КиреМали 1911
Модератор Неимар
- Член од
- 23 јуни 2007
- Мислења
- 1.313
- Поени од реакции
- 223
- Возраст
- 39
во Кавадарци,јбг едно до друго се:smir:
и да,сето ова е за сеир фаќање,не за друго,интересно е што војничињава немаат што да искоментираат освен канта или бриши :pos2:
Војничиња си има, де од едната, де од другата страна...ништо ново не е тоа. Дури, толку е старо, шо повеќе не го ни иритира објективниот читател на ваквите теми. Ефтини и плитки теми, кои единствено се разликуваат по насловот и по првиот пост, во кој е објаснета (во подобрите случаи, во некои и не е) прикаската... понатаму, продолжуваат сите исто.
Е таквите темички, и уште повеќе таквите постчиња, предизвикуваат чувство на аверзија на просечниот објективен читател кон главните експонирани политички групи - единствено што тој може да научи од нив, е нивната моќ за измислување на добри и сочни навреди...е добро, и памтењето на гафовите и грешките... а тоа, во најмала рака, е некорисно за никого.
Не, не одам офтопик воопшто. Ќе бидам сфатен, од тие шо сакаат да сфатат. Не барајте гафови за да оцрните некој друг. Барајте реални грешки - несомнено ги имаат двете страни. Но, кога ќе ги пронајдете грешките, и кога за истите ќе отворите тема, коментирајте со вклучен критички ум - верувам дека сите тука го имаме, помалку или повеќе. Коментирајте за темата, и кога давате негативна критика, кажете зошто ја давате, и како ВИЕ би постапиле по истото прашање. Пишувајте смирено, нема потреба од навреди. Со малку поголемо размислување околу се, можеме да се разбереме и на тивко.
Тогаш нема да отвараме вакви теми. И нема да се вреѓаме колку сме партиски војници, или кој од каде е.
Згрешил чоекот. Згрешила и Рада. Згрешил и БЦ, и КГ, и Љубчо. На крај краева, гледајте малку човечки - поставете се вие во нивна кожа во времето кога згрешиле. Или, за нив не постои „фрка период“? Постои...колку и да се за никаде, постои и кај нив, исто како и кај секој друг. Затоа, воопшто не се вредни за коментар ваквите гафови.
Толку од мене. Се надевам дека барем некој ќе ме сфати што сакав да кажам.