Што всушност сака мажот од вас...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.318
Поени од реакции
34.732
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Мислите дека добриот и редовен секс е се што сака еден маж? Или дека тоа е најважната работа на свет? Се лажете. Мажите сакаат сопствена полица во тоалетот, помалку досадни фамилијарни собири, повеќе од вашите "женски излегувања", помалку овошје, а повеќе нездрави маснотии. Кога е сексот во прашање, веројатно вашиот мил ќе знае да го добие она што го сака и ќе најде начин да ја оствари својата цел. Она што го очекува од врската, сепак е тешко да се вербализира.

Сопствена полица во тоалетот
Миризливите купки, кремите за коса, специјалните шампони... На мажите им се крева коса од вашите работи во бањата. Жените заземаат три четвртини од просторот, а мажите остануваат со една мизерна четвртина. Не е никакво чудо што се гуши меѓу вашите козметички додатоци.

Да го разбудите среде ноќ потполно голи и напалени
Секој маж во една долга врска сака две работи: голотија и возбудување. Со овој потег ќе му ги исполнете и двете желби.
Разбудете го околу три наутро, кажете му дека сте имале "жежок сон" и дека сакате да го реализирате во реалноста.

Можноста да ги избегне досадните фамилијарни собири
Иако мислиме дека вашата фамилија е супер, ние повеќе сакаме кога се излежаваме на каучот и уживаме во единствениот звук кој допира до нас - гласот на коментаторот на фудбалскиот натпревар. Тивкото саботно попладне и вегетирањето во дневната соба ни е многу помило од празните муабети на роденденот на вашата внука.

Едноставо, измислете дека вашиот партнер има стомачен вирус и спасете го од досадното дружење, а тој како благодарност ќе ви прави друштво наредниот пат кога ќе одите на шопинг.

Повеќе од вашите женски излегувања
Да, добро прочитавте. Ние всушност сакаме кога вие одите на трач-кафе со пријателките, затоа што се враќате посвежи и весели. А кога сте вие среќни и ние сме среќни. Секако, вашето излегување ни дава за право и ние да планираме дружење со пиво, фудбал и разулавени пријатели...Но, вреди :)

Да му кажете дека изгледа мажествено и тоа да го поткрепете со некој убав гест
Секој маж сака да чуе по некој комплимент. Ништо не му е помило од тоа кога саканата после завршената работа ќе му донесе чаша ладно пиво. Звучи помалку ретро, но ваквите гестови се уште "палат" и го прават посреќен.

Орален секс
Понатамошните објаснувања се непотребни

Да го почитувате детето во него
Ќе ве обожава доколку не го исмејувате заради неговата колекција на макети, акциони фигури или стрипови. Можете да приговарате или - да одите заедно со него на премиерата на новиот филм во кој Хју Џекмен глуми суперхерој. Ова второто, кога подобро ќе размислите и не звучи така лошо, нели?

Валкани разговори
На мажите не им е важно местото ниту времето во кое се одвиваат валканите разговори. Сакаме кога зборувате злочесто, без оглед дали е тоа во кревет или на некое од досадните фамилијарни собири. Вашите ласкачки пораки секогаш ни го разубаваат денот.

Сакаме кога го фрлате ѓубрето место нас
Можебо нема да ја забележиме вашата нова фризура или вечерен фустан, но доколку го фрлите ѓубрето наместо нас, верувајте дека ќе го забележиме и ќе ви бидеме благодарни поради тоа.

Ако вашиот маж научил нешто гледајќи ги "Сопранови", тоа е дека кога некој ќе ти направи услуга, мораш да возвратиш. Без никаков проблем ќе ви донесе чаша вода, ќе ви направи сендвич или ќе ги собере валканите чорапи од подот.

Брзата храна за вечера понекогаш е вистинско решение
Здравата храна, пилешкото и зеленчукот знаат да ни излезат низ нос. Сакаме некогаш да не изненадите со масна пица, хамбургер, и секако, по некое пиво. И, доколку е со мера, никако не штети.

Не сакаме да ве слушаме како кукате поради вишокот килограми
Кому му е гајле што не можете да влезете во фустанот од пред десет години? Самодовербата секогаш е секси. Жалопојките дека сте дебели не се ниту малку привлечни.
 
acid dobro si navel sto sakaat mazite bravo va pofalba si a zenite da go prifatat barem pola od tvoite predlozi ke bide super vrska.
 
Еееее да имаше вакви жени......

