Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
додека соседите сложно не поткопуваат, додека децата на раце ни умираат бидејки фондот нема пари а државата кадар...еве како ние сме способни и преку три океани да се колваме, разделиме и во празно да фрлиме пари наши пари во туги џебови
не навлегувам кој е прав, кој крив...само цифрата подоле онака ме зачеша...
1. 1,5 милион евра на адвокати..зошто црквата не одговара пред никаков орган за евиденцијата трошењето и манипулацијата со парите на верниците
2.Кој е тој што се дрзнал (наши) да отворат паралелна црква, и каде се нашите, и овие тука и оние таму
------------------
Владиката Петар објави крај на судскиот спор во Австралија
Коментари (2)
09.03.2009 14:30
Eпархиски архиереј на Австралиско-новозеландската епархија, митрополитот г.Петар
По 12 години судење кој е во право за да владее со црковниот имот во Рокдејл Aвстралија, конечно првостепена пресуда.
Тамошниот суд пресудил во корист на Македонската православна црква на која досега и беше оневозможено раководењето со црквата „Св. Петка“ и целокупниот црковен имот.
Митрополитот г. Петар повеќе од една деценија се судеше со Македонската православна заедница која располагаше со црковниот имот, а на владиката Петар и на надлежниот свештеник назначен од МПЦ им го забраниле влезот во црквата.
„Судијата рече дека македонската православна заедница мора да се раководи по законите на МПЦ. Тоа значи според светите канони почитувајќи го уставот на МПЦ. Досега во Рокдејл за секој голем празник јас и надлежниот свештеник богослужевме во изнајмена црква на околу 300 метри од Св. Петка“, изјави владиката Петар на прес-конференција.
Првична судска одлука - имотот и припаѓа на МПЦ
Сепак, останува првостепената пресуда да ја потврди и повисокиот Апелациски суд.
За 12 годишниот спор Македонската православна црква потрошила над 1,5 милиони долари(најверојатно уште толку и другата страна ), обелодени г.Петар.
Доколку пресудата се потврди, овие пари треба да ги врати страната што го изгуби спорот, односно Македонската православна заедница, која според владиката, функционира како компанија.
Првите луѓе во компанијата г. Петар ги обвини дека поради судскиот спор со него продале шест станови за два милиони долари, а тие станови биле дел од црковниот имот во Рокдејл.
Во Австралија има 21 црковна општина, но со пет македонски цркви не владее МПЦ туку нив ги поседуваат 4 компании. Овие цркви се во Сиднеј, Њукастел, Мелбурн и Аделаида.