Партнерот ми е од село, што да правам?

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

Каде живеете?

  • Град

    Гласови: 322 78,5%
  • Село

    Гласови: 88 21,5%

  • Вкупно гласачи
    410
.
Добро бре АМАН ЗАМАН луѓе читате ли што кажуваме јас Виктор да му се невиди. Ајде уште еднаш за слепите и неписмените, НИКОЈ НЕ РЕЧЕ ДЕКА Е ЛОШО ДА СИ ОД СЕЛО А ДОБРО ОД ГРАД, РЕКОВМЕ ЕДНОСТАВНО ДЕКА ПОСТОЈАТ РАЗЛИКИ КОИ ИЗЛЕГУВААТ НА ПОВРШИНА КОГА ЕДЕН ОД СЕЛО Е ЗАЕДНО СО ЕДЕН ОД ГРАД, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ТОА Е СЕ ПАРТНЕРИ, КОЛЕГИ ИЛИ ДУРГАРИ.
Извини господине Блаже Конески, ама кога другарите ти се смеат зошто девојката е од село тоа е зошто ја исмеваат девојката и тебе зошто со цел памет идеш со неа. А ова по логигата на светот е навредливо, ама ти изгледа во последнава деценија си пишувал правописи и граматики, па малкку ти затапила експертноста за социологија и психологија
 
Безвеза ми е некој да се срами само затоа што некој е од село.
Па добро што се замислуваат другите дека се. Врти сучи поголем процент имаат потекло од село, само што живеат во град.
Сега нормално има и некои тешки случаи на сељачина шо немаат понашање, ама такви има и во градовите.
Мислам дека нема потреба од страм, а таквите стереотипи дека тие од село се за никаде, мислам дека треба да се отстранат. Не е важно дали некој е од село или од град, сите сме луѓе, сите имаме некакви карактери.
 
Ех.. денес кога и во Шипковица и Бозовце има интернет и асфалтен пат по кој побрзо ќе стигнеш во град отколку некој што живее во Драчево, а селската популација е се освен млади луѓе, а во брзо време и ќе исчезне... во Македонија нема разлики или тие се минимални. И доколку ги има од магаре на коњ е лесно, инаку немаше да се случува таков миграциски бум.

Различни типови на луѓе независно од кое село доаѓаат, дали од Демир Хисар, Валандово, Паланка или Скопје. Единствена пречка е ако некој има проблем со себе и сеуште се раководи од тоа што ќе кажат комшиите. :vozbud:
 
Значи судено е тие од село да си останат во село затоа што тие од град не ги прифакаат , ке мора да им кажам да ми изградат ГТЦ у село за да морам да доагам накај овој у Центар :pos2: ( затоа што сум од село )
 
Смирете ги страстите,употребувате и доза на навредливи зборови.Бацилиус имаш јавна опомена.Сите што ќе вратат со тој тон,ќе влезат во неговата група.
 
постојат многу луѓе што живеат по градови (поголеми населени места) ама се тешки сељаци, а има многу момци и девојки кои живеат на село па се по cool од некои ''граѓани''. така да не мора да значи дека ако е од село е ''сељак''.
токму тоа што јас сакав да го кажам. има луѓе од село што се `пограѓани` отколку некои што живеат по градовите:toe:
 
Колку и да е убава и бистра,сепак ке ја викаат`селанката`а него ке го викаат `селски зет`.Е тоа може и да потрае некое време па ке им помине,сите чуда траат 3дена,нели?
А за друштвото мислам дека е доволно еднаш да се каже дека му пречи да го зафркаваат за неговата женска,ама озбилно и малку налутено ако се другари ке сфатат ако не ,не му ни требаат другари само за сеир.
Разлики точно дека има ,ништо страшно ако постои љубов,ке се навикнат еден на друг,па и селаните се луге,зар не?
 
Смирете ги страстите,употребувате и доза на навредливи зборови.Бацилиус имаш јавна опомена.Сите што ќе вратат со тој тон,ќе влезат во неговата група.

Мое јавно извинување, што наместо да употребам „тие што не сакаат да ги прочитаат моите(нашите) постови како што треба„ го употребив терминот „слепи“ и терминот „тие што ги мрзи да ги прочитаат моите (нашите) постови како што треба„ го заменив со терминот „неписмените“.

А вие слободно продолжете да живеете со предрасудите дека сите израснати во град гледаат на другите како на необразовани провинцијалци, и дека сите израснати на село или помал град гледаат на тие од долемите градови односно помалите градови како на арогантни снобови.

Вештице тоа во врска со односот од страна на пријателите во однос на партнерот ако е од село веќеќ го елаборирав во првиот пост, ако не те мрзеше или ако сакаше да ги прочиташ моите постови немаше да го напишеше постот.
 
Точно е дека има разлика помеѓу добри и лоши домаќинки, ама поделбата помеѓу домаќинлукот на село и во град односно помал односно голем град сепак игра многу важна улога. Имено бидејќи жената обично се бави со домашната економија и временски менаџмент во домот многу игра улога од каде ги научила дадените способности. Имено домашната економија и временски менаџмент во домот значително се разликуваат помеѓу домаќинствата на село, домаќинствата во помалите градови и домаќинствата во поголемите градови. Во детали не би навлегувал бидејќи навистина има многу работи кои драстично се разликуваат помеѓу село, помал град и голем град , како и решенијата за одредени проблеми драстично варираат во зависност од местот наживеење, односно село, помал град односно поголем град.

Во право си, но сепак би рекол дека твоето видување на работите сепак се сведува на добра и лоша домаќинка. Така и менаџирањето со домот во село, помал или поголем град се сведува на способноста на домаќинката да се справи со конкретниве случаи. Домаќинка која сака да биде домаќинка мислам дека ќе се справи во сите случаи, т.е ако е од село и дојде во град и обратно. Суштината е во спосбноста и желбата, а со тоа и епитетот добра или лоша домаќинка.
 
Е да си ми жив и здрав, да се зборува за автентично градско население е по малку тешко во Македонија, но 1.мислам дека особено во другите градови, кои не се Скопје ова население постои и ги има оние градски манири барем кај повозрасната генерација која пак е столчена од напливот на младите со изместени сфаќања за култура и градско однесување а пак тоа директно подбуцнато и индиректно поддржано од катастрофалната економска ситуација.

Добро, на страна тоа, во врска со темата, сеуште... луѓето од руралните средини имаат поинакви сфаќања за уживање, имаат поинакви желби и поинакви навики. И тука нема ништо лошо кај едните или кај другите, едноставно така е. 2.Да бараме дали е подобро да си од село или од град е идиотски, ама да ми кажете дека тие две одат заедно без проблем, мислам дека не е исправно.

1.Така е не тврдам дека немаме автентично градско население, туку тоа е загушено од наглото населување на граѓаните од руралните средини и не доаѓа до израз т.е. оние кои се населуваат во градовите не ги примаат нивните градски навики и манири, туку бидејќи тие се во поголем број и со себе ги носат сите свои навики, било добри или лоши, така што доаѓа до изместување на карактеристиките и одликите на градското население мешајќи ги градските и навиките на граѓаните што доаѓаат од руралните средини, а како „нус“ појава се создава една нова карактеристика „сељак“ .
2.Околу второто болдирано, не цениме дали е подобро да си од град или село, едноставно му помагаме конкретно на момчето кое е во недвоумица дали е подобро да има девојче од село. Инаку потполно се сложувам со твоето размислување:smir:
 
Селанка гризиделанка, граѓанка лиживаганка :pos::pos::pos:.
Од селско интелегентно моме можи човек многу да научи. Еве на пример светска криза има и сите големи супермаркети и продавници се затвораат, тие што се од село знаат сами како да си произведат храна, овие од град ќе умрат од глад бидејќи мислат дека храната доаѓа од супермаркет( во нив делумно спаѓам и јас) :icon_lol:.
 
Dobro luge.Prvo pocnuvate tema sto ja dava tip sto nema ni 15god.Ne diskriminiram tuku muabetot mi e sto na tie godini normalni se takvi razmisluvanja i ismejavanje od vrsnicite poradi NESOZREANOST.Ama nemozam da gi sfatam postarive sto tolku se zapnale za takva banalna rabota. Jas koga se zaljubiv vo decko mi voopsto ne razmisluvav za toa deka e od selo.Nitu pa ke razmisluvam.Lici na sekoj normalen od grad a i ima 100 pati bolje ponasanje.Iskreno eve sega prv pat i mi tekna deka on e od selo. Znaci nikoj ne ni dava pravo da im sudime na lugeto spored toa od kade se. Pa i stvarno ima poveke seljaci niz grad odkolku tie vo selo(sekoja cest na isklucoci:) ima i tamu selani:)
A koga se zbori za idninata mozda e i podobro.Imas sansi da bides i vo grad i selo. Koga kako ke ti se prisaka.Ke imas moznost i za bucava i za mir.
 
Луѓееее ми се бендисува едно моме многу али од село е ... Инаку типкава е паметна,убава,фина..Се запознавме преку сестрами и нејзиниот братучед. Коа се запознавме се гледаше дека и оставив добар впечаток.. али мене ми е тоа шо е од село!! Ке ми се смеат бе . шо да правам!?
финтата е тоа шо секогаш викам. Никогаш нема да фанам девојка од село
Мислењето на ова момче мислам дека не вреди ни еден грош. Постојат такви тези и тенденции или за мене дискриминација и во главите на многу други на релација град-село или поголем град-помал град (погоре од вас споменати), но истите размислувања постојат и во самото Скопје. Без навреда но доста лица од центар, аеродром, тафталиџе.. имаат слични размислувања кон лицата од бутел, чаир, ѓорче петров... Можда некој ќе се најде во ова, можда ќе негира, но тоа е реалноста. Прост пример-дојде еден чиче да работи кај нас, од Капиштец бил. Ја му велам од Бутел сум, се намршти некако и уз муабет почна да збори као фина населба Капиштец префинет народ, а бутелчани живееле како во село, тоа не било Скопје и слично. Едно го прашав, од учтивост како кон постар-дали се фини и со кесите кога ги џиткаат од тераса и кога мочаат у лифт? Аман бе, искомплексираност што е тоа? Чичето повеќе за мене не постои. период.

Откако се преселив во бутел-од основно наваму едни исти размислувања слушам. Не ме вреѓа тоа, отрпнав, само покажува каква сељачаана може да се најде меѓу скопјани.
Тоа се длабоко во себе несигурни, полни со комплекси типови, а лекот го бараат во омаловажување на друг. Ова е слично на темата за скопје и скопјани
и останати градови, каде искажав ист став.

Ако отидов предалеку Леандра со примериве или со офтопик се извинувам, но ми дојде :smir:.
 
Сега ќе ви дадам еден пример во врска со темава.
Одиме со екипава во некој кафич во некое село,само што сме седнале на маса, за 2мин си наоѓаме девојче од селото...
И идат екипава со секири ќе не тепаат,:vozbud:сме им ги земале девојчињата кои ги сакале 2 години.:shok: Па добро бе мајке му, јас ли сум им крив што не можат да ги фатат толку време...
ФАкт е дека женски од село, сањаат за дечко од град.
Ако им попуштиш, на глава после ќе ти се качат, ќе почнат да глумат кремки и слични срања....а ќе заборават на она какви беа до вчера.


Во вркса со темава... ако девојчето ми се свиѓа, е мој тип, културно, фино, би ја прифатил исто како да е од град а за тоа дали ќе ме шибаат другите или не - ИЧ К*Р НЕ МИ ЧУРИ... Не се замарам кој што ќе зборува за мене !

АКо ми се свиѓа ке си ја фатам , без разлика што е од село ....:helou:
Плус вредна е, знае се живо и диво да готви а и ќе издржи повеќе серии..:vozbud::vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom