Kаде отиде кошарката ?

  • Креатор на темата Креатор на темата the Consigliere
  • Време на започнување Време на започнување

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Како инспирација за темава ми беше една емисија каде имаше интервју со еден можеби од најдобрите светски и европски тренери а сега селектор на Србија, Душан Ивковиќ...Таму се разговараше за најразлични теми а меѓудругото се начна и темата дека кошарката не е веќе она што некогаш беше...
Имено, осврнете се околу вас и ќе видите дека све стана еден обичен маркетинг, а кошарката ,впрочем како и другите популарни спортови, е негова неизбежна слугинка...Некогаш се играше кошарка заради навивачите, заради нејзината убавина, заради надигрувањето и желбата за победа,а денес се игра заради пари, пари и пак пари...
Секако, целта ги оправдува средствата...Денес,целта е да се стигне до пари , не велам дека и порано парите не биле една од целите за промовирање на овој спорт, но тогаш тоа било во умерена доза...

Друго нешто што не ме импресионира е затупувањето на овој спорт...Се повеќе се игра на мускули, на сила, и не се бира начин на кој ќе се стигне до победата, и нема веќе шарм,грациозност,интелегенција,идејност, и најважното памет...
Ги глеам овие од НБА и секој ден се појше ми се гади тој баскет...Боље нека искочат на улица за да не мора да ги снимаат...Не сите екипи, да се разбереме, од 30 екипи во НБА , 5 се врвни и не заслужуваат да бидат плукани од мене, али овие другиве ја уништуваат кошарката ...

Се е поголем бројот на играчи кои влегуваат во НБА првенствено заради својата градба...Пораснал 2.15, набил мускули до небо и ај ќе праиме звезда од него...Каде бе, алооо ? Па такви без 1 % талент треба да идат ѓуле да фрлаат на атлетска стаза, а не да им се дава топка у рака за да одлучуваат утакмици...
Од НБА искрено не остана ни Н и баш затоа Дејвид Штерн размислува да вклучи и европски екипи...Намалениот квалитет но и новото тржиште се неговите причини и објаснувања заради кои би дошло до некаква фузија...
Ќе ви стаам eдем клип за да видите како некад се играло, а сами знаете како се игра сега...Разбирам дека мора да еволуира играта на некој начин, но ова е ептен брутално...

Југославија-1989...Можеби најдобрата екипа која некогаш играла заедно...
http://www.youtube.com/view_play_list?p=B13F8CC85B96D61A&playnext=1&v=mvEyuP0wJ6k

После оваа екипа и нејзините успеси и кошаркарски умеења, се е само една лоша копија и неинвентивност...
Сегашните американски тренери имаат учено тактики и начини на тренинг и психологија на играчите на европските кошаркарски клиники...
Сеа тоа му го продаваат на светот како свој изум и насекаде се фалат со своите знаења и квалитети...
 
Потполно си во право,сега кошарката е се повеќе на сила,се набилдани,тие што имаат талент кошаркарски,што играат со мозок,потешко се снаоѓаат,не можат да дојдат до израз,иако има некои што играат супер.
 
Не е битно кај отишла,јасно ти е се горе напишано како ја изгубивме,прашањето е како да ја "вратиме"?
 
Нема враќање, отидено е све , нема надеж за добар баскет со ретки и поштени исклучоци...Само и Евролигава опасно трга накај копилето Штерн( а и он накај неа) и сака да се шитне за ''грст долари'' и тоа многу ме загрижува...
За 5 години, ако не и помалце ќе има нова дивизија во НБА, - Европска , и од тој пазар ќе има доста голем прилив на пари пошо народот мисли дека све што е од Америка е апла квалитетно ...
 
Нема враќање, отидено е све , нема надеж за добар баскет со ретки и поштени исклучоци...Само и Евролигава опасно трга накај копилето Штерн( а и он накај неа) и сака да се шитне за ''грст долари'' и тоа многу ме загрижува...
За 5 години, ако не и помалце ќе има нова дивизија во НБА, - Европска , и од тој пазар ќе има доста голем прилив на пари пошо народот мисли дека све што е од Америка е апла квалитетно ...
Тоа имаш право,ама ова со набилданите кошаркари има и исклучоци не се сите без талент!!!:salut::salut:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom