Патосоциологија

  • Креатор на темата Креатор на темата Amnaesiac
  • Време на започнување Време на започнување
Не мислев да ја сведам работава на нашиве партии леви или десни, туку општо зборам за менталитетот. Она што ми смета е дека кај младите нема бунтовност, желби за промена и и има недоволен критички дух.

Е сега убаво објасни МКЕУпатриот погоре зошто некои работи кај нас се такви какви што се.
Младите сфатија дека СДСМ не носат промени и затоа денес не знам дали воопшто им постои таа унијата или како им се вика подмладокот. Како на пример еден 18 или 20 годишен би гласал за тито петковски, кој е мислам во сите парламентарни состави како пратеник. Така да се сложувам дека вмро дпмне понудија некои промени оти пред тоа беа присутни се исти ликови и разбирам дека заради тоа многу млади се свртија кон нив.

Во првиот пост напишав психолози, требаше да стои социолози.
Инаку сакале да признаеме или не светот ваков како што е не чини и човештвото е автодеструктивно, па иднината е во ај да не употребувам изрази леви десни туку е во реформатори на постојните односи.
 
сакам да укажам на нешто многу значајно

мислам дека никаде во светот младината не е на страната на десницата. тоа само се дешава во држави изгубени во просторот и времето.

ја никако не можам да сфатам како некој тинејџер од 18 или 19 години може да биде за десница. зошто на ова не реагираат психолозите во македонија. државата со ваква младина оди во пропаст. уште почудно кога главно четиво на умс на дпмне им се колумните на фрчко. гледам многу добро ги изанализирале, цел вокабулар напамет го знаат.

оооооо луѓе читајте литература или барем учете за испити

psiholozite treba da ragiraat za necija politicka simpatija ili opredelba??????, a najstrasno e toa sto vikas deka treba da reagiraat deka se odredeni za ``desnica`` , a ako se odredeni za ``levica`` togas toa spored tebe e normalno i za pozdravuvanje????

razbudeniot nacionalen duh...toa e odgovorot btw.``levicata`` kon nego imaapaticen a vo nekoi slucai i negatarsko stav.
 
Од една проста причина поголемиот дел од младината се десничари,првата љубов никогаш не се заборава :drk::drk::drk::drk:.
Денешната младина е иѕгубена во времето и во просторот,тие самите не знаат кај се,изгубени се во времето и во просторот а сето тоа е од тие мочани избори,тие наместо да учат и да се иѕградуваат тие по цел ден седат по штабовите,лепат плакати...
Бог нека им е на помош...
od tvoevo pisano na tastatra na tastatura do na gospod CPU-amin
 
Значи ако сум различен и ако имам друго гледиште на светот, јас сум смет?
Така?
ЛоЛ:tv:
 
Значи ако сум различен и ако имам друго гледиште на светот, јас сум смет?
Така?
ЛоЛ:tv:

НЕ. Објаснив јас во вториот пост што мислев, бидејќи откако го прочитав првиот пак, увидов дека може да се интерпретира на друг начин што не ми беше намерата.

ова важи и за огледало, кога реков психолози мислев социјални психолози а не психолози терапеути. затоа реков подобро ќе беше да стоеше социолози. значи би сакал да прочитам социолошка студија за оваа состојба. нормално такво нешто не се очекува на форумот, но ме интересираа мислења. Не сум будала па да тврдам дека некој кој не се согласува со мене е будала.

и еве на пример и огледало и мкеупатриот и атом ант и штулич дадоа за мене издржани мислења зошто е тоа така, и некои други, сега можеби заробавив сите да ги спомнам ама тоа е.
 
Се работи за глобални случувања, не за ситуација карактеристична исклучиво за Македонија, т.е светскиот поредок е конструиран така да веднаш ги маргинализира и банализира сите обиди за негова промена.
И тука не станува збор за левица или десница. Таквата поделба одамна изумре, па декларативната левица воопшто не е носител на револуцијата и авангардата.

Имено, доминантниот капитализам и либерализмот го амротизираат секој бунт, секој не-комформизам, итн. Потрошувачкото глобално село нуди илузија на слобода, прокламирајќи го својот таканаречен индивидуализам, кој од старт ги пресекува сите обиди за бунт.
И тоа не преку рестрикција и насилни методи, туку многу поперфидно...Ја убива потребата кај поединецот да смени нешто.

И затоа што спомена либералност...Да ја земеме Америка ко пример за земја што е либерална...Дали сметаш дека во неа постои свесност и желба за промена? Дали во неа има критична маса која сериозно би ги раздрмала темелите на општественото уредување?

Се на се, ова е исклучително комплексна тема, за која во кратки црти може да се заклучи дека левица и десница, нема...Дека левицата, каква што е денеска, не е носител на промени, и дека ситуацијава се однесува на светски поредок, а во никој случај на Македонија, екслузивно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom