Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
- Возраст
- 39
Турско-германската компанија ИСТЕФ која во Куманово требаше да произведува резервни автомобилски делови за извоз во Германија, остана само спомен од последниот работен ден на Ташковиќ како министер за привлекување на странски инвестции во првиот кабинет на Груевски. Денес од свеченото сечење на црвената лента, во Куманово останаа само пропаднати надежи за 40-тина вработувања, за скоро половина милион евра странски капитал и за дополнителни инвестиции во ширење на бизнисот.
ИСТЕФ згасна само неколку месеци по отварањето, а зад инвеститорите останаа и 80-тина илјади евра долгови за обезбедените инфраструктурни услови и реална слика за ефектите од некои странски инвестиции во земјата.
Денеска овде нема работници, ги нема ниту турските газди а сопствениците на објектот не дозволија ниту приближување до фабриката.
Изостана и ветеното објаснување од Турските газди за причините за престанок на работата. Упатија порака преку сопственикот на објектот што го имаа закупено за фабриката дека не сакаат да коментираат ниту за запирањето на инвестицијата ниту за направените долгови.
За ваквиот епилог на оптимистички промовираната странска инвестиција премолча и министерот за странски инвестиции Веле Самак. Првиот човек на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо, најави дека од утре ќе истражува зошто заминале инвеститорите од Куманово и што всушности стои зад нивното повлекување.
извор:http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=2&eventId=6149