Ме сакаш?

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Возраст
32
Многу незгодно прашање.
Не зборувам нормално за долги врски кај што она - Те сакам е кажано милион пати и каде што односот помеѓу партнерите е така изграден да не претставува проблем ни ова прашање ни одговорот на истото.
Но што би одговориле вие доколку па и не сте баш заљубени во партнерот?
Или ако никогаш претходно не сте го кажале тоа - Те сакам - без разлика колку многу и колку долго сте заљубени?
Како го разбирате како прашање? И нормално колку го прифаќате?..
Сте го поставиле некогаш? Или ви било поставено?

Ај да одговорам прва..
Да, сум го поставила но во оној пример ко на почетокот што пишав.
Долга врска каде што тоа - Те сакам дојде многу спонтано и смени многу други изрази и зборови. И плус во доста опуштена врска каде што најнормален муабет беше - Знам дека ме сакаш.
А и ми било поставено во истата врска.
Али како што кажав друго е тоа скроз.
А инаку во друга ситуација не сум го поставила и не ми било поставено и стварно би ме фрапирало.
И мислам дека и да сум и да не сум заљубена би одговорила негативно на ова бидејќи ми е глупаво како прашање искрено. И без разлика колку би ги оладил тој мој одговор работите не би се каела воопшто. Пошо ми е толку незгодно ко прашање што па незнам ни јас дали би можела да продолжам тек така преку него.
И не го прифакам па ни разбирам.
Сепак мислам дека *Те сакам* е многу голем и тежок збор што неможе некој тек така да ти го изнуди. Тешко е да се каже, а не е нешто што можеш само да го потврдиш тоест не е прашање што се одговара со - Да, не, можеби.. Освен ете можеби кога се кажува ради реда.. Но чим е некоја врска сведена на тоа - Те сакам да се кажува ради реда чисто сумљам дека некој би го поставил ова прашање. Како што кажав... Многу ми е мизерно и ефтино и мислам дека не би го поставила освен во случај како оној во кој што наведов дека веќе сум го поставила. :pipi:
 
Имам одговорено „не“ на вакво прашање, повеќе од еднаш.
Го имам и еднаш поставено, пошто однапред го знаев одговорот.
Али лично, ја би да се лишам од изрази што сами по себе носат одговорност и повлекуваат многу прашања, иако у суштина некогаш можат да бидат безначајно кажани.
Стварно сакав другачие да беа работите и луѓето да не очекуваа да им биде ова кажано, зошто претставува еден вид стега и притисок што те тера понекогаш да го кажеш кога и не го мислиш баш.
Или сеедно, дури и да го мислиш, или можеби не си сигурен, едноставно некогаш не сакаш ни да го чуеш за да не дојдеш до состојба да мораш и ти да го кажеш.
И да не го тупам. И мене ми е малце глупо прашањево.

Сепак мислам дека *Те сакам* е многу голем и тежок збор...
Голем и тежок збор, my ass. Да беше толку тежок, немаше секој од нас да го изговара и слуша постојано. Ќе го кажувавме сите само во исклучителни ситуации, кога цврсто сме убедени дека го мислиме.
А „љубов“ и „цврсто убедени“ не идат во иста реченица. Се во врска со љубовта е поврзано со несигурност и неконкретни емотивни состојби.
 
Јас го имам поставувано, ама како на заебанција, „Ме сакаш бе тетреб, или да најдам некој со пари и кола?“ или нешто такво:)
А и мене ми е поставено, повеќе пати. Ако сум заљубена одговарам потврдно, секако проследено со некаква заебанција (кога дечко ми прв пат ме праша дали го сакам, му кажав дека сакам да биде на коленици кога ќе треба да прифатам, и се збуни он:)), а кога не сум... Па, „не“ имам речено, ама не кога се работи за врска. Се дружевме со дечкото извесно време и тој почна да се занаша, да ми купува цвеќиња и да ми трипа... Кога во врска сум а не сум заљубена, го одбегнувам одговорот. Префрлам муабет, преќутувам, станувам да затворам прозор...:)
Генерално немам ништо против прашањето - не е грев да си се праша, бар на чисто ќе си бидеме на што сме. Ама има некои ситуации кога не оди (фаќање на финти! еден ме праша дали го сакам додека гледавме во Ајфилова Кула... Е што да му кажеш де:)) и кога ме нервира...
 
Не сум го поставила, ми го поставиле.
Сум одговорила онака како што сум се чувствувала. А, не сум го поставила од проста причина што ми е многу просто :tapp:. Ја ако не осеќам самата дали ме сака или не и дали ја искажува својата љубов кон мене или не, зборот Те Сакам/ Ме Сакаш/ Се Сакаме ама апсолутно ништо нема да смени...
 
Е ова прашањево многу ми е глупо.
Јас ако чувствувам љубов кон некого ќе му кажам дека го сакам,не мора да ме прашува,ако го чувствувам тоа сигурно нема да заборавам да му кажам па он “да ме потсети“:)
Ми било поставено прашањето и одговорив потврдно,не дека така мислев туку дека ми беше жал да речам не,иако вакво парашање поставено на почеток на врска заслужува огромно ладнокрвно не,со кој памет го поставуваат бе?
Сум кажала и на друга тема,ќе повторам и овде,не е морално некој да ми каже дека ме сака за да знам,делата вредат повеќе и од илјада зборови.Иако некогаш,едноставно “излетува“.
 
Нит прашувам, нит сакам да ме прашуваат.
Ако сакам да ти кажам, нема да се воздржувам, зошто мислам дека дури и да е моментална емоционална ситуација човекот си има право да знае што му мислам во моментот. :)
Инаку, поставено ми е неколку пати, а ко што си имам манипулаторски гени во мене, секогаш сум наоѓала и агли во кругот само за да го избегнам тоа да, а сепак да го убедам тој пред мене дека не сум безчувствително говедо.
 
На заебанција сум поставила,ама никад сериозно...не знам некако бедно ми е,а и самите зборови не ми значат нешто многу.Битно ми е таа личност да ми покажува на дело дека ме сака,а и поубаво ми е некако кога тој сам ке ми ги каже тие зборчиња(доколку и на дело покаже) отколку јас сама да си прашувам.Иначе ми било поставено прашањево ииии некад сум одговорила потврдно некад не,зависи:pipi:
 
Многу е извесно да сум го поставил ова прашање, дали било чисто онака или сум бил сериозне не знам шо да одговорам.
Ми било и поставено, зависи од партнерката шо сум одговорил.
 
Го немам поставено прашањето, ниту пак планирам. Многу ми е глупаво и некако ми звучи како да се сака да се изнуди “те сакам“. А не планирам никого да ставам во непријатна положба. Ако некој ме сака, ќе ми го докаже тоа или ќе ми каже те сакам, без моите прашања.

И мене ми го немаат поставено прашањето, а и не ни сакам. Неспретна сум во однос на моите чувства, смотана сум по однос на тие прашања, така што голема е веројатноста да се збунам, да ме фати срам и слично. Кога ќе се осеќам така и кога ќе се ослободам ќе го кажам тоа те сакам, инаку не. Не сакам да изнудуваат од мене чувства.
 
Зошто да прашувам? Ако некој мисли дека ме сака, ќе ми каже. Иако е веќе излитена фраза на која веќе никој не и придава толку големо значење, секогаш е убаво да се слушне, без да прашам. Ако прашам, возбудата и сето она пријатно чувство кога ќе ми каже партнерот дека ме сака, исчезнува.
 
Би прашал, доколку на пример, не сака да го земе во прегратка или да го бакнува и милува... Мора тогаш да се игра на карта емоција и ова прашање е токму тоа што му треба на човека.
 
Сум прашал и пак ќе прашам.(знам сега ќе речете немаш искуство ти 16 години вака така ама ја да си кажам...)Имам одговорено со не или со па не баш.Секогаш кон секое прашање давам искрен одговор.И директен така да...Не сум баш романтичен а??Пуста директност
 
Не се сеќавам да сум го поставила некогаш.Можеби зошто се плашам од одговорот.
Ми го поставиле и сум одговорила позитивно.Некако глупо ми е да одговорам негативно(како би се чувствувал тогаш партнерот)
Иначе не мислам дека е тежок збор.Секојдневно го употребувам.Не ми е ни тешко ако не сум заљубена да речам те сакам.Ми викале те сакам и сум одговарала и јас те сакам.Не ми значи зборов многу.Нештата се докажуваат не се кажуваат.
Па ни на крај памет не ми паѓат да се притресвам ак ми речит некој те сакам ниту се притресвам ако треба да го кажам.Некако излитена фраза ми е зборов
 
да незгодно прашање ... шо можи да се постави во појче контексти не само кон партнерката/партнерот . искрено, досега на ниту една партнерка не сум му рекол дека ја сакам :), му имам речено само на најдобрите другари и другарки шо стварно заслужиле да му кажам .... не сум ни прашал некоја дали ме сака (мислам на парнерка или потенцијална партнерка) , најверојатно пошо многу се плашам од одговорот да не биди негативен :kesa:
 
Ми немаат поставено тоа прашање а ја имам поставено во случај кога сум бил во некоја криза и несигурност и ми било потребно да прашам.Во повекето случаи знае да биде незгодно во зависност на кој начин ке се постави.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom