[FONT="]Претседателскиот кандидат на СДСМ Љубомир Фрчкоски смета дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов до крајот на изборната кампања ќе се обиде да одбегне секакво јавно соочување со другите кандидати за претседател на РМ. За Фрчкоски ваквиот потег на Иванов е бегство од јавни дебати. [/FONT]
[FONT="]- Како што се наблизува крајот на изборната кампања, така Владата која ја води претседателската кампања се повеќе настрана ќе го чува Иванов. Очигледно е дека тој ќе биде замрзнат од јавни соочувања, а ќе го одмрзнат на 23 март, изјави Фрчкоски.[/FONT]
[FONT="]Тој има забелешки и на втората дебатна емисија на претседателските канидати што се одрза на една национална телевизија, во која на монтажа биле исфрлени дел од репликите на останатите канидати упатени кон Иванов.[/FONT]
[FONT="]- На изјавата на Иванов дека тој си легнува и станува со Македонија, Мируше Хоџа рече- ќе ви си налути сопругата. На тоа сите се изнасмеавме, а јас реков- ние си легнуваме и стануваме со сопругите, нормално. Тој дел од репликите беше исфрлен од емисијата на ТВ Сител, изјави Фрчкоски. [/FONT]
[FONT="]Инаку вечевра на телевизија Телма требаше да се одржи уште едно јавно соочување на сите претседателски канидати. Тоа впрочем јавно го ветија сите во првата дебатна емисија што се одржа минатата недела. Залудни останаа нашите обиди да стапиме во контакт со Иавнов и неговиот Изборен штаб, но не добивме ниту потврден ниту негативен одговор за негово учество во дебатата. За разлика од него, сите останати шест канидати за претседател покажаа огромна заинтересираност за соочувањето, но сепак сите од нив останаа на ставот и ветувањето дека прифаќаат јавно соочување во кое ќе учествуваат сите претседателски канидати, вклучуваајќи го и Иванов.
извор
[/FONT]