bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 815
По укинувањето на Охридската Архиепископија во 1767 г. настануваат големи денационализирачки процеси кои го зафаќаат македонскиот народ. Сите верски објекти, кои воедно имале и едукативен карактер, потпаѓаат под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, раководена од Ромеи-хеленофони. Тогаш започнува елинската пропаганда, која ние по грешка ја нарекуваме грчка (византиска), учејки ги Македонците дела се Елини. За жал, единствена културно-просветна дејност во тоа време, па се до крајот на 19 век, постоела само по црквите и манастирите.
Ромеите- Грците, секој кој зборел словенски го нарекувале Воулгар, а јазикот вулгарски, почнувајки од 11 век, заменувајќи го терминот словен, со бугар (Стилпон Курјакидис кој во книгата „Северните етнолошки граници на хеленизмот" стр. 39). Најверојатно, терминот бугар како синоним за словен се јавува поради тоа што од 1018 г., словенските народи Македонци, Босанци, Срби, Црногорци, итн. Византија ги сместува заедно, во тема Воулгариа, а како Византијците луѓето ги разликувале по територијалната, а не етничката припадност, зборот бугар го заменил зборот словен. Османлиите, ја имаат наследено византиската традиција на поимот бугар, па сите словени во Османлиското Царство ги нарекувале Бугари (Friedman 1975, str. 84). Најдобар пример ќе дадам со Босанците; во 16 век, ерменецот Симеон Лехаци патува низ Турција, азијска и европска; посетувајќи ја Босна, вели дека сите луѓе таму се Бугари и зборат „болгарски“, а нивните села ги нарекува „болгарски села“ (Симеон Лехаци, Путевые заметки, хроника и памјатные записи; изучил и опубликовал Нерсес Акинјан, Вена, 1936).
Во 19 век, во Отоманската Империја, поимот Бугар означувал проста раја, селани, додека сите граѓани се декларирале како „Грци“; се’ градско били „грчко“, градската облека била „грчка“, а селската „бугарска“ (Wilkinson 1951: str. 149). Самите Бугари велат дека поимот Бугар немал национално значење: „Во турско време бугарскиот селанец ги означуваше Бугарите од градовите со зборот „Грк“, а граѓанската носија за него беше „грчка носија...Нашиот селанец, кога ќе речеше „ние сме Бугари“, мислеше „ние сме христијани“, т.е. православни. Рускиот цар беше за него „бугарски цар“ не по народност, ами по православно христијанство.....“(А. Т. Балан, Една македонска теорија, Периодическо списание LXV, 1904, стр.818).
Според најновиот „Речник на современиот елински јазик“, зборот бугар - воулгар, на елински, означува простак („Речник на современиот елински јазик“, Г. Бабиниотис, Атина, 1998 г.).
Српскиот академик, Петар Драгашевиќ, антимакедонски настроен, кон крајот на 19 век бил во Тесалија и Грција, при што вели: „грците ме нарекуваат Бугар, иако сум Србин од Србија...зборот бугар означува Словен“ (Petar Dragasevic “Makedonski Sloveni”, 1890 g., Beograd). Српскиот пропагатор, Цвијиќ, борецот за србизација на Македонците, бил меѓу егејските Македонци и во Грција, па за своите впечатоци, тој пишува: „гркиот селанец ги вика македонските Словени секогаш Бугари...кај Грците, името Бугарин означува исто што и Словен. Грците ги нарекуваат Бугари и Србите, ако не знаат дека се од Србија...Името Србин за грчкиот селанец е само политички поим...а Бугарин е етнографски поим...полухеленизираните македонски словени- Чифчии, пкмалку зборуваат грчки, себе се сметаат за Грци“ (Професор Јован Цвијић (1865-1927), рада "Македонски Словени, проматрања о етнографији македонских Словена", Књижара Геце Кона, Београду 1906. год.).
И во сама Елада и Тесалија, имало голем број на словенско население, кое гркофоните го нарекувале Бугари. Во Грција никогаш не се населиле Бугари, нит пак Бугари ја владееле таа територија; во 7 век таму се забележани склавиниите на племињата Милинги и Езерци. За време на грчкото националослободително востание 1821-1829 г., се пеела една песна за премавнување на различностите на различните етноси кои ја населувале Елада и создавање елинска нација : „Албанци, Власи, Бугари, луѓе кои говорите на други јазици, придружете се“ ( 1. Victoria Clark, Why Angels Fall. A journey through Orthodox Europe from Byzantium to Kosovo Macmillan: London, 2000 ISBN: 0 333 75185 X; 2. FATHER GREGORY TILLETT, The British Orthodox Church).
Крсте Петков Мисирков го објаснува поимот Бугарин:
“Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите словени...го велеа со презреното име „бугари". …Грците…употребуваа името бугарин за да воплотат во него своiето презреiн'е кон се словенцко.. Со името бугари не крстиiа грците и нас македонците. Но тоа прекрстуаiн'е не iет iединствено… ( “За Македонцките Работи”, Предгоор, Софија, Печатница на „Либералниј Клуб'“ 1903 ). За жал, неколку пати во својот живот, Крсте П. Мисирков од страна на бугарската полиција, под закана за физичко ликвидирање, бил теран да потпишува статии со пробугарска позиција, претходно напишани од самата бугарска држава.
Во едни такви услови, кога Македонците учеле грчки училишта и кога се словенско’ било нарекувано бугарско, за нашите предци од 19 век словенското значело бугарско, секој кој говорел словенски говорел бугарски. Така и некои наши преродбеници, македонскиот народен јазик го нарекуваат бугарски, но не мислејќи на бугарски, каков што сега го знаеме, туку на словенски.
Глигор Прличев во својата автобиографија пишува: „...бугарската азбука само на тројца им беше позната и се нарекуваше српска..“ (Григор П'рличев, Автобиографија). За него и Србите се Бугари т.е. Словени; во тоа време, само Србите имаа реформирана и кодифицирана словенска азбука, па затоа и Прличев вели дека бугарската (словенската) азбука се нарекувала српска. Никола Попфилипов, македонски учител вели дека бугарскиот јазик е општ балкански јазик (вестник "Maкедонiја" Цариград, 6. Април, 1868 г.).
Старословенскиот т.е. црковнословенскиот од целата светска историографија се нарекува словенски јазик, а воедно и сите средновековни македонски автори, македонските средновековни житија, целата средновековна книжнина тој јазик исклучиво го нарекуваат словенски и како таков се нарекува до ден денешен. Но, учејќи по грчки училишта, каде називот словенско е заменет со бугарско, Кузман Шапкарев во своите дела истакнува: „ги преведоа (Св. Кирил и Меродиј) на бугарски најнужните книги од светото Писмо...кога двајцата свети браќа отидоа во Рим да се залагаат во светото седиште за бугарскиот превод на светото Писмо...Св. Климент едни ги учел да читаат и пишуваат бугарски...Св. Климент ја измислил црковно-бугарската азбука тнр. кирилица...Св. Климент е прв бугарски епископ во Охрид (Извор: Кузман Шапкарев, „Голема бугарска читанка“, 1868 г., стр. 96, 97). За Шапкарев, Словените се античките Македонци, а Бугарите (мисли на словените) се дојденци од Волга, од Русија и дека Македонците се исто со силните “браќа”, Русите.