Почнува обуката на професорите за проектот "компјутер за секое дете"

  • Креатор на темата Креатор на темата cajkanot
  • Време на започнување Време на започнување
И да, како тоа ќе учиме преку компјутерите?Некој посебен софтвер за учење нема инсталирано, освен тетрисот на кој сме светски шампиони и она Gaim како замена за мсн.Требаше да учиме преку интернет, а за тоа нема ни интернет!Во училиштата нема никаква конекција, не се отвораат веб страници, што е уште полошо нема ни материјал на македонски.
Тоа и мене ме чиди.
Бев на родителска у една скопска гимназија, седнавме кој ако се снајде, немаше место од мониторите на клупите за нас не пак за децата и нивните книги и тетратки. Професорката се сврте кон нас родителите и не праша "што јас да правам со овие компјутери, за мојот предмет-македонски се целосно непотребни".

Зошто не се опремија по 2-3 кабинети целосно со програми и конекции, зошто мораше секоја клупа (ако така се нарекуваат дрвените чуда) да добие компјутер, сега веќе наполу нефункционален или расипан?
 
Да бе криви се они што ние немаме култура па кршиме компјутери, за ваков неписмен и невоспитан народ само една мотика, не треба компјутери.
 
Ова е СМЕШНО !!!
(и боље да не ме тера никој да го растртам у десет подточки зошто е така).
ДЕБИЛИ.
 
Јас сум бил а за тебе незнам!
Овде се изнесени ФАКТИТЕ за завршената работа а не зборување на празно!
Можеш до утре да "тропаш" глупости ама народот е свесен и доста му е од времето кога владееше сдсм и ништо не беше направено, а сега кога се гради, кога се прави и реновира тоа не чини. Па ајде сврти се види малце околу тебе, колку и што е направено, излези од црно-белиот свет!

Kaj cajkan pa i plavush(a)..... jas sum bil i sum videl, WC bez vrati i kazancinja, dupki po podot, pocrneti zidovi, spusteni plafoni(a ne se knauf), tabli pola zeleni pola kafeni zatoa sto se izlupeni od vremeto, klupi na koi ti e strav da se potpres( na istite sedev kako ucenik pred 25 godini), i na niv monitori, sedum na edno PC, kolku za mackanje oci neli ?
Vo nastavnickata kancelarija seuste stoi Niskiot TV- Lirija :):):) so osum senzorski kanali ..jebote.....:pos2::pos2::pos2: i sobna antena.
 
Да бе криви се они што ние немаме култура па кршиме компјутери, за ваков неписмен и невоспитан народ само една мотика, не треба компјутери.
Не е што ние немаме култура. И германчиња да се, да ги оставиш без казни, а и без надзор пц-јата и тие ќе ги сомелат. Друго е. Исто како во некое место да изградиш згради со вградени водоводни цевки, а вода и водовод до тоа место да нема. Додека стаса вода да се донесе и пушти, цевките зарѓалее. Сепак треба одредена постапка и ум за вакви големи акции кои рака на срце доста и поприлично не коштаат нас граѓаните.
И пак не знам која е целта, освен масен тендер. Еве сега и масни обуки од кои пак некој ќе се офајди дебело. А обуки за што?
 
За новиот “турнус“ копјутери кој ќе се набават веќе од следната година,на друг “тендер“,оти на овие им заврши животниот век без да бидат пуштени во употреба,по некои од нив можеби имаат цигла внатре наместо процесор.:toe:
 
Има казни барем кајнас џабе е :toe: неможе тоа така култура Македонска седи на час и ништо не работи земал изиграва сликар со пенкалото на мониторот шкрта, некој му требало маус па си зима и што уште не и после сакаат компјутери епа така небива.
 
Мене ме интересираат неколку прашања, без да навлегувам во опходноста на целиот проект.

1. Koлку од својата вредност поради ненавремено отпочнување со проектот изгубија компјутерите.
2. Колкави се штетите предизвикани од несоодветното чување на истите.
 
Тоа донекаде е и вина на професорите, затоа што нема шанси ти да не забележиш како некој го отштрафува куќиштето и вади матична плоча, цеде ром и се` друго што се наоѓа внатре, освен ако не ти е атмосферата на часот бетер од таа на пазар :). Кај мене во школо, во училниците каде што предаваат саглам професори, сите компјутери се на број, сосе сите делови, а таму каде што предаваат лејките, уште таблата е останата :)
 
Тоа донекаде е и вина на професорите, затоа што нема шанси ти да не забележиш како некој го отштрафува куќиштето и вади матична плоча, цеде ром и се` друго што се наоѓа внатре, освен ако не ти е атмосферата на часот бетер од таа на пазар :)

Епа значи до професорот е сепак, Владата ги даде компјутерите обезбедени се за сите средни училишта во Македонија за основните мислам сеуште не се комплетно инсталирани и донесени компјутерите и како може да примети професор земал овртува она што е кутичето (незнам точно како се вика) кај што се приклучуваат тастатура,звучник и сл, земал внатре ќе извади дел и не работи епа нема.
 
Мене ме интересираат неколку прашања, без да навлегувам во опходноста на целиот проект.

1. Koлку од својата вредност поради ненавремено отпочнување со проектот изгубија компјутерите.
2. Колкави се штетите предизвикани од несоодветното чување на истите.

Првото, не знам и не ме интересира баш тоа.
Ама за второто ќе ти кажам.
Значи, еве за кај мене ќе ти кажам.Прво, рам меморија-НЕМА:)
А компјутер без рам не функционира.Потоа, мониторите се чкртани, чкртани, тетратките им завидуваат зашто во нив не е пишувано толку.Тастатурите-на една ќе начекаш сите копчиња ОООООО, на друга некој си го напишал името, на трета ќе начекаш црна пластика од која се извадени копчињата.После тоа идат на ред модемите, крадени сите до еден.Толку е лесно да се крадат, не ни мора да се напрегаш зашто се под клупа поставени и се крадат на големо.Кабли никаде веќе нема се е искрадено.Маусите веќе се даваат, кој по 50, кој по 100.Црни бизниси се отворија, рам плочка од 2 ГБ се шитка за 200 денари:)
 
Па затоа требаше да се формираат специјализирани кабинети опремени со техникава, а претходно строго по процедура кој е одговорен, за што ќе служат, конкретна набавка на софтвер, хардвер, истовремено обука за специјализиран софтвер и настава како во факултетска лабораторија-со клуч на врата и строга контрола. А не сега ќе им текне од родителите да земаат пари за обештетување. Пак ние подебелиот ...

И кола ако не ја возиш, џабе се амортизира, старее и губи од вредност, а си пукнал 7-8000 евра минимум, ќе гладуваш следните години за да ја отплатиш. Ова исто во државни рамки се деси и со овој проект.

За новиот “турнус“ копјутери кој ќе се набават веќе од следната година,на друг “тендер“,оти на овие им заврши животниот век без да бидат пуштени во употреба,по некои од нив можеби имаат цигла внатре наместо процесор.:toe:
Тендерите се најлесни и најслатки пари :smir:
 
Aj vaka. NA sto treba da me navde naslovot na temata.
Deka pocnala obuka na profesorite da glasam za Ivanov zosto vo sprotivno kje me prokolne do 7-mo koleno onoj sto mi izleguva na TV i mi vika, mene babami mi raskazuvase prikazni uvek ???? Ili za Sasho vo Karpos deka kako VD-gradonacalnik vladata mu frli mnogu pari za malku rabota. Andrej ne dobi ni 2% za tri godini, kolku sto dobi Dimic za 7 meseci. I na kraj za jarecot Koce, odam vo NP, ne more sedam vo DPMNE, aaa ne odam vo NP, ne ne ne ostanuvam vo Dpmne.
Mislam stvarno, koja e poentata na temava ???
 
Со проектот “Компјутер за секое дете“ се створи аверзија на децата спрема компјутерите,наместо интерес создадоа одбојност,наместо креативност си направија паравани за подобро препишување,и ќе имаме “дебили“ наместо вистински матуранти кој знаат исправно да користат компјутер за што ќе требаше само по еден час во денот од вистински експерти вработени за едукација на децата,кој ќе ги запознаеа и со хардверскиот и со софтверскиот дел.Вака се офајдија другарчињата на Гвујо со 30тина милиони евра на приватни сметки од кој по некој веќе си закотвија јахти по Грчките одморалишта,па ќе го повозат кога нема да ја извршува функцијата на која што моментално е.:toe:
 
Па затоа требаше да се формираат специјализирани кабинети опремени со техникава, а претходно строго по процедура кој е одговорен, за што ќе служат, конкретна набавка на софтвер, хардвер, истовремено обука за специјализиран софтвер и настава како во факултетска лабораторија-со клуч на врата и строга контрола. А не сега ќе им текне од родителите да земаат пари за обештетување. Пак ние подебелиот ...

И кола ако не ја возиш, џабе се амортизира, старее и губи од вредност, а си пукнал 7-8000 евра минимум, ќе гладуваш следните години за да ја отплатиш. Ова исто во државни рамки се деси и со овој проект.

Тендерите се најлесни и најслатки пари :smir:

Абе..„вие„ чинам дека најмалку пет децении непрекинати (од никого) имавте време ..за да направите нешто..односно дел од ова за кое ..како сеирџии (безнадежни) „сугерирате„..
Ама ..рокот на (зло)употреба..мислам дека и сами гледате..дека ви е одамна минат..без шанса да нешто измените..
Наскоро и бајбок ќе ви се чини како да сте у вашето грцко..лептокарија и халкидики де..
:pipi:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom