Почнува обуката на професорите за проектот "компјутер за секое дете"

  • Креатор на темата Креатор на темата cajkanot
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 март 2009
Мислења
7
Поени од реакции
2
Од 14 март до 15 мај 2009-та година ке се спроведува обука на наставниот кадар во средните училишта по повод проектот "компјутер за секое дете".
Наставниците ке бидат обучени за примена на компјутерот во наставата за секој одделен предмет. Ваквата обука со воодушевување е прифатена од наставниот кадар чии коментари се дека на овој начин многу ке се олесни наставата и истата ке добие нагледност, ке се добие поголема мотивираност кај учениците, ке се зголеми можноста за трајни знаења и ке се осовремени целокупниот наставен процес.
На овој начин конечно ке се приближиме кон европско образование а усвоените знаења ке бидат трајни пошироки и поефектни. На овој начин се олеснува работата и на учениците и на професорите. Сметам дека иако почекавме да профункционира, сепак е еден од најдобрите проекти што се спроведени досега во полза на образованието и учениците
 
Од 14 март до 15 мај 2009-та година ке се спроведува обука на наставниот кадар во средните училишта по повод проектот "компјутер за секое дете"...............................

Како што стојат работите.......
.....на 1 септември 2009 ќе нема останато ни еден здрав компјутер во училиштата!:toe:
...не чека долго топло лето....
 
Ме радуваат ваквите проекти затоа што со нив само се покажува успешноста на функционирањето на владата, а со тоа и се зголемува довербата како мојата така и на народот!!!
П.С едно Големо Браво
 
како што стојат работите....

иренЧето е во право и од мене браво!!
 
Ме радуваат ваквите проекти затоа што со нив само се покажува успешноста на функционирањето на владата, а со тоа и се зголемува довербата како мојата така и на народот!!!
П.С едно Големо Браво
Гвујо :aplauz:Гвујо :aplauz:Гвујо :aplauz:Гвујо :aplauz:Гвујо :aplauz:

Аха :) ми текна едно прашање до тебе.

Зошто на пример прво не се спроведеше обуката и обучеше наставниот кадар, па потоа да се земат компјутерите ?
 
па мора од негде да се почне

Од кај треба да се почне?Ги пратија на обука после 1 година откако ги поставија компјутерите?Сега тие ќе ги обучат нив, а после нас на радијаторите ќе ни држат настава, зашто компјутери тешко да најдат во училиштата.
 
So rekonstrukcija na WC-injata koga kje se pocne. Nema kaj da mocaat decava(osobeno zenskite), ili so menuvanje na skapaniot inventar od 60-tite. Krecenje i podovi da ne spomnuvam.
Ednas vekje kazav, ovie ne se sposobni da iskrecat se sto izgradile komunistite do 90-ta.
A ova HAIER PC-technology e dobro perenje pari nema sto.
 
Зошто на пример прво не се спроведеше обуката и обучеше наставниот кадар, па потоа да се земат компјутерите ?

Истото прашање и јас сакав да го поставам :smir:

Одговор некој?
 
Тие ги испокршија, кабли и глувци им испокрадоа, та допрва ќе ги обучуваат.
Ај можда нова тура/тендер ќе има за нови ...илјади компјутери. Прво најдоа бабица, па сега ќе бараат зет.

Зошто на пример прво не се спроведеше обуката и обучеше наставниот кадар, па потоа да се земат компјутерите ?
Зш вакви нелогични прашања поставувате и ги кочите реформите? :pos2: Не може премиерот глава да дигне од вас :smir:

Ме радуваат ваквите проекти затоа што со нив само се покажува успешноста на функционирањето на владата, а со тоа и се зголемува довербата како мојата така и на народот!!!
П.С едно Големо Браво
:tapp: Извадено од пишан/нарачан говор за избориве??
 
Ако некој не знеше, обуката односно бесплатните информатичките курсеви овозможени од оваа влада се од поодамна почнати. Само што сега е нагласено за да знае народот дека и професорите спаѓаат во таа група, само што за нив ке биде овозможено поопширно знење.
 
Не викаме за тоа, може и веќе да ги обучуваат.Ама зошто прво не го завршија курсот, па да ги постават компјутерите и од почеток на школска година да почневме со учење на компјутерите?Сега одговори ми на кои компјутери ќе учиме?Во државава 5 училници нема кај што има здрави компјутери, сегде е партал направено, искрадено е се.
 
жалам за сите што не гледаат вести а сакаат да се занимаваат со политика, односно сакаат да комнтираат за владата и покрај тоа што ништо не разбираат.
Јас не крадам говори, едноставно гледам што се цлучува, а од тоа знам и што да кажувам.
А затоа што следам што се случува ја подржувам оваа влада и ВМРО ДПМНЕ
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom