ВМРО-ДПМНЕ: Актерот Петар Арсовски го клеветел Ристо Шишков

Статус
Затворена за нови мислења.
Mislam deka postoi komisija za lustracija koja e zadolzena za utvrduvanje na vakvi raboti samo ne znaev deka taa se naoga vo stabot na DPMNE i deka potparol na taa komisija e Oliver Sambevski.
Sepak sum blagodaren so sum pobogat za uste edna informacija.
 
Во исто време, пак, како што стои во дописот, му препорачуваат на началникот за аналитика на ВМРО Шамбевски, да го истражи случајот со носителот на нивната листа во Скопје, Владо Поповски кој во 91-та, како главен уредник на „Студентски збор“ и секретар на Републичката конференција на Социјалистичката младина, цитирам, попреку го погледнал и со груби зборови му се нафрлил на тогашниот републички секретар за правосудство и управа, Михајло Маневски, затоа што се обидел единствено за себе да си ги препише заслугите за активностите на движењето за Југославија.
Стварно чудна работа со овој "експерт" за се и сешто - Владо Поповски. Беше министер во три влади на СДСМ(на најразлични ресори) и директор на агенцијата за разузнавање. И сега е носител на листа на ВМРО. Имаа веќе такви искуства со кадри од спротивниот табор(Андов, Оровчанец, Тито Петковски, Трифун Костовски...... ) кој што откако дојдоа на функции повторно се вратија во матичното јато. Ако добро се сеќавам овој Поповски во пакет со Фрчковски на времето преминаа во ВМРО и им станаа советници. Ќе премине ли Поповски во СДСМ кога ќе дојде на функција или....
 
опкуружувањето на гвујо: Маневски и самиот тој незнае колку функции имал во КПЈ...боцевски од либерал отиде во сдсм па сега во дпмне,каргов по залагање на БЦ беше во Народна Банка исто и Ставревски каде беше незнам точно,,горданчето ,,,прво беше кај Циле па сега во дпмне....поповски =сдсм=либерал=дпмне..... , се стари вмровци нема што,,,,,,,,,,,,
 
Стварно чудна работа со овој "експерт" за се и сешто - Владо Поповски. Беше министер во три влади на СДСМ(на најразлични ресори) и директор на агенцијата за разузнавање. И сега е носител на листа на ВМРО. Имаа веќе такви искуства со кадри од спротивниот табор(Андов, Оровчанец, Тито Петковски, Трифун Костовски...... ) кој што откако дојдоа на функции повторно се вратија во матичното јато. Ако добро се сеќавам овој Поповски во пакет со Фрчковски на времето преминаа во ВМРО и им станаа советници. Ќе премине ли Поповски во СДСМ кога ќе дојде на функција или....

Мои лични проценки се дека ..сите сдсм-овските кадри кои се „примаат„ на привремена работа ..под контрола на ВМРО-ДПМНЕ..имаат наменска фунција..како лимон..се цеди и „корупката„ сосе семенките..пак се враќа..одкаде и е „обрана„...
:salut:
 
ПОРАДИ ДОСИЕТО ТАБАКЕРА ПРЕТЕПАН СИНОТ НА РИСТО ШИШКОВ

Васил Шишков: Ќе им вратам!

- Досието го добив од полицијата пред неколку месеци. Се вика Табакера и има 600 страници. Самото досие потврдува дека мојот татко не бил само обичен пијаница, актер во МНТ и глумец во некои македонски филмови. На првата страница од Табакера стои дека Ристо Шишков е македонски националист, сепаратист, шовинист. Според досието татко ми бил државен непријател на СФРЈ - вели Шишков

39D7D288C4A5D44BB2A7DC32534E73EC.jpg
Полициското досие Табакера е причина за физички напад на синот на познатиот македонски глумец Ристо Шишков, Васил Шишков. Ова вчера го тврдеше актерот Васил Шишков. Според него, Табакера е досие на неговиот татко Ристо.
- Досието го добив од полицијата пред неколку месеци. Се вика Табакера и целото досие има 600 страници. Го чувам во банка, бидејќи претпоставував дека ќе имам проблеми и закани. Самото досие потврдува дека мојот татко не бил само обичен пијаница, актер во МНТ и глумец во некои македонски филмови. Мојот татко се борел за кауза. На првата страница од Табакера стои дека Ристо Шишков е македонски националист, сепаратист, шовинист. Според досието татко ми бил државен непријател на СФРЈ, поради што бил следен постојано - вели Васил Шишков.
Тој е убеден дека во вторникот наутро во 9 часот и 10 минути бил нападнат и брутално претепан заради досието. Смета дека тоа било обид за негова ликвидација.
- Сакаат да ме замолчат, но нема