Емитуван бесрамен грчки расизам: Членови на грчкиот парламент обвинуваа етнички Македонци - грчки демократи, како и експерт на Обединетите нации, на грчкиот ТВ канал “Алтер“, и покрај коректното однесување на новинарот, г-дин Хардавелас
Лерин - 20 март, 2009
Неодамна беше презентиран кон Советот за Човекови Права, орган на Обединетите Нации, извештајот на г-ѓа МакДугал (независен експерт), во врска со човековите права во Грција, како што се случува за сите земји членови на Организацијата.
Во извештајот се забележува недостатокот на демократија во Грција, што се однесува на непочитувањето на правата на етничките малцинства, заедници, лица, и се опишува состојбата на една земја член на ОН во врска со човековите права.
Грчкото МНР објави соопштение* со кое се оправдува но и го навредува делот на грчките граѓани – членови на етничките малцинства. Соопштението посредно го признава одбивањето да се признае македонското и турското малцинство во Грција и ја невредува со непристојни и неприфатливи епитети Организацијата на Обединетите Нации.
По конкретно, г. Кумуцакос, портпарол на грчкото МНР меѓу друго тврди дека: "нашите ставови се кристално јасни и основани на апсолутното почитување на човековите права, принцип кој важи и за малцинствата и тоа е едно од достигнувањата на современата Грчка Демократија".
Но, "апсолутното почитување" на човековите права предусловува за Грција признавање и почитување и на македонското и на турското малцинство во земјата. Навистина одржувањето и развиванјето на идентитетот на етничките малцинства составува значаен елемент на функционирањето на современите демократски земји. Тоа сепак не се случува во нашата земја.
Исто така грчкото МНР нагласува дека "во нашата земја, секој грчки граѓанин има непрекршливо лично право на самоопределување" и дека "грижата на државата за засилување и заштита на човековите права е трајна и ефикасна".
2.000 Грци, турски државјани, во Истанбул, Имврос и Тенедос, се почитувани и се признаваат како етничко грчко малцинство. Неколку илјади Грци, албански државјани, во Јужна Албанија уживаат исто така на етничките малцински права. Како "се грижи" ли грчката држава и како ја засилува заштитата на човековите права на "самоопределуваните" како етнички Македонци? Колку вкупно "лични самоопределуванија" составуваат едно етничко малцинство? 2.000 Грци во Турција и неколкуте илјади во Албанија составуваат малцинство? Добро е што се признаваат етнички малцински права на овие малкумина Грци или би можело да е доволно правото на "лично самоопределување", како што се предложува на етнички Македонци на Грција Грчкиот политички Режим?
Потребно е, според логиката на грчкото МНР, да постој политика на почитување на "јазична колективност"? Бидејки ако посакуваме признавање, почитување и развивање на грчкиот јазик во другите земји, тогаш како е можно да ги одбиваме јазичните малцински права внатре во грчката територија?
Грчкото МНР тврди дека политиката на Грција "се основа на нашето јако верување дека механизмите за заштита и засилување на човековите права мора на крај да го засилуваат хармоничниот соживот на граѓаните на една држава".
Но кој дијалог се реализира меѓу "механизмите" на грчката држава и членовите на етничкото македонско малцинство за отстранувањето на постоечката дискриминација? Едиственото "јако верување" кое постои е нашето верување за апсолутниот хипокритизам на грчките политичари, кога зборуваат за политика "на засилување на човековите права". И ова наше верување го подржуваат веќе низа одлуки на меѓународни организации за политиката на дискриминации врз етничките Македонци.
На крај грчкото МНР изјавува за меѓународните институции, како таа на Советот за Човекови Права на Обед. Нации:
"Овие механизми не треба да се трансформираат, непосредно или посредно, во прилика или алиби за одредени лица, кои свесно се обидуваат да ги искористат за промовирање на нивни цели на ниво на меѓудржавни релации. Исто така не ќе треба да стануваат алат во рацете на тие лица што поради лични цели намераваат развивање на лоша клима и вознемиреност во внатрешноста на едно општество".
Значи, меѓународните Организации, како што е Европскиот Суд за Човекови Права ( со две пресудни одлуки 1998 и 2003 во корист на етничкото македонско малцинство во нашата земја и против Грција), Советот на Европа (извештајот ECRI од 2003, каде што се евидентираа дискриминацијата и предложува промена на политиката на Грција во врска со малцинските права и неодамнешен извештај со исти ставови на Томас Хамармберг, Комисер за Човекови Права), Обединетите Нации (извештај на Геј МакДугал, независен Експерт на Советот за Човекови Права каде што на лице место се уверува за дискриминацијата), се сите малоумни или без знаења или сомнителни. Бидејки како поинаку би можеле да се карактеризираат организации кои согласно со грчкото МНР даваат "алиби" за промовирање на антигрчки "цели" во меѓудржавните релации или составуваат "алат во рацете на тие лица" кои намераваат создавање на лоша клима и вознемиреност во внатрешноста на една земја.
Ние, како етничко Македонци кои живееме во Грција, како грчки граѓани, жалиме и се спротиставуваме на оваа политика, една политика за жал која се спроведува од сите партии, која трае многу децении. Имајки висока свест на припадноста во колективитет на граѓани, чуствуваме дека едно такво однесување (независно од национален, јазичен или друг идентитет) преставува срам за европската цивилизација. И исто така, сметаме дека такви изјави, ја навредуваат веќе директно нашата интелегенција и ја прават резил државата на локално и меѓународно ниво.