Разврска на најголемата финансиска проневера на Вол Стрит ?

  • Креатор на темата Креатор на темата slobbo
  • Време на започнување Време на започнување

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Директор на Насдак „здиплил“ 50 милијарди долари

Поранешниот претседател на њујоршката електронска берза, Насдак, Бернард Мадоф е уапсен за измама со обврзници преку финансиска пирамида, во која се изгубени 50 милијарди долари.70-годишниот Мадоф, еден од најугледните брокери на Вол Стрит водел и консултантски бизнис, одвоен од неговата брокерска куќа Бернард Л. Мадоф Инвестмент Секјуритис. Мадоф е пуштен од судот со гаранција од 10 милиони долари
Според министерството за правда, Мадоф изјавил дека консултантската работа била измама, оти „е готов“ и нема „апсолутно ништо“, како и тоа дека всушност станува збор за финансиска пирамида, во која се изгубени 50 милијарди долари.


Мадоф ја призна вината

Американскиот финансиер Бернард Мадоф ја призна вината пред судот во Њујорк за гигантската измама од 65 милијарди долари, пренесуваат агенциите.Мадоф се прогласи за “виновен“ на прашањето од федералниот судија да се произнесе за 11 точки од обвинителниот акт.
Поранешниот претседател на советот на директори на американските фондови Насдак, може да добие доживотна казна затвор.
Судот треба да реши дали Мадоф може да остане во домашен притвор, во својот луксузен апартман на Менхетн, или треба да биде испратен во затвор до објавување на пресудата.


Оваа до сега се смета за најголема финансиска пирамида на Вол Стрит, а и во светски рамки. Јас нај искрено сум чудоневиден зошто беа дадени некој информации во медиумите дека иако Мадоф ја признал целата проневера, тој толку добро си ја завршил работата што судот имал докази за проневера само на 1 милијарда долари.
Секој чест за Мадоф зошто сметам дека со оваа превара им го дотера до некаде умот на најголемите капиталисти и сметам дека ваков човек дека слободно заслужува министерско место, а не затвор :)
 
Si ja znael covekot rabotata......:toe:
50 milijardi...... 3 pati go procitav tekstot..... dal gresam ili ne!
Breeej. :tv:
 
Нека му ја мислат „Татовци“ жртвите на Мадоф. :toe:
 
Si ja znael covekot rabotata......:toe:
50 milijardi...... 3 pati go procitav tekstot..... dal gresam ili ne!
Breeej. :tv:
првично беше објавено дека се 50 милијарди, но после тоа беше објавено дека се 65 :vozbud:
 
првично беше објавено дека се 50 милијарди, но после тоа беше објавено дека се 65 :vozbud:
Човекот ја осигура иднината на 1000 поколенија и во затвор ќе го гледаат како бог. И само една милијарда можат да му одземат бидејќи само за толку имаат докази друго се е "шпекулација":salut:И кој би можел да го направи ова ако не паметен евреин.
 
Незнам шо да кажам за вества...
Да го осудам чоеков можда требит бидејки крадел...ама секоја му чест што тоа го извел така лагано..

Ај ве молам ако налетате на некоја нова информација за темава , некој куриозитет да постирате, баш ме интересира како ја изведувал проневерава :)
 
Зборот КРАДЕЛ мислам дека не е соодветен...тој само на еден НЕКОНВЕНЦИОНАЛЕН начин претурил 65 милијарди од едни џебови во други, нормално прашината од парите која му се лепела на прсти направила нешто кеш и за него...и нормално лагоден и богат живот на врвот на некој облакодер :)
65 милијарди НЕ МОЖАТ да се УКРАДАТ, можат само да се завртат, а секое такво вртење...индуцира нови пари.....проблемот овде е што тоа вртелешката била мааалку погрешно конструирана...па СЕ СКРШИЛА...:)
 
Човекот ја осигура иднината на 1000 поколенија и во затвор ќе го гледаат како бог. И само една милијарда можат да му одземат бидејќи само за толку имаат докази друго се е "шпекулација":salut:И кој би можел да го направи ова ако не паметен евреин.
Ја осигура иднината на 1000 поколенија, ама им го затвори животот на многу луѓе. Поради неговиот криминален акт, во иднина ќе се изнагледаме убиства и самоубиства на оштетените.
За во затвор не знам или ќе биди како Бог, или ќе го стават во ќелија со многу убав цимер кој што ќе има убави мисли за него секое утро и секоја вечер :hump::hump::hump::hump:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom