Бугарскиот јазик не е тогаш стандардизиран, во 1945 г. е спроведена реформа на правописот, ако не ти е јасно што точно е реформирано - да ти изјаснам.
А инаку види го комунистичкиот весник „Македонско дело“. Уште во 1930 година македонските комунисти пишувале со правописот, кој е воведен во бугарија 1945.
После Втора Светска војна е извршена реформата каде влагаат букви од чисто Руско потекло.
Во 19от век се уште не постои јасна и формализирана разлика меѓу македонските и бугарските словенски дијалекти,т.е. ниту бугарскиот ниту македонскиот литературен јазик не се утврдени.
Во Македонија тоа било невозможно бидејќи не била слободна ниту имала можност да отвара свои школи и да врши едукација.
Но затоа Бугарската егзархија, како и Србите и Грците отвараат свои школи преку кои се обидуваат да ги асимилираат Македонците.
На Бугарите ова им било троа полесно поради заедничките карактеристики на јазикот и поради тоа што голем број Македонска емиграција се школувала во Бугарија.
Но, апсолутно ништо од тоа не ги прави Бугари, ниту еден од нив. Истото важи и за оние кои паднале под Српско и Грчко влијание.
Можеме да збориме за јазично асимилирани или национализирани луѓе, но никако неможе да им се придава поинаков етнички карактер.
Впрочем, Македонија е слободна денес и секоја дискусија со акцент на 19-20 век кога се вршеле пропагандите е апсурдна, бидејќи не ја изразува реалната слика ниту го претставува македонското видување.
Доколку Македонците се чувствувале како Бугари, ќе ги величеле Хановите, ќе ги опевале Татарите итн. но акцентирајќи посебно на 19 и почетокот на 20 век, во свеста на Македонците опстојувале Александар Македонски, Филип 2, Крале Марко и сл.
Сведоштво за овие спомени дал рускиот истакнат деец
Виктор Григорович.
Во врска со импресиите од неговата посета на Македонија во 1844-1845 година тој запишал:
"
Во сите краишта што ги посетив, јас немам чуено други имиња освен имињата на Александар Велики и на Марко Крале. И едниот и другиот живеат во спомените на народот... Споменот за Александар Велики сепак е повеќе утврден кај народот."
Босанско-српскиот запишувач на македонски народни умотворби и обичаи,
Стефан Верковиќ, познато е дека престојувал во Македонија повеќе години во средината на 19. век.
Тој признава дека бил многу изненаден кога во Македонија открил народни песни за личности од античка Македонија. Дури овие песни тој ги прогласил како свое најголемо откритие.
Во едно свое писмо Верковиќ сведочи: "
Ова премногу важно и ненадејно откритие се случи во првата четвртина на 1865 година.
Тоа беше една мала песна за Александар Велики, царот Македонски.“
Повеќе на:
ДОМАШНИ И СТРАНСКИ СВЕДОШТВА ЗА ДЕКЛАРИРАЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД 18 И 19 ВЕК КАКО ПОТОМЦИ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ
Затоа поштедете не од вашите збунети пропагандни апсурди и искористете го животов за нешто поубаво, вашата работа овде нема повеќе плодна почва. :smir: