bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 815
Накратко по влашкото освојување на Македонија, во 13 век српскиот крал Милутин (1282-1321) ја освојува северозападна Македонија. Неговиот внук, цар Душан (1355-1371) во 14 век ја зазема цела Македонија, каде во Скопје се прогласува за Цар. Од тогаш постојат многу историски извори за Македонија и Македонците.
Цар Стефан Душан се прогласил за Цар на Србите и Ромеите (Византијци (мак.) или Грци (лат.): „βαδιλευζ και αυτοκρτρωα Σερβιαζ και Ρωμανιαζ“ (Извор:Владимир Ћоровић: ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 2001 г.).
Самиот Стефан Душан себе се декларирал како ''Стефан ва Христа Бога Благоверни Цар и Самодржаван Србљем и Грком и всеј западној страње''. Познатиот Душанов Законик ги познава следниве повластени народи:
- србљи (чл. 40, Душанов Законик);
- ромеи (гр.) = византијци (мак.) = грци (латински); хелените не се грци (византијци) (чл. 40, Душанов Законик);
- немци (чл. 199, Душанов Законик).
Овдека, малце ќе се задржам на српската пропаганда. Националистичките српски кругови пропагираат дека во нивната средновековна држава се спомнуваат само Грци (Византијци) и Срби, па според тоа Македонците биле Срби. И овие Срби, „забораваат“ да спомнат дека тие самите ги крстиле со ново политичко име- Ромеи, Грци (Византијци), а Македонија ја нарекле Романија (Византија) и целосно ги одвоиле од „србље“. Српската националистичка пропаганда тврди дека во нивната средновековна држава се населиле српски доселеници, па настанала србизација на Македонија. Секако, ништо од тоа не е точно. Сите српски средновековни документи велат, дека во Македонија немало Срби, а сите Македонци се наречени политички Грци, Византијци. Затоа, подолу презентирам документи од последните владеења на Србите во Македонија, каде што никогаш не се забележани Срби; подоцна, Македонците не би можеле да станат Срби, оти потпаѓа Македонија под турка власт.
За „Славите“
Понатаму, во српската пропаганда се вели дека секој кој слави Слава е Србин. И оваа квазитеорија е неточна. Слава и тоа Крсна Слава, слават не само православните Албанци, туку и Албанците католици (Саво Оровић, Београд „Сличност фолклора код Арбанаса и Црногораца“, Извор: зборник "Рад XIV конгреса Савеза фолклориста Југославије (у Призрену 1967)", Београд 1974.).
Цар Душан ја поделил државата на два дела: Србија, со српско мнозинско население и Романија, каде живееле Романи = Византијци = Грци. Во големата даровна повелба на Хиландар од 1348 г. Душан пишува дека Романија е целата територија од Полог и Скопје т.е. цела Македонија која ја нарекува „Романија“ односно Византија, а народот на Македонија „Романих“, Византијци (Извор:Владимир Ћоровић: “ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА”, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 2001 г.). Истата поделба се спомнува и во Меѓународниот Договор со Дубровник од 20. септември 1349, каде што Цар Душан Македонците ги нарекува Романи (Византијци) или пак Грци (Византијци). Неговиот син Rex iunior Урош е прогласен за крал и е задолжен за романските (грчките, византијските) земји, да ги владее по „ромејските“ т.е. византиските закони (Владимир Ћоровић: ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 2001 г.). Сочуван е и запис на овчеполски монах од 14 век за српскиот крал Урош Стефан, син на Цар Душан каде се вели „јас слуга божји Станислав, ја завршив оваа книга во деновите на превисокиот крал Урош Стефан, чиј татко го ослепи и го прати кај Ромеите. И оти 7 години минаа, го прими кралството на сите земји српски, поморски и подунавски и ОВЧЕПОЛСКИ ...“(Lj Stojanovic, Stari srpski zapisi i natpisi, Beograd, 1902, I, zapis 56). Според записот на овчеполскиот монах, во Овчеполието живееле Ромеи (Византијци), во кои се вбројува и самиот, а овчеполските земји не биле српски.
Најверојатно, поради долгогодишната византиска окупација на Македонија и византиската култура која ја имале средновековните Македонци, средновековната српска држава Македонците ги нарекува со име Рoмеи, Византијци, додека цела Македонија е наречена Романија, со спомнати следниве градови: Просек, Штип, Брегалница, Струма, Струмица, Сер, Редина, најверојатно и Скопје (Владимир Ћоровић: ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 2001 г.).
Во Просек, Штип, Брегалница, Струма, Струмица, Сер, Редина, Скопје… никогаш не живееле Елини, кои ние по грешка ги нарекуваме Грци, оти Грци значи само и единствено Византијци. Мakедонија во средновековна Србија била гледана како посебна етно-географска целина, па затоа и средновековната српска држава била поделена на два дела Србија и Романија.
Во Житието на Цар Душан пак се зборува дека Македонија е Романија (Грција, Византија), а Македонците се Ромеи (Византијци, Грци), а тука како ромејски (грчки градови) се спомнати: Охрид, Прилеп, Костур, Лерин, Железнец, Струмица, Воден и Чемрен; во споменатите места, никогаш не живеело елинско население (Извор: Житије Цара Душана, критика академика Симе Ћирковића и Божидара Ћирковића). Во повелба на Цар Душан од 1346 г. од Дечани се титулира како „цар на српските, приморските и грчките земји“ (F Miklosic, MOnumenta, CXXI, str 141). Под грчки, ромејски земји се подразбира Македонија.
Монахот Исаија, современик на Маричката битка, во свој запис од 1371 г. зборува за грчка војска, која пошла во Македонија, на Марица да ги изгони Турците (Iskaz Isaije Serskog, Solovecki prepis, 1492, Saltikov-Schedrin). Од тука добиваме многу битни информации, дека Македонија е до Марица, а под грчка војска, составувачот мисли на војска од Романија=Грција=Византија, односно Македонија, иако реката Марица се наоѓа во Тракија. Едноставно, се заклучува дека државата на деспот Углеша која се простираше до Марица се нарекувала Македонија. Во прилог на ова, иде и еден летопис од средината на 15 век каде стои „Тоа лето царот Оман го уби кралот Волкашин и деспотот Углеша во Македонија, на Марица...“ (Spomenik Srpske K.Akad. 51,1913, str. 4).