Дали Македонските јавни личности обрнуваат внимание на својот стајлинг?

  • Креатор на темата Креатор на темата devojka111
  • Време на започнување Време на започнување

Дали Македонските јавни личности обрнуваат внимание на својот стајлинг?

  • Да

    Гласови: 20 57,1%
  • Не

    Гласови: 15 42,9%

  • Вкупно гласачи
    35

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Ајде да играме малку стилисти :)
Дали мислите дека македонските јавни личности (музичари, водители, актери, политичари...) обрнуваат внимание на својот стајлинг?

И која според вас е најубаво, а која најлошо облечена и средена јавна личност во Македонија?

***
Според мене најубаво облечени јавни личности во земјава се Каролина и Адријан Гаџа, а најлоша во таа сфера е Ленче Смилеска, водителката на емисијата - Зборуваме Македонски на МТВ.
 
да, секако. цаци паковска ми е идол(не овој бугарскиов).
инаку, секогаш го пратам модниот тренд од модните писти милано, рома, еспања и тако даље се со цел да сум фешн овде во скопје! носам бои во мода, најновите креации и секако стилот што прилега за сезоната. фешн акцесорис обавезно, ХЕЛОУУУУУУУУ! и така.
сара џесика паркер би рекла "I love fashion TV"!!!

edit-најубаво облечени:
џеј џеј со белиот сакич. елвир со бугарката. и секако, КАЛИОПИ НА ИЗБОРОТ ЗА ЕВРОВИЗИЈА! тоа е мода!
лејтест фешн, што би рекле ние зависниците од мода, овај нали.
 
да, секако. цаци паковска ми е идол(не овој бугарскиов).
инаку, секогаш го пратам модниот тренд од модните писти милано, рома, еспања и тако даље се со цел да сум фешн овде во скопје! носам бои во мода, најновите креации и секако стилот што прилега за сезоната. фешн акцесорис обавезно, ХЕЛОУУУУУУУУ! и така.
сара џесика паркер би рекла "I love fashion TV"!!!
убаво за тебе, ама зборуваме за јавните личности во Македонија, или можеби ти си некоја јавна личност за која сеуште не сме слушнале?:toe: :)

aха ок е , си направил едит :)
 
Според мене најубаво облечени јавни личности во земјава се Каролина и Адријан Гаџа, а најлоша во таа сфера е Ленче Смилеска, водителката на емисијата - Зборуваме Македонски на МТВ.

Ленче Смилеска најлошо облечена? Не би рекол... Сигурно има десетици политичари и музичари кои се далеку полошо облечени од неа. Иначе што и фали на женава, гледано од моден аспект?
 
Да обрнуваат внимание и се облекуваат по своја комунистичка мода. Иако ја вреѓаат полно Цаци сепак девојката според мене е добар стилист (освен лично таа не ми се допаѓа како се облекува, за себе претерува во комбинациите). А Цаци ги облекува Каролина, Туна и во последно време Тамара. Според мене најубаво облечените девојки кај нас се баш тие. А и онаа Иванннннна знае добро да се облече. Елена Ристевска исто така не е лоша.
Од машките Петар и Дадар.

Останатите копираат премногу, ептен гледаат телевизија и после си ги ангажираат малските шивачки.
Или некои посебно од женскиве толку имаат лош стил да колку и да им се збори дека се катастрофа тие пак по свое тераат. Андријана Јаневска прво место, Ева второ, Ноне трето и 90% од познативе наши личности би ги спомнала понатаму на листата.
 
Ленче Смилеска најлошо облечена? Не би рекол... Сигурно има стотици политичари и музичари кои се далеку полошо облечени од неа. Иначе што и фали на женава, гледано од моден аспект?
па што не и фали, почнувајќи од фризурата со тие плетенките до облеката, како времето да застанало за неа, ептем е демоде, но ако се одземе тоа, доста убава жена е, но за тоа не правиме муабет.
Инаку се согласувам дека има многу други јавни личности со доста лош вкус на облекување, но ете Ленче прва ми текна:toe:
 
Јас за Ленче би рекол дека што и да облечи убаво би и стоело, со оглед на нејзината фигура и релативно задржаниот убав и свеж изглед. Не би ја ставил во листата најлошо облечени јавни личности.
 
Незнам од кај да почнам .
Ај ќе почнам со политичарите. Ко јајце на јајце се .
Добро , имаат кодекс на облекување кој што им наложува да носат костуми (а искрено сите костуми мене ми личат исти) ама мајко му нека пробаат барем различни кравати да носат. За кондурите нема да коментирам .
Потоа , од актерската сцена повеќето се ексцентрици така да нема да треба да очекувате да бидат според најновата мода и секогаш си изгледаат уникатно и интересно .
Подобро е така да изгледаат отколку како другарите од холивуд кој трошат по милиони на парче за кое жена им рекла дека е убаво.
Потоа пеачите , е овие ми се најинтересни.
Ќе почнам од Некст Тајм . Типците се тотална копија на „стари рокери“ и нивниот изглед помина пред да речеме .. 50 Години??
Потоа Елвир Мекич !
Овој ми е фаворит на модната сцена .
Видете каков беспрекорен стајлинг!
Одлична комбинација на сакото со ЛАКИРАНИ ПАТИКИ ??
Добро , има ли човеков очи или ?? Ај оправдано му е .

Потоа ќе ги прокоментирам и овие што беа на изборот за Евросонг , тие беа кој од кој поНЕдобро облечени.
Онаа во виолетовото незнам како се вика , се опнала во минич и виолетови хеланки и тресе бутови кој бај д веј не се толку пријатни да се гледаат. Изгледаше како да ја облакале тројца : Двајца држеле , третиот ја гурал од горе за да ја собере.
Треба да сватат дека НЕ на секому му прилега мини сукња.
Потоа Калиопи , таа беше како извадена од Блек Метал спот. И фалеше уште Corpse Paint мислам и да пее како Тарја Турунен. Па добро , мајко му , не е на иста сцена со два бесни гитаристи ,тапанар и басист за да се облече така.
И за крај тој фустанот кој и да го имаше облечено (не ме служи најдобро меморијата ) што беше кремаст со црни точки на брадавиците и папокот.. Па побогу , треба да се егзекутира креаторот на тој фустан. Ми се слоши...

Според ова што го имам напишано , може да се каже дека Не , не обрнуваат многу внимание на својот стајлинг .. А богами и Цацито не ја бива па да може да им помогне.
 
Генерално да зборувам неможам, зошто има некои што обрнуваат и некои што гледаат прво нешо шо ќе им се фати да го облечат.. или сакајќи да изгледаат интересно мешаат стилови..
Од машкиве некако Ламбе убо се облекува, а од женскиве то ќе да се појќе Елена Ристеска,Лила Филипоска..
гласав за Не од причина што повеќето што сум ги видела на ТВ ми биле ко од маскембал излезени
 
Немам врска од стајлинг, но гледајќи од мој агол за лошо облечени би ги издвоил Мирка Велиновска, Ношпал ми е ама баш никаков и облечен, а и како креатор, Калиопи исто така.

Добро облечени има повеќе и мажи и жени. Елена Ристеска, Каролина, Јасминка Аневска, поголем дел од политичарите итн.
 
Мирка Велиновска е јавна личност? Јиха:)
Инаку, јас сметам дека многу внимание посветуваат на тоа како изгледаат, ама од консултирање со друагрки/мајка и од лошиот пример на турбо/чалга Грчко-Србско-Бугарско-Турските јавни личности, испаѓа да изгледаат сите ко од истиот калап, без никаква креативност или личен белег. Види ја Елена Ристевска и ќе сфатиш за што зборувам.
Од друга страна, од Македонските нејавни личности, има еден куп што зачудуваат со тоа како се облечени. На секое мое излегување во некое од т.н. пофенси места низ градов се прашувам од каде им пари и колку пати годишно одат во странство за да се облечат така како што се облечени. Зборувам за сериозно неверојатно добро облечени и средени девојки, а не за оние со јака шминка и златен корсет што се сликаат за ретардирани сајтови...
 
Каролина е најубаво облечената јавна фаца, со години цел тим од стилист, шминкер, фризер се грижат за неа, а можеби наскоро ќе биде и газдарица на Република де ла Мода во Трговски
Исто и Лила одлично се облекува во секоја можна прилика изгледа топ, без разлика што веќе е остарена, Елена, Туна се сосем ок, младешки изглед
Неверојатни модни киксови прават Ноне, Тамара, Андријана Јаневска, а најлошо облечени дефинитивно Калиопи и Верче Пандиловска
Одлично облечена е и водителката Иванна, како и презентерката Татјана на А1 Вестите

Од машките Ламбе се облака модерно, младешки и доста интересно, Гаџа е поексплицитен, а Елир и ЈЈ тераат некој селски тренд на светкави сакоа и патики :tapp:
 
Обрнуваат внимание, ама секој по свој вкус. Затоа често им се случува да погрешат.
 
Најубаво облечени ќе кажам за мак сцена зашо на странскиве има мноогу!
Најубаво ми се облечени Роберт Билбилов и Дани , Тамара, Елена.
Најлошо Елвир и Јован не ми се сфиѓа воопшто!
Иначе во последно време почнаа да внимаваат а порано ма јок!
 
Не можам да коментирам темава пошто не ми се приоритет фаци кои не вредат, но најмногу ценам уникатност и едноставност, кога би можеле овие 2 нешта да се спојат во стилот тогаш би било најдобро. Инаку славните фаци колку шо гледам сакајќи да станат поинтересни се прават папагали и прават големи утки во облеката. Биди свој и облекувај се како се осеќаш моментално, тогаш нема да згрешиш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom