SuicideMessiah
Советник
- Член од
- 7 јули 2008
- Мислења
- 5.575
- Поени од реакции
- 295
На претседателските кандидати Ѓорѓи Иванов на Нано Ружин им преседна појадокот во Тетово. Резил пукна невиден. Ако не ме лаже усетот, ќе има овде работа и за ОДИХР.
Видовте ли што лупна Ѓоле? Откако Нано го нарекол губитник, Ѓоле јавно обелодени дека ги замолил своите студенти да му помогнат на Ружин да ги собере потребните потписи за претседателската кандидатура.
„Човекот сепак е поранешен амбасадор, политичар. На што ќе личеше тоа да не ги собере потписите, да го исмејуваат?”, изјави Иванов директно во камера.
Ауууу… А кога само ќе се сетам како Нано сервилно го тинтраше Ѓолета на првата дебата на Телма, на тие искри на меѓусебна благонаклонетост на кандидатите од „легендарно Валандово”. И уште кога ќе се сетам на упорноста и внимателноста со која кандидатот на ЛДП ја градеше симетријата во критиките на двете страни - малку на вмровската, малку на сдсмовската…
Нано остана без зборови. Премолча, онака европски. А Ѓоле, пак, осилен, отвори уста. Им се пожали на новинарите дека бил разочаран од целата кампања -никој друг кандидат немал концепт и платформа, сите чекале од неговите изјави да направат драма.
„Чекаат од мене да кажам некој бисер, ете како тоа со космодиск, или сега со клетвите, па за тоа да се зборува цело време”, изјави Иванов.
Замислете! А Ѓоле наш, пустиот, непресушен извор на бисери. Ги рони од рака, ко Саи Баба.
Во целата оваа комендија, најсветлиот лик засега е брат Љубе Бошковски. Можеби има вистините дека според последните анкети тој најмногу печали и веќе му дише во врат на Ѓолета. Сега и на вмровците им е јасно - Грујо го утна кандидатот, дефинитивно!