зголемувања на пензиите, платите и субвенциите во земјоделието.
Во секој случај се надевам дека на крајот луѓето во Македонија ќе имаат сепак корист дури и од една толку темна и деструктивна личност како што е Б.Ц.
Ама користа ќе ја добијат само поради стравот на Грујо и неговата екипа, да не се врати злобникот Б.Ц. пак на власт.