- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 211
- Поени од реакции
- 12
Океј, и малите деца знаат дека се потребни фабрики за да се вработат луѓето, но прашањето е како? Така да, ова не е некоја еурека : )
Посебно, во времиња кога фабриките не се во државна сопственост, туку во приватна. Тоа е проблемот : )
И како претседател со неговите ингеренции ќе овозможи отварање на фабрики? : )
Oсвен, ако не мисли да стане втор Хуго Чавез, Тито, или Ево Моралес : )
Има ингеренции претседателот да отвори фабрики. Ја претставува земјата во странство, лобира да се инвестира тука бидејќи ние имаме безбедносно сигурна држава,стабилна еконмија, стабилна политичка клима ама сето ова во случај да кога ќе не посети некој странски лидер на држава или пак инвеститор да не види дека во државава има 400 000 невработени кои по претпоставка би работеле за 200 еур а вистината е дека работат за 400еур ама на црно, да не помисли дека државава има најмали даноци ама се рекетираат парите за даноците во приватни сметки на власта, да не видат и тоа дека во државава се победува на избори со абсурдни кампањи,полнење кутии,со оружје и со уценување на граѓаните, да не види дека дололку не биде испочитувана волјата на некоја политичка партија може да ндостави 2000 амандмани во парламентот па две години да се расправа за еден закон,да не види дека доколку земјава не стане членка на НАТО одредена политичка партија предвидува дека дел од граѓаните ќе се кренат во востание, да не видат дека кога да му текне некому може да наоружи 20-тина борци и да се противи на уставниот поредок.
Затоа е потребна кохезија помеѓу институциите, тие треба да придонесат заедно да имаме добра политичка клима, стабилна економијата со прецизни статистики и економска политика во соработка со ММФ и Светска Банка, треба да придонесат да функсионира правната држава и да се борат против корупцијата. Коѓа ќе се исполнат овие услови некој странски лидер радо би не посетил и заедно со претседателот ќе лобираат да се инвестира во државава.