Мартеница/мартинка

  • Креатор на темата Креатор на темата paradigm
  • Време на започнување Време на започнување
Ааааа, па сум видела луѓе со вакви алки, ама не сум знаела дека е традиција да се носат.
Ми се допаѓаат.
Може сама да си напраам и да си врзам на пример?:)
Или мора да сум дете и некој да ми врзе?:)
Па обично колку што знам јас, бабите ги прават и врзуваат тие. Ама ете, да не биде сама дека си ја направила, дај на некој од твоите дома нека намота две нишки, и носи си ја:)
 
у основно општина аеродром ни делеше вакви:jaj:
 
Баш денес се сетивме на мартинкиве :)
Порано баба ми ми ги правеше, а мајка ми ми ги врзуваше, но сеуште не им го дознав значењето. Мислам дека и на училиште ни врзуваа..
Имам зачувано една дома.
Штета што традициите се повеќе избледуваат.. како што знам веќе никој не го почитува врзувањето мартинки. Барем јас не сум видела.
 
Мартинките се ставаат на левата рака на први март. Мартинки те викаат оти се носат во март месец. И се носат 3 недели во знак на доаѓањето на пролетта,


21 март е 80-иот ден во годината според григоријанскиот календар (81-и во престапна година).
21 март е вообичаената дата на која настапува пролетна рамноденица (првиот ден на пролетта) на Северната Хемисфера, односно есенска рамноденица (првиот ден на есента) на Јужната Хемисфера.
Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак овен.
Остануваат 285 денови до крајот на годината.
 
е да порано ми текнува и јас и сестра ми носевме, после не знам што им правевме :toe: сега немам приметено некој да носи...... готово заборавено е тоа
 
и ние со брат ми носевме 1 или 2 години не се сеќавам добро, сега неам приметено :toe:
 
Уште од мала ми останала радоста за секој први Март, секоја година си добивам по неколку мартинки ем во чест на денот, ем во чест на мојот именден.
Овој празник имам слушнато западна македонија најповеке го слави.
Мартинката се дава за здравје, за срека, за цутење на годината.
Белото конче означува чистина и невиност, а црвеното конче означува љубов и страст.
Има и многу други работи ама во моментов не ми текнуваат :toe:
 
Kaко мала баба ми ми ги правеше, еве сеа веќе и сама си ги правам и обожавам да ги носам, некако ми влеваат позитивна енергија. Инаку имам слушнато дека уствари кога ќе заврши месецот се вади мартинката, си замислуваш желба и ја оставаш на т.н. незнајно место и желбата као демек ќе ти се исполни.Не верувам во ова ама интересна ствар се мартинкиве :)
 
Баба ми ме тераше да носам кога бев помал али јас ја терав у триста лепе:toe:
 
А за нас поглупите- шо се мартинки?
Пошо мене ме асоцираа на оние чизмите шо се носеа едно време, ама ијам осеќај дека не се чизми :icon_lol:

ако не прашаше и јас немаше да знам што е.. :kesa:
 
Традиција е за 1ви март на децата да им се врзуваат мартинки на рацете. Се сеќавате дали бабите ви врзувале мартинки кога сте биле мали? Знам дека еднаш-двапати имав носено кога бев помал и имаше уште деца што носеа. Жива ли е уште оваа традиција? Гледате деца низ маало да се шетаат со мартинки на рацете?

Еве, јас сум големо дете и носам мартичка. И кога ќе видам штрк ќе замислам желба и ќе ја оставам под некој бел камен.
Ете така се прави тоа. ;)
 
ова традиција е сеуште жива во Бугарија и Романија - таму секој носи мартинка. според баба ми, тоа е старо-Бугарска традиција, но Романците имат техни се теории.
Jас мислим дека ова е добра традициja, коja напомнja за пролетта.
 
И јас знам дека се одржува традицијава во Бугарија.
Лани ова време добив мартинка и си ја носев со мерак, сакам пак :)
А ми кажаа да ја закачам на дрво што почнало да цвета, така и направив :pipi:
 
И јас си носам мартинка таква сум се и сешто имам наредено по раката и си ставив и мартинка онака по неа си чувствувам дека полека доаѓа пролетта сонце...
 
Со другаркиве си поделивме мартинки во прва година средно, а јас уште ја немам извадено од рака. Бре, што издржлив конецов...:wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom