C
Cool Hand Luke
Гостин
Сметам дека и многу верници се сложуваат дека не е се буквална вистина во Библијата, но за Евангелието се бескомпромисни, тоа е до збор вистина. На друг форум имаше расправа за слепиот кому Исус му го вратил видот, дали Исус всушност и се обратил на потсвеста на слепиот и и сугерирал дека може да прогледа... Претходно апостолите му рекле на Исус дека е можеби подобро да не му го враќа видот бидејќи тој цел живот живее слеп па една таква промена... но Исус им рекол - тој живее во темнина, и се додека сум Јас на светот, Јас сум светлото на светот!
Импресивно. Се замислив околу можната симболичка верзија на оваа приказна. Преку слепиот сме претставени сите ние или повеќето од нас како духовни слепци и никогаш не ни е доцна да прогледаме духовно само доколку тоа искрено го сакаме, Бог е секогаш тука.
Ова е убаво толкување по мене, но да не е тоа поради тоа што нашата подсвест ја перцепира приказната токму овака, а не буквално? Ако е симболичка ја доведува во прашање веродостојноста на Евангелието, и испаѓа дека некој крајно лукав го пишувал сето тоа.
Јас само ова би го рекол, прв пат кога го читав Евангелието, поверував, бидејќи беше моќно, убаво, но да ме прашаше некој дали верувам дека е буквална вистина ќе му речев не знам, не сум сигурен. Сега би рекол дека е вистина, дали навистина буквална не знам, но толку ми се допадна и толку поверував во неа што навистина стана вистина за мене.