ВМРО-ДПМНЕ нарачува гласачки „ДВАЕСЕТКИ„

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Гласачки „дваесетки“ нарачува ВМРО-ДПМНЕ

Вработените од ВМРО-ДПМНЕ во министерствата, агенциите, културните и други институции што се во надлежност на Владата мораат на претпоставените да им однесат списоци со по 20 лица што на изборите би гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Ваква наредба дал врвот на партијата и таа веќе се спроведува, велат високи партиски извори.

На списоците се пишуваат име, презиме и мобилен телефонски број. Потоа од партијата им се јавуваат на запишаните и ги прашуваат дали ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Според партиски извори, целта е да не се случи за овие избори партијата да освои помалку гласови од минатите избори, за што постоело одредено стравување во изборниот штаб.

Ова го потврдуваат и вработените што добиле задолженија да им однесат списоци на вработените, но и граѓани што веќе добиле телефонски повици.

- Ми се јави директорот рано наутро, ми рече дента кога ќе отидам на работа да го однесам списокот со 20 имиња. Немаше закани дека ќе останам без работа, но од колегите разбрав дека имало и такви кои ги уценувале дека од тоа им зависи работното место - вели вработена во една од институциите.

Под поголем притисок се сите што се поставени на функции и лицата што уште чекаат решенија за работа. Тие молат по роднините да им дозволат да ги запишат на списоците, па макар и да гласаат за друга партија.

- Ми се јавија неделава. Ми поставија само едно прашање, дали ќе гласам за ВМРО-ДПМНЕ. Им одговорив дека ќе гласам за да му помогнам на братучедот, кој ме замоли да ги даде моите податоци затоа што е загрижен за работното место - вели граѓанин од Скопје.

Врвот на партијата барал вакви списоци да достават и сите општински комитети низ државава. Општинската организација на СДСМ во Битола веќе обвини дека за само еден месец во Битола имало околу 300 партиски вработувања. Според Менде Диневски, претседател на ОО на СДСМ во Битола, 27 од вработувањата биле во Центарот за социјални работи, 19 лица во ЕЛЕМ, 24 лица во РЕК „Битола“, а двајца во хотелот „Молика“. Диневски обвини дека на околу 1.200 работници им бил раскинат договорот и дека на нивно место се примаат партиски војници кои исто така имаат обврска да донесат по 20 лица што би гласале за партијата.

Во ВМРО-ДПМНЕ официјално негираат дека ги тераат вработените во администрацијата да прават списоци со потенцијални гласачи. Сепак, партиски извори велат дека истата шема се применуваше и на минатите избори, ико списокот не е никаква гаранција дека запишаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

Сличен проект за будење на гласачите имаше и СДСМ. Со проектот наречен „десет“ секој член на СДСМ беше задолжен да комуницира со десет неопределени гласачи, да им ја објаснува партиската програма, да ги претставува кандидатите и да ги кани граѓаните на трибини. Целта беше кревање на рејтингот на СДСМ и враќање на довербата во оваа партија.

Извор:http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=326&ArticleID=18898
 
Тоа ти се вика Македонски начин на водење на политиката!
Значи овој пат неможеме да викаме , ние вака, вие така, ВМРО И СДСМ.
И ајде сега, каде е лекот? Како ова да се докаже дека не е озборување од спротивниот табор и како ако е да се искорени.
Вие како граѓани , какви идеи имате во врска со ова?
 
Не знам од кои "извори" пишувале новинарите, но за дваеските во институцијата кај што сум нема врска. Ни сега нити било кога некоја партија правела списоци. Сосем погрешни информации (да не ме сфатиш погрешно, не од тебе туку од медиумите) од новинари желни за сензации и караници. На ниедни избори, ниедна партија (ни вмро, ни сдсм) во ниеден момент не не прашувала за кого да гласаме или да правиме списоци. Досега барем не, за во иднина не верувам, а можеби. Иднината не ја знам. Можеби написот се однесува на малите места и нивните локални државни и јавни институции.
Инаку за вработувањата (и спроти потребите од драстично намалување на администрацијата), така е веќе цели најмалку 10 години. Само ми е ако стварно сакаат да намалат администрација да не почнат од непартиски вработените/неопределените вработени од порано, а партиските вработени да ги остават со уште поголеми бенефиции и награди.
 
Јавна тајна е правењето списоци пред избори.Но ова е Македонија така да ништо не е чудно :wink:
 
Вработените од ВМРО-ДПМНЕ во министерствата, агенциите, културните и други институции што се во надлежност на Владата мораат на претпоставените да им однесат списоци со по 20 лица што на изборите би гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Ваква наредба дал врвот на партијата и таа веќе се спроведува, велат високи партиски извори.

Лукот му се насмеал на кромидот дека многу смрди!
Истата идеја ја имаат и СДСМ,така ти е тоа кога има избори!
 
Е сега знаеме дека е Македонија де, ама нели на сите би ни сметало едно такво однесување од било која партија. И сега како да го смениме ова, конечно се помируваме со судбината и викаме нема друга „алтернатива“ за нас или ?
Може пак не мрзи да се замараме? Или пак ни е страв ? Или , Или , Или....
 
Извадок од ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ:

Посебни категории на лични податоци

За одделни категории на лични податоци со Законот за заштита на личните податоци е предвидена посебна заштита, како што се:

. расно потекло;
. религиозно уверување;
. политичко мислење;
. национална припадност;
. членство во синдикална организација;
. податоци за здравствената состојба;
.биометриските податоци; и
. податоци за сексуалниот живот.

Посебната заштита која ја уживаат овие категории на лични податоци произлегува од фактот што со нивната злоупотреба и неовластено користење и откривање се кршат и останатите фундаментални човекови права, а не само освен правото на заштита на личните податоци.

Обработката на посебните категории лични податоци е забранета, освен:

  1. Кога физичкото лице писмено ќе се согласи;
  2. Кога е потребно спроведување на конкретни права и обврски од областа на трудовото право;
  3. Кога обработката е потребна за заштита на животот или на физичкиот и морален интегритет на субјектот на личните податоци;
  4. Кога физичкото лице претходно јавно ги објавило;
  5. Кога тоа е потребно заради стекнување, остварување и заштита на правата на физичкото лице во постапка пред надлежни органи;
  6. За медицинска превенција, дијагноза, лекување или управување со здравствена установа и се врши од страна на лице чија професија е давање здравствена заштита под заклетва на чување на тајност на податоците за кое дознало во вршењето на неговата професија итн.
 
Ова тешко ќе го смениме. Кога виси работното место, ако треба не дваесет, туку четириесет ќе пишеме на списокот.
 
Ова тешко ќе го смениме. Кога виси работното место, ако треба не дваесет, туку четириесет ќе пишеме на списокот.
А од кај си сигурен дека ако им доставиш список со 20 лица кои ќе гласаат за ВМРО,ќе останеш на работа???????
Тоа ти го гарантира некој ?
 
Ova e cista propaganda, ovaa vest nema nikakva vrska i e maslo na SDSM deka tie najavia vakva akcija za 10 glasaci, a i koga bi bilo vistina koj moze da znae deka ke glasam, moze ke im obekam i na ednite i na drugite i ke glasam za nekoj treti, nikoj nisto ne mi moze, ovaa vest e samo za malounmi glupaci.( izvinete na izrazov ama nemam drugi zborovi za glupaci.)
 
А ти од каде си толку сигурен дека е пропаганда.Да не именувам институции каде што се собирани потписи.А за гласањето и мене не ми е логично зошто можам да се потпишам па да не гласам за таа партија
 
А ти од каде си толку сигурен дека е пропаганда.Да не именувам институции каде што се собирани потписи.А за гласањето и мене не ми е логично зошто можам да се потпишам па да не гласам за таа партија

Не ти е логично од ВМРО да ти дадат мобилен и да сликаш за кого си гласал?????
Желбата за власт е голема и "логична":tapp::tapp:
 
Не ти е логично од ВМРО да ти дадат мобилен и да сликаш за кого си гласал?????
Желбата за власт е голема и "логична":tapp::tapp:
Не сум размислувал за таа опција.Знам порано се даваа обоени фломастери за да можат да контролираат за кој си гласал во времето на СДС, сега списоци, ама не се криви тие глупиов народ е
 
Не ти е логично од ВМРО да ти дадат мобилен и да сликаш за кого си гласал?????
Желбата за власт е голема и "логична":tapp::tapp:

точно така
спомнав пред некое време во друга тема дека на член од мојата фамилија му беше побарано да однесе список со 20 лица кои би гласале за вмро,со име,презиме,матичен број и тел број
е сега немаше закана од типот,или донеси список или ќе леташ од работа
ама имаше 'демек услов' ако донесеш список полесно ќе добиеш решение за стална работа

п.с. ќе им се делат телефони со камера за да докажат дека гласале за вмро,од сигурни извори во штабот на вмро во пп
 
Не ти е логично од ВМРО да ти дадат мобилен и да сликаш за кого си гласал?????
Желбата за власт е голема и "логична":tapp::tapp:

Па нели сега ВМРО работи на тоа да нема вакви пропусти на овие избори, како што имало на некои од предходните каде гласачи се терале да сликаат. Тие самите рекоа дека тоа ќе го превентираат.
Да не тропаме сега зелени, правете реален муабет и разгледајте ги сите негативности од секој аспект, не само од оној на вас кој ви одговара. Кажавме сега некој не чини и ајдееееее, урааа Македонци , не чини!!!! Полека , користете ги главите!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom