Изневерување према себеси...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Дали ви се случило да се чувствувате како се изневерувате самите себе во некоја врска?
Дали сте почувствувале како е да не го добивате она кое што го сакате од врската, а главната причина за тоа, сте самите вие? Кога не е она кое сакате да го имате, а сепак сте тука за да го задржите тоа кое е веќе понудено, знаејќи дека грешката е во вас.
Во ваквите случаеви, дали вие се изневерувате самите себеси како личности, или пак ја изневерувате љубовта помеѓу вас и вашиот партнер?
Дали при искрена љубов може да се јави оваа несигурност и празнина?
 
Често го мешаме она потребното со она што го сакаме.
често се случува некој да остане со некого само за да не е сам, а не дека партнерот му значи.
И многу е тешко да се согледа оваа грешка, која,да, можеме да ја наречеме изневерување на сам себе, а воедно и на партнерот.
За жал, ваквите грешки испливуваат, и колку покасно се случи тоа толку поболно ќе заврши.
 
Дали ви се случило да се чувствувате како се изневерувате самите себе во некоја врска?
Дали сте почувствувале како е да не го добивате она кое што го сакате од врската, а главната причина за тоа, сте самите вие? Кога не е она кое сакате да го имате, а сепак сте тука за да го задржите тоа кое е веќе понудено, знаејќи дека грешката е во вас.
Во ваквите случаеви, дали вие се изневерувате самите себеси како личности, или пак ја изневерувате љубовта помеѓу вас и вашиот партнер?
Дали при искрена љубов може да се јави оваа несигурност и празнина?

ДА ДА и тоа како...Прво јас се чувствував така како да стана се секојдневно и презаситено а многу се сакавме и немав храброст да ја прекинам врската но после некое време ми кажа дека и таа така се чувствувала и преќинавме без никаква посериозна причина а бевме заедно повеќе од две год...И еве до ден денес она ќе сака да се смириме па јас нејќам па после некое време јас ќе сакам па таа нејќе и така си остана....
 
За жал да. На почетокот на бракот, си имав некоја своја замисла, сакав да функционира како што сум замислила јас. Често знаев многу да приговарам за некои работи да бидат по мое, иако условите не го дозволуваа тоа, се додека еден ден, се случи кавга и маж ми ми ги отвори очите. Бев среќна што ја согледав реалноста и сфатив дека не сите фантазии можат да бидат реалност. Сфатив дека јас го кочам успешниот брак, само заради замислите кои излегоа дека се само ситници кои не ми дозволуваа да бидам среќна, а со тоа и маж ми го правев несреќен..Секако не само маж ми, туку и мојата мајка ми ги отвори очите, така да се навратив на трите години пред бракот и сфатив дека не мора ништо да се промени само затоа што званично и на хартија сме во брак. Секогаш може бракот да функционира како и првите денови од врската, а тоа е со пеперутки во стомак. Си ветив дека нема да си се изневерам себе си и маж ми, зашто ако еднаш заглавиш длабоко , продолжуваш само да тонеш. Не велам дека нема да има понатаму денови во кои би се чуствувала заситена, ама не од маж ми туку од околината.
 
Никогаш не се заситив од љубовта кон него и од потребата да бидеме заедно, цели 10 години!!! Тој се засити, но незнаеше изгледа како да ми каже, и сега не сме заедно а јас не ја знам причината за тоа....неможам да го барам а и несакам бидејќи за мене званично е недостапен...:toe:
 
Дали ви се случило да се чувствувате како се изневерувате самите себе во некоја врска?

Не сум се почувствувала дека се изневерувам сама себе, ама сум почувствувала дека сама себе се потиснувам и негирам, што му доаѓа нешто слично.

Дали сте почувствувале како е да не го добивате она кое што го сакате од врската, а главната причина за тоа, сте самите вие?
Да,да...Се случило. Мојата срамежливост, стегнатост, недоволна опуштеност ме спречиле да не го добијам тоа што го сакам од врската, затоа што си ќутам, не зуцнувам што сакам, а нАли никој не може да ми чита мисли мене. Можам да тврдам и дека за крајот од врските голем дел од вината паѓа на мој грб заради горе наведените карактеристики.

Дали при искрена љубов може да се јави оваа несигурност и празнина?
Може, ако таа несигурност е немање самодоверба кај едниот од партнерите, укоченост. Или евентуално на запоставување на врската. Работи кои се средуваат, само треба да се вложи труд и време.
 
Себе си може да се изневериш ако не знаеш што сакаш во животот и ако не си размилси дали тоа што го сакаш во живото е реално и со тоа си ги адаптирал твоите цели во животот кон реалните можности.
 
За човек да може да биде изневерен, треба најнапред да има очекувања и да знае кои се - колку попрецизно ги дефинира, толку подобро.
Понатаму, треба тие очекувања да не се исполнат, за да може да дојде до изневерување на очекувањата.

Тука доаѓа моментот на одлука: дали човекот ќе продолжи понатаму на ист начин и ќе се помири со ситуацијата таква каква што е (т.е. ќе прифати компромис, т.е. ќе ги компромитира своите очекувања) поради некој друг интерес, или ќе превземе некои дејства за да ги оствари своите очекувања и покрај сè, т.е. ќе вложи енергија, време, ресурси итн за да се избори за своите очекувања, без разлика на последиците што тоа може да ги донесе.



Јас лично не знам дали ми се случило да ги изневерам своите очекувања, главно бидејќи секогаш сум бил свесен што правам, а што не правам и за оние работи што ми биле важни секогаш сум знаел што би требало да се направи. Јасно, тоа не е фиксно, бидејќи човек секогаш учи, а јас знам дека меѓучовечките односи ми се послаба страна, па затоа се обидувам да имам пошироки гледишта. Но јасно, имам граници, па ако се преминат, ставам точка.

Се разбира, ова е моментално размислување. Не знам каков е човек во староста, но да даде господ сите да го дознаеме тоа... :helou:
 
Никогаш не се заситив од љубовта кон него и од потребата да бидеме заедно, цели 10 години!!! Тој се засити, но незнаеше изгледа како да ми каже, и сега не сме заедно а јас не ја знам причината за тоа....неможам да го барам а и несакам бидејќи за мене званично е недостапен...:toe:
Ѕверкица па ти си имала прилично "мала" врска.
 
Дали ви се случило да се чувствувате како се изневерувате самите себе во некоја врска?
Дали сте почувствувале како да не го добивате она кое што го сакате од врската, а главната причина за тоа, сте самите вие? Кога не е она кое сакате да го имате, а сепак сте тука за да го задржите тоа кое е веќе понудено, знаејќи дека грешката е во вас.
Во ваквите случаеви, дали вие се изневерувате самите себеси како личности, или пак ја изневерувате љубовта помеѓу вас и вашиот партнер?
Дали при искрена љубов може да се јави оваа несигурност и празнина?
Да во монентов се чуствувам така, празно, не исполнето и тажно. Незнма дали сум јас причината или некој друг.
Да може да се јави истата несигурност и верувам дека секој ја почуствувал.
 
Повеќето мои врски завршувале неславно затоа што не сум била задоволна од она што го имам.
Чудно е што никогаш не почнувам со очекувања, а секогаш завршувам со незадоволство од текот на настаните. Не знам од кај потекнува тоа незадоволство кога никогаш не си правам лажна слика однапред која откако ќе се обистини би ме разочарала, и секогаш приземно ја посматрам другата личност, притоа очекувајќи и однапред знаејќи како ќе заврши приказната со него, при што единствено временскиот фактор е променлива варијабла.

Се изневерувам себеси од моментот кога ќе заклучам дека човекот не ме прави среќна, а сепак, поради некои причини и логички анализи и пресметки сеуште останувам со него, занемарувајќи го фактот дека не ме исполнува.
Проблемот е што тој момент никогаш не е баш момент или нешто што го сфаќаш преку ноќ, туку е нешто што постепено се интензивира и кога најпосле станува толку јасно, неиздржливо и интензивно, ќе ја прекинам врската. Ама тој период на транзиција меѓу забава и монотонија, блаженство и гушење, желба и обврска, љубов и нељубов- тој период уствари го праам баш тоа, се изневерувам себеси, идам против своја воља, пролонгирам, губам време, залажувам, правам се` само за да го одложам доволно долго соочувањето се додека не бидам сигурна дека тоа е тоа. Дека не е само период низ кој се преминува како што секој пат се убедувам, а никогаш не е само период.

...знаејќи дека грешката е во вас.
Ова никогаш не е сигурно.
Да процениш во кој е грешката е слично ко да го бараш одговорот на прашањето за јајцето и кокошката, зошто од различна перспектива различен „виновник“ се добива.

Ако јас не го добивам она што го сакам од врската, во кого е грешката?
Дали во него, затоа што не ги исполнува моите критериуми и очекувања и не одговара на мојот замислен профил на партнер? Дали затоа што не изгледа, не се однесува, не ме третира како што сакам?

Дали во мене, затоа што, како и секогаш, ништо не ме задоволува и имам превисоки критериуми, па трагам по невозможното?

Дали он не може да ми го даде тоа што го сакам, или јас не знам како да го побарам?

Поентата е... Грешката е во различни луѓе секој нареден пат кога ќе ја анализираш ситуацијата. Нема грешка, уствари. Технички да, ама у суштина, вистината е едноставна, ако се бараат грешки, ако не успеало, ако не сме задоволни и не не усреќува, ако не тече ко што сме замислиле- едноставно „не кликнало“. Или шо би рекле некои поклоненици на шпанските сапуници што ги крои наводната судбина: „Не сме створени еден за друг.“

На различна бранова должина сте и тоа е тоа.
 
Mi se slucilo da zgresam i od samiot sebe da se razocaram no ne so neverstvo tuku so nesto nenamerno sto bese storeno ete ne mislev deka tolku ke ja povredi i zatoa se kazniv sebe si znae i sama TE SAKAM OljA eve javno IZVINI :smir: ZNAES DEKA TE SAKAM JUST YOU!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom