Струмикс
Еден...не го знаеш!
- Член од
- 9 декември 2005
- Мислења
- 13.811
- Поени од реакции
- 3.347
- Возраст
- 47
- Локација
- Струмица
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Струмикс, овој проблем е сега актуелен... И не е лицемерно ако сега се отвори прашањето... Лично јас го отворив прашањето од некои мои сопствени побуди кои што немаат врска со тоа кој е на власт... Не ми е јасно на кого мислиш кога велиш дека некој сака политички да профитира, бидејќи во овој случај никој досега не се обидел тоа да го стори... Ниту сум прочитал од СДСМ дека побарале решавање на проблемот (иако и такво барање не мора да се оквалификува како лицемерие)... Во краен случај, проблемот на засегнатите професионални војници е многу побитен од тоа дали ти сметаш дека некој друг е лицемер или не... И темава е за тие професионални војници, а не за евентуалните лицемери!
А зошто велам дека е актуелен проблем? Во септември премиерот им вети на луѓето од здружението 'Достоинство' дека нивниот проблем ќе биде разгледан, но притоа ги упати решението да го бараат во надлежното министерство... Се покажаа како јалови сите обиди да се договори средба со министерот Коњановски... Не е објавено во јавност, но знам дека се испратени точно 12 официјални писма до министерството... И одговор добија само на последното писмо во кое што се вели дека министерот нема намера да потклекне на ултимативни барања!?
Кај кого ти гледаш лицемерие?
Како што и погоре пишав, проблемот се решава елегантно...за 5 минути, а може и помалку...се разбира, со претходна добра анализа. А не вака како што бил донесен законот, со празнина во него.
Знаеш...во Македонија е се политика. А тоа по дифолт е лицемерие.