ПРОПАДНА УШТЕ ЕДНА СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Токму тоа е главната “стапица“ на која се фатија ДПМНЕ-овциве кога ги спопадна власт неподготвени.Странските инвестиции како поим беа измислени од мороните на СДСМ за да го залажат народот дека мислат за неговата иднина и просперитет а ДПМНЕ само си скокна во тафче,па неговото раководство со фенерче побара Македонски странци,таканаречени “експерти“ за привлекување на странски инвестиции.Составот беше и остана чудесен до ден денес какви што се и резултатите од нивниот скап ангажман.Во владата станаа министри дечки менаџери за техно забави,фотографи аматери и по некој самонаречен плејбој.Од инвестиции ни трага ни глас освен неколку промашени обиди кој практично повеќе се владини инвестиции одколку што можат да се наречат странски,кој згора на се работат со позитивна нула или со фрапантни загуби за една година како Шведмилк.:toe:

Веројатне нема да чекаат да им се случи уште нешто , па ќе превземат конкретни чекори за менување на сценариото и концептот на приказните, за да не доаѓа до мешање на крајот.:toe: Времетосега за сега работи во нивна корист, па треба озбилно да го проценат и да почнат да го ценат.
 
Се препозна лично некаде??
Или..грешка??
:pipi:

не не се препознав.ама стварно темата е друга,а ти упорно...туку ај заеби тоа.

стварно е жално шо сите граѓани мораат да страдат заради нечие субјективно расположение.80000 евра изгледа некој на музика фрла,а не му се игра.голем газда.
 
Првиот човек на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо, најави дека од утре ќе истражува зошто заминале инвеститорите од Куманово и што всушности стои зад нивното повлекување.:tapp::tapp::tapp::tapp:

А до сега што правеше првиот човек за странски инвестиции???:kesa:
Чекаше да си заминат,па да провери зошто се повлекуваат:tapp::tapp::nesvest:

А викаат дека Мизо организирал неколку добри техно-забави во САД,или барем учествувал како втор помошник на коорганизаторот.Всушност можеби и ќе научи зошто Турците му ја “киднале“.Абе господ да чува и да брани.:pop:
 
Веројатне нема да чекаат да им се случи уште нешто , па ќе превземат конкретни чекори за менување на сценариото и концептот на приказните, за да не доаѓа до мешање на крајот.:toe: Времетосега за сега работи во нивна корист, па треба озбилно да го проценат и да почнат да го ценат.

Нема тука чекање или нечекање,времето лета,прегазува за момент особено во ваква кризна економска состојба,практично рецесија.Требаше да се смени тимот,за што се нема мадиња,оти некои од истиот тим премногу вложиле за да станат составен дел во истиот,иако сите гледаме дека се некадарни за економија,па само потрошиле по некое евро од парите на нивните родители за малку повеќе да ги дуплираат или да ги умножат,а при тоа да ќарат министерска слава која никогаш во својот живот не ни помислиле дека ќе ја имаат.Тоа е лесно да го работиш доколку државата не е доведена пред колапс,со 40% невработеност,со комуњарски закони и со разграбани фирми делумно и од чии пари и практично беше финансирана оваа актуелна политичка гарнитура за да се добере до власт,на што лесно се “напалија“ голем број Македонци заебани во транзицијата и лошо спроведената приватизација на веќе “провалените“ и експонирани СДСМ,помислуваќи дека ДПМНЕ овојпат дојде на власт стихијно,без некој да вложи украдени пари од народот.
Па и самиот знаеш дека таткото на Самак беше долгогодишен директор на 11 Октомври,воена фабрика баш во времето на конфликтите во поранешна Југославија кога се бараше “зоља“ повеќе и кога не се знаеше ни кој јаде ни кој пие.И самиот знаеш дека и други министри на владава всушност се деца на поранешни директори комуњари со скорни,кој како “експерти“ имаат добро платени прошетки по Грција,САД или ЕУ,за да стигнат овде и да ни продаваат бубрези за мадиња дека ќе привлекле инвестиции со нивните купени дипломи по Амерички колеџи.Кај инвеститорите ама оние вистинските,такви финти не палат баш многу.Кога јас одев во Шише-Џам да преговарам и да станам ексклузивен застапник на фирмата пред 7-8 години на пример,Турските газди се интересираа до 3то колено што работеле моите родители па и нивните пред тоа.Мислиш ли сега дека ќе инвестираат нешто пред да го испитаат добро теренот?Пред да дадат пари 10 пати ќе проверат колку успех имале оние со кој и 100 пати ќе потпишуваат мерандуми за разбирање или преддоговори,ама нема да дадат ни грош,додека не намирисаат профит,кој оваа влада нема капацитет и едукација да им го обезбеди.:toe:
 
и ја сум од Куманово и ја првпат слушам за ова,а не верувам дека и некој уопште е чул. Бтв у Куманово градоначалник е од Сдсм,затоа до сега Куманово е најзапоставен од сите градови од сегашната власт,така да не ми се верува за ова.
 
Еве ти линк http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=35859&kategorija=2 па види кога била отворена фабриката
 
Нема тука чекање или нечекање,времето лета,прегазува за момент особено во ваква кризна економска состојба,практично рецесија.Требаше да се смени тимот,за што се нема мадиња,оти некои од истиот тим премногу вложиле за да станат составен дел во истиот,иако сите гледаме дека се некадарни за економија,па само потрошиле по некое евро од парите на нивните родители за малку повеќе да ги дуплираат или да ги умножат,а при тоа да ќарат министерска слава која никогаш во својот живот не ни помислиле дека ќе ја имаат.Тоа е лесно да го работиш доколку државата не е доведена пред колапс,со 40% невработеност,со комуњарски закони и со разграбани фирми делумно и од чии пари и практично беше финансирана оваа актуелна политичка гарнитура за да се добере до власт,на што лесно се “напалија“ голем број Македонци заебани во транзицијата и лошо спроведената приватизација на веќе “провалените“ и експонирани СДСМ,помислуваќи дека ДПМНЕ овојпат дојде на власт стихијно,без некој да вложи украдени пари од народот.
Па и самиот знаеш дека таткото на Самак беше долгогодишен директор на 11 Октомври,воена фабрика баш во времето на конфликтите во поранешна Југославија кога се бараше “зоља“ повеќе и кога не се знаеше ни кој јаде ни кој пие.И самиот знаеш дека и други министри на владава всушност се деца на поранешни директори комуњари со скорни,кој како “експерти“ имаат добро платени прошетки по Грција,САД или ЕУ,за да стигнат овде и да ни продаваат бубрези за мадиња дека ќе привлекле инвестиции со нивните купени дипломи по Амерички колеџи.Кај инвеститорите ама оние вистинските,такви финти не палат баш многу.Кога јас одев во Шише-Џам да преговарам и да станам ексклузивен застапник на фирмата пред 7-8 години на пример,Турските газди се интересираа до 3то колено што работеле моите родители па и нивните пред тоа.Мислиш ли сега дека ќе инвестираат нешто пред да го испитаат добро теренот?Пред да дадат пари 10 пати ќе проверат колку успех имале оние со кој и 100 пати ќе потпишуваат мерандуми за разбирање или преддоговори,ама нема да дадат ни грош,додека не намирисаат профит,кој оваа влада нема капацитет и едукација да им го обезбеди.:toe:

Мислејќи на поголемиот дел од мандатот на оваа влада реков дека имаат време да направат нешто повеќе. Што се однесува до педигрето на децата и нивните татковци, точно е некои „добри навики“ се превземаат од претходните гарнитури затоа што така се поставени „нормите“. А народот? Секогаш народот ќе биде крив зошто тој одлучува, со 51% колку и да е сурово не треба да се потценува народот. Во даден момент, реагира така како што ќе биде убеден. За инвестициите си во право. Јас секогаш кога некому објаснувам зошто приватниот бизнис бара квалитет велам: Замислете си, повикувате луѓе кај вас дома на некаква помош. А кого ќе повикаш? Ќе повикаш луѓе за кои си сигурен дека ќе дојдат навистина да ти помагаат за да завршиш работа, а не луѓе што ќе денгубат и ќе продаваат зелени. Така е и со инвестициите (впрочем и ти објасни убаво). Сепак од самата ситуација мислам дека владата гори по секоја цена да доведе инвестиции и тука ја утнува работата. Затоа велам со негативните примери на инвестиција и временскиот рок на мандатот што им преостанува имаат шанса да седнат брзо и да ги согледаат сите можности, негативни и позитивни. Не затоа што треба да си го држат рејтингот, туку затоа што три преостанати години од мандатот исполнет со гршки ќе биде уште товар на товарот што ни се натрупа во транзиционите години, како што некои милуваат да ни кажат за годините на „Големата пљачка на народот спроведена во изминативе дваесетина години“.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom