Квалификации за ЕП Австрија: Македонија - Исланд - впечатоци

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Прво, запрепастен сум од македонските медуими. Па луѓе, за недела дена играме важен натпревар во квалификациите за европското првенство, а сеуште ни збор нема кажано за тоа.

Било каква најава, било што...треба масовно да се отиде и да им се даде подршка на нашите кој освоја 11место во Хрватска на СП!


Селекторот Илија Темелковски повика 19 ракометари. Од ракометарите кој беа во Хрватска на Светското првенство, сега ги нема само Ванчо Димовски и Радослав Стојановиќ, а нови лица во составот се А. Јоноски и З. Мојсоски. Повикани се петмина интернационалци - Ангелов (Франција), Темелков и Митков (двајцата од Германија), Лазаров (Хрватска) и Јоноски (БиХ), осуммина од Металург - Ристовски, Недановски, Ѓоргоноски, С. Стоилов, Ф. Лазаров, Миркуловски, и М. Стоилов и шестмина од Вардар Про - Митревски, Маклоски, Алушовски, З.Мојсоски и Н. Мојсовски.

Аце Јоноски се враќа во репрезентацијата
По речиси двегодишна пауза, во машката ракометна репрезентација се враќа Аце Јоноски, кој е повикан на подготовките на националниот тим за следните дуели од квалификациите за ЕП 2010 година против Исланд и Белгија.
Последен пат Јоноски играше за репрезентацијата на баражот против Словенија во јуни 2007 година. Потоа уште еднаш беше повикан за турнирот во Бразил во декември 2007 година, но откажа бидејќи очекуваше принова во семејството. Моментно е член на Босна од Сараево и играше и во Лигата на шампионите, а продолжи во четврт-финалето на КПК, каде што ќе играат против Кадетен.

Ванчо Димовски повторно на операција
Ванчо Димовски, пивотменот на РК Металург и на сениорската репрезентација, следните неколку месеци нема да игра за клубот и за националниот тим бидејќи денеска ќе има операција на лигаментите на коленото. Тоа значи дека оваа натпреварувачка сезона за Димовски е завршена и на теренот треба да се врати
 
Па изборите се фрлија во сенка така да не ми е чудно што се е запуштено!
Инаку ќе биде тежок натпревар, очекувам огромна подршка од трибините и нормално-ДА ПОБЕДИМЕ!!!!!!!!!!!!!!
 
Мислам дека ќе го победиме Исланд дома, но ако бидам реален ќе кажам дека најголемата шанса ја прокоцкавме со Естонија... Сега ќе ни биде претешко, бидејќи освен што ќе треба Исланд и Норвешка да ги победиме на домашен терен, ќе треба да освоиме и барем 1 бод од двата меча со нив на гости што иако е претешко, се надевам дека ќе успееме
 
Мислам дека ќе го победиме Исланд дома, но ако бидам реален ќе кажам дека најголемата шанса ја прокоцкавме со Естонија... Сега ќе ни биде претешко, бидејќи освен што ќе треба Исланд и Норвешка да ги победиме на домашен терен, ќе треба да освоиме и барем 1 бод од двата меча со нив на гости
НЕ СИ ВО ПРАВО, ЌЕ ТРЕБА ДА ГО ПОБЕДИМЕ ИСЛАНД ДОМА, А ВО МЕЃУСЕБНИТЕ ДУЕЛИ СО НОРВЕШКА ДА ИМАМЕ ПОДОБАР СКОР ЗОШТО НОРВЕШКА ЗАГУБИ И ИЗИГРА РЕМИ СО ИСЛАНД:helou:
 
Кога ќе дојдеме на 2-3 дена до натпреварот, ќе ставам и анкета. Дотогаш, гледајте да избегнувате коментари од типот на Македонија ќе победи, Исланд ќе победи и слично :;)
 
Кога ќе дојдеме на 2-3 дена до натпреварот, ќе ставам и анкета. Дотогаш, гледајте да избегнувате коментари од типот на Македонија ќе победи, Исланд ќе победи и слично :;)
Абе не е и малце прерано за темава?? До 18ти веќе ќе нема ни што да се пишува:smir:
 
Кога ќе дојдеме на 2-3 дена до натпреварот, ќе ставам и анкета. Дотогаш, гледајте да избегнувате коментари од типот на Македонија ќе победи, Исланд ќе победи и слично :;)

Па да коментираме ако не,околу сведмилк и млечната криза?
 
Информација да не ќе се игра во некој друг град да не има некој?
Ќе видиме дали тренеров се смирил со Раде или уште нема да го пушта но се надевам ќе биде екстра интересен меч со силна репрезентација како што е Исланд тие ќе сакаат да се одмаздат за тоа што не се квалификуваа на СП но се надевам на победа!
 
Па прочитајте во првиот пост мајкуму.

Стојановиќ и Димовски не се во поширокиот состав од 19ракометари кој ке конкурираат за настап против Исланд на 18ти и Белгија на 22ри Март.

п.с Кака рано за темава, се ставаме во 5 до 12 и после салата полупразна.

Ако немате што да коментирате освен "Македонија ке победи", подобро не пишувајте, темава засега нека служи како најава, и што повеке луѓе да се информираат.
 
Зашо Ванчо го нема бе? Ах :(
А Мојче оздравил а, тоа е добро.
Јас искрено се надевам на наша победа, а нормално дека нема да биде лесно, но ние имаме предност го имаме седмиот играч публиката.
Јас секако дека ќе ги бодрам во сала:oeoeoe:
 
Па да коментираме ако не,околу сведмилк и млечната криза?

Па.. дискусии за тимот, играчите, тимот на Исланд, паркетот во салата? Што било, само да не е Да - Не.
 
Уште од сега да ви кажам дека се планира групно кајганџиско бодрење на натпреваров. Известете не кога ќе бидат пуштени картите во промет, за да идеме заедно да ги купиме. Нормално, за да седиме еден до друг :)
 
NA DOMASEN TEREN MOZEME SEKOGO DA POBEDIME,SAMO STETA STO STOJANOVIC NEMA DA IGRA,BIDEJKI BESE EDEN OD NAJDOBRITE.NAPRED MAKEDONIJA.
 
Aх, си сјеба Раде кариера у Репрзентација, бар додека е Мустаќ селектор не верувам пак да заигра.

Конкретно за натпреваров, мислам дека ќе ги добиеме Исланѓаните, може не на толку уверлив начин како минатиот пат ама победа од 2-3 гола разлика е сосем реална и е за очекување.

Сега идат тие моменти кога треба да се валоризира од акумулираното искуство на последното СП во Хрватска, младите би требало да покажат дека научиле нешто, тука мислам пред се на Ф. Лазаров, кој се надевам дека ја научил скапо платената лекција и нема да фрла камења, белки ќе се управи дечкото, за Металург и не е така лош.

Штета шо го немаме Ванчо, ама пак од друга страна мислам дека Ѓоргоноски би можел квалитетно да покрие, барем ако судиме како ги одигра последните неколку натпревари во Хрватска не е се така црно на пикерската позиција, иако релано гледано Ванчо е тешко заменлив.

За резултатот па нема многу калкулации, мора да тепаме и готово, ако не ништо од пласман на ЕП, али оптимист сум и мислам дека со наша подршка ќе не израдуваат дечките :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom