- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 211
- Поени од реакции
- 12
На повидок е силна десничарско консолидирање на албанската десница во Македонија.
За неполна година од владеењето на ДУИ албанската десница во Македонија оживува.
Оставени без никаква надеж и верба во постоечките албански партии по конфликтот од 2001 албанците масовно ги подржаа војниците на УЧК и партизанската партија ДУИ. ДПА само што не апстенираше формално во изборите 2002, ја оставија партизанската партија на Ахмети да се покаже и докаже. Ама заради тоа што се партизани беа членовите од ДУИ им требаа и интелектуалци па ги поканија левите(со гуштерска насмевка) од ПДП да ги заземат политичките функции.
Во 2006 пак освоија мнозинство од гласовите на албанското избирачко тело, беа фамозни, сето тоа што не го постигнаа ПДП и ДПА за 12 год тие го постигнаа за 4год.
Влегувањето на ДПА во власта во 2006 беше политичко самоубиство на Тачи бидејќи заедно со неговиот предходник Џафери не победија на ниту едни избори за време на цело постоење на ДПА а во 2008 жедни за власт со држење во заложниство на албанската десница ја изрежираа изборната касапхана, најсрамниот и најбедниот чин на сите овие години кои ги живееме во демократија.
2009, година на освестување. Селмани не гледа друг начин на уривање од власта на двојката Џафери-Тачи освен создавање на нова партија и успеа, 80% од членството на ДПА преминаа во НД значи се промени единствено името на партијата и раководството. Во Гостивар партизаните на Ахмети губат сигурно од Руфи Османи кој веќе спрема нова партија, десничарска се разбира.
Под претпоставка дека Селмани ќе добие некои општини во Скопје и Куманово, во Тетово е неизвесно помеѓу ДПА/НД- ДУИ, во Гостивар сигурна победа на Османи и Селмани со највисок рејтинг од албанците претседателски кандидати на владејачката ДУИ ќе и останат Зајас, Дебар и неизвесната Струга. Тоа е силен удар богами.
По изборите со основањето на партијата, верувам дека Руфи Османи ќе успее да ја обедини албаснската десница.
Време е и Ахмети како и сите други да сфати дека кога е во прашање албанскиот национален интерес нема компромис, спремни сме да живееме со сите други народи во државата сложно,обединети,без предрасуди со взаемно почитување и волја за соживот но албанските национални интереси се над секој компромис и политички договор.
Да бидам појасен, Ахмети треба да застане и да размисли дали уште еднаш ќе застане позади кој било премиер кој ќе изјави дека албанците ни на сон нема да го доживеат албанскиот јазик рамноправен со македонскиот јазик.