Ај малце и јас да надополнам,си мислам дека и другите мажи истото го сакаат.
- Не водете инает!!Нас мажите многу не иритира кога ни водите инает,за некои беззначајни работи.
- Не префрлајте за нешто што сте го направиле како добар гест.Пример,како што кажа Ацид,сте го фрлиле џубрето.Да тоа е многу добар гест,и многу го цениме,ама во никој случај немојте да ни префрлате за тоа,во стилот:-Јас го фрлам џубрето,ти само лежиш,и фудбали гледаш!!! Ако правите вака,подобро не го фрлајте...
-Знам дека сме 21 век,и дека сакате рамноправност,ама факт е,дека секој маж сака да си мисли дека е тој главен во куќата.Значи,правете да мисли дека е тој над вас,така ќе избегните мноогу безпотребни расправии,а и самодовербата ќе му биди на високо ниво,што води до подобра врска.
Толку за сега,ова ми е од лично искуство:)Ако ми притекни уште нешто ке пишам:)
 
- Не водете инает!!Нас мажите многу не иритира кога ни водите инает,за некои беззначајни работи.
.
-Знам дека сме 21 век,и дека сакате рамноправност,ама факт е,дека секој маж сака да си мисли дека е тој главен во куќата.Значи,правете да мисли дека е тој над вас,така ќе избегните мноогу безпотребни расправии,а и самодовербата ќе му биди на високо ниво,што води до подобра врска.
Толку за сега,ова ми е од лично искуство:)Ако ми притекни уште нешто ке пишам:)
Ова е стандардна пракса ,сеа ни кажувате на нас како да се однесуваме по дома ......
А за инает тоа ќе не префатат будалите бидејќи мораме добар секс да даваме,да ни го зафаќате телевизорот за да гледате фудбал,а ние мораме да си најдеме некаква работа, ред други работи па навикнете се на тоа .
 
Абе и Ријана водеше инает, па види што ја снајде. А што убаво беше девојчето :)
Не, шала на страна. Дискутираме отворено за работите што ги сакаме од вас. Да не речете дека не сте знаеле. А тоа дали ќе ги прифатите или не - зависи од вас.
 
Мажите понекогаш сакаат мир и тишина, а не постојано кокодакање!

Исто така, кога ќе кажат дека ги боли главата, не сакаат веднаш реплика во стил: мене ме боли повеќе од тебе!
 
Мажите понекогаш сакаат мир и тишина, а не постојано кокодакање!
Добро, ова е опфатено во точката „орален секс“. Двојно задоволство :)
 
а ние што добиваме за возврат ?
Па, таквите ко тебе најверојатно цел живот ќе си го поставуваат ова прашање и никогаш нема да добијат одговор.
Ќе добиете задоволен маж, почит и љубов, нормално. А за останатото, ќе мора да се изјасните што всушност сакате. Исто како што ние се изјаснивме што сакаме од вас.
 
Па, таквите ко тебе најверојатно цел живот ќе си го поставуваат ова прашање и никогаш нема да добијат одговор.
Ќе добиете задоволен маж, почит и љубов, нормално. А за останатото, ќе мора да се изјасните што всушност сакате. Исто како што ние се изјаснивме што сакаме од вас.
А така ли ........:pipi:
 
Многу чудни створења сме жените,кога ќе видиме или слушнеме заклучоци од овој тип,ни доаѓа да се караме:)Но кога подобро ќе размислиме,кој не го сака сето ова набројано,без разлика дали е машко или женско.И јас сакам да ме остави на мира кога ме боли глава,и јас сакам да не ми ја чепка полицата во купатило,да не ме влече по фамилијарни собири на кои се чувствувам како да сум во излог,сакам да го фрли ѓубрето,сакам да испадне со другарите за да можам и јас да испаднам потоа без него,а да немам грижа на совест.
Пружи му го она што го задоволува,за да не ти ја полни главата навечер пред спиење.
 
Проблемот кај жените е дека повекето од нив се убедени дека сите мажи се исти,јас лично не се согласувам со тоа и мислам дека е глупост на човештвото поради тоа што секоја особа не е битно дали е машко или женсо е сосема различна од останатите.Да не се разбереме погрешно,,,Точно е дека мажите и жените имаат различни ставови за многу работи но тоа е веке друга тема.Јас неможам да опишам што точно барам од жена,поради тоа што често пати барам различни работи ...а никогаш не сум барал секс ,сето тоа спонтано иде.Може да се завршиш во кревет кога најмаце очекуваш и после одредено време сите се срекни и весели :smir:
 
Сега ми притекнаа уште 2,
-НЕ ПРЕТПОСТАВУВАЈТЕ што ке направиме,оти никогаш нема да знаете.Многупати се имам расправано со девојката,а причината била,-Знаев дека така ќе направиш....Море чупе,ако направам така,после карај ме,не сега!!!!!
-Не барајте ништо за возврат.Оти доколку сети мажот дека нешто правите,со цел да добиете нешто за возврат,никогаш нема да ви возврати....:)

П.С Јас како што се карам,така ке надополнувам:toe::pos2:
 
Па не ми личат овие наведениве баш реално..
Појше ми фаќаат на мажи од бедни Амерички филмови :wink:
 
мене па баш реално ми звучат. Посебно делот со кафосувањето со другарките.
Најискрајно голем број од горенаведените и ги сфаќам, а се обидувам се ова да го пренесам во пракса. И ми успева :pipi:
п.с не го пишав постов за да ќарам зеленки, едноставно стварно е така, и е еден важен дел како една врска би успеала.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom