Ќе зборувам за мој близок роднина. Незнам дали постои друг таков случај во државава. Сум видел многу пијани луѓе и пијанства но овој мислам дека никој неможе да го стигне. Пие секој ден, станува сабајле во 7, до 14 часот попладне тој е мртов пијан. Ќе поспие неколку часа и после ќе стане и пак почнува да пие, се спрема за вечерта. Секој ден станува со мислата што да пие денес и кој да му прави друштво, ако нема друштво сам пие. Сопственик е на фирма која фала богу работи одлично досега, но џабе му е тоа кога е психички алкохоличар. Има прекрасна жена и три деца, две женски на возраст од 26 и 20 години, и мало машко дете 10 години. Ги малтретира секојдневно. Жена му беше медицинска сестра, на дежурство седеше по цела вечер со неа. Потоа и забрани да оди на работа па жената мораше да ја напушти работата. Неколку пати ја имаше тепано на нејзиното работно место, пред сите колеги. Секој ден некој од блиските роднини мора да присутен кај нив дома за да не налета и да ја тепа жена му или децата. Дури и јас неколку пати сум морал да седам со него и да му правам муабет по цела вечер за да не прави проблеми. Какви глупости само зборува додека е пијан.... Ги малтретира децата, посебно машкото, најмалото. Неколку пати досега се обиде да го убие! Еднаш го удри по глава со бокс и детето доби потрес на мозокот, вториот пат го удри со нога во грбот...Му се има заканувано лично пред мене со нож во рака велејќи му дека ќе му ја сече главата...Детето уште од мало секојдневно расте со вакви трауми, и сите се надеваат дека детето ќе доживее да порасне како што треба и нема да има никакви последици од сите овие работи што ги има гледано и низ кои што поминал благодарение на татко му. А она што е најжално е дека никој досега не се осуди да го пријави во ниту една институција! Еднаш ја убедив мајка ми да се јави и да разговара со една служба за пријавување на семејно насилство. И објаснија дека прво треба да се поднесе пријава кај нив, после они поднесуваат до полиција и суд документи со кои ќе се бара да му се одземе правото над децата, и ќе биде сместен на лекување или во затвор додека пак службата рече дека тие и државата ќе се погрижат за жената и за децата да бидат сместени на сигурно место каде што нема да може никогаш да ги најде. Но џабе, никој немаше храброст да го пријави и да го направи тоа, а јас мислам дека најмногу не го сторија тоа поради страв и срам од народот. Многу пати досега им имам кажано да ја завршат оваа работа додека не убие некој, но никој не ме послуша. Еве го уште продолжува вака, и ќе продолжи додека некој не заврши 2 метра под земја или не го пријават па тој да заврши во некоја лудница.
--- надополнето: 22 јуни 2012 во 03:57 ---
Ни кога е трезен не прави нешто корисно, денеска не отиде на работа и цело време урла, треска вратите и сега гарант нешто скршил....
Татко ми се обиде пред 1 година кога престана да оди на работа да пие секојдневно и да прави проблеми дома. Не некои посериозни но онака дерење и кавги со мајка ми. Се додека една Сабота после излегување не си дојдов и јас дома пијан даска. Нешто почна да ми се дере, мислејќи дека ќе го слушам што зборува и ќе бидам мирен. Можеби беше грешно, но сепак го направив тоа. Го удрив, го удрив шамар и му реков дека ако уште еднаш ми се издере мене или на мајка ми ќе го убијам. Другиот ден беше како нов. 3-4 месеци не си правевме муабет и не сакавме да се видиме, но престана да пие и да прави проблеми. Сега пак е без работа, се расправам со него понекогаш, но од тогаш се нема напиено капка алкохол, се измени многу.
Совет што можам да дадам е следното. Не им се плашете! Ако се пијани и ако викаат и маваат по вас, возвратете им со иста мерка. Покажи му сила и решителност дека тоа што прави нема да го трпите цел живот. Јас мојот татко го удрив, и знам дека тоа беше можеби најголемата грешка што ја направив во животот, но таа грешка му даде до знаење дека неможе да се однесува како сака и да прави што сака.