Ученик Македонец освои прва награда на научен конкурс во Вашингтон

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Вашингтон 19 март (МИА) - Шестооделенецот Велјан Митровски од мултијазичното основно училиште „Ојстер Адамс“ во Вашингтон победи на натпревар од областа на животната средина за изумот со кој се штеди електрична енергија преку поставување соларни плочи на семафорите во главниот град на САД, јави Гласот на Америка на македонски јазик.

Велјан вели дека бил инспириран од главната тема на проектот – како да се заштеди енергија, особено во актуелниот момент на голема економска криза.

За сите семафори во Вашингтон, 12-годишниот Митровски пресметал дека ако се инсталираат неговите соларни плочи, за една година би се заштедиле точно 251 милијарда 942 милиони киловат-часови електрична енергија.

Велјан ја доби наградата на Саемот за математика, наука и технологија што на ниво на основни училишта секоја година се одржува во главниот град на САД. Неговите родители се на привремен престој во Вашингтон, а по враќањето во Скопје тој планира да го презентира проектот и пред соучениците во основното училиште „Димо Хаџи Димов“.

Преземено од Идивиди.

Браво за детево! Мора да се каже дека е голема чест што Македонците успеваат да се истакнат на голем план во светот. Истото важи за тоа 10-годишното ( мислам дека беше ) дете, ( не му го знам името ) најмладиот Систем Администратор што е. Секоја чест за децата и нека продолжат така.
Темата ја ставив овде бидејќи не знаев каде, ако не треба да стои тука преместете ја.:toe:
 
браво за детето
нешто паметно и од Македонија:toe::toe:
 
Секоја чест за детево, сабајлево баш прочитав на телетекст, и бев пријатно изненаден..
Треба и во Македонија да се реализира овој проект :vozbud:
 
Секоја чест за детево. Со ова се докажува дека во Македонија има потенцијал кај младите ученици. Ова треба да послужи за пример и кај другите ученци кои се заентерисирани за вакви слични натпревари. Секоја ваква победа е значајна за самиот ученик и за нашата држава.
 
Браво бе. Само така нека продолжи. не само он туку и други да се докажуваат и да ја претставуваат достојно Македонија и на научен план :)
 
Вакви таленти не треба да се испуштаат, треба да се поддржуваат и стимулираат. Браво за детево!:helou:
 
Уште еден доказ дека Македонија навистина поседува генијални умови кои вредат повеќе отколку што можме да си претпоставиме.
Браво за ученикот, и му посакувам пред се’ успех, а потоа и многу награди.
 
Ништо чудно штом е македонец :wink: Секоја чест и само така нека продолжи. Во последно време излегоа голем број млади генијалци што само докажува дека Македонија е расадник на таленти.
 
Браво Велјан, да си ни жив и здрав и само напред!
 
А како се викаше тоа другото дете пак од Македонија е, пред некој ден читав баш за него имаше на kajgana.com, вика "......им одржа лекција на Microsoft". Најмладиот систем администратор во светот...:D:smir: Само нека произлегуваат уште такви умови од Македонија, за да му се докаже на светот дека Македонија не е само една мала земја која е заостаната 100 години пред сите други...Македонија отсекогаш раѓала умни, паметни синови кои ќе ја водат понатаму и ќе ја истакнуваат во светот.:vozbud::pos2::kesa:
 
Лееееееееелееееееее пошол на гости и ги растурил ха ха ха БРАВО!!!!!!!!
 
Супер за детето. И ја имам еден мој изум за возење на автомобили на вода, треба да го разработам за да дојдам до некоја награда и јас.
 
Лол, кај му текнало :D:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom