Стрелец
El Mariachi
Достоинство најавува протест и бојкот на изборите ако не се реши статусот на професионалните војници
Професионалните војници од Владата бараат да им се реши социјалниот статус, зошто како што велата на 38 години повеќето од нив стануваат се социјални случаи. На денешниот состанок на Здружението “Достоинство“ во Скопје, се договориле за одржување на протест и за евентуален бојкот на изборите доколку не се најде решение за нивниот проблем.
Најверојатно протестот во униформи ќе биде одржан идната сабота на седми март.
Стојанче Ангелов рече дека на денешното состанок се разговарало за нивните понатамошни активности околу протестот и предлог за бојкот на изборите. Имаат намера уште еднаш да се соберат и да го изразат своето незадоволство.
“Бараме професионалните војници да останат во армијата се до исполнување на условите за пензија. Доколку некои од нив не се во можност да работат во своите матични единици поради возраста, за нив бараме да бидат распоредени во логистички и други единици каде што нивната возраст нема да им смета. Доколку нема простор за останување во армијата, бараме да бидат вработени во други буџетски институции, судска полиција, полиција“ вели Ангелов.
Џемал Мифтари професионален војник од Велес, вели дека министерството им рекле дека биле свесни дека кога го потпишувале договорот на три години, знаеле што потпишуваат.
“Кога ние сме подготвени да одиме во мисии во Авганистан, Ирак, дотогаш како ние не сме подготвени да останеме во единиците во кои работиме и да земеме една пензија да не останеме во пензија“ рече Мифтари.
Тие изразија незадоволство од работата на армискиот синдикат дека недоволно се ангажира.
[youtube]pImaDZHLCMs[/youtube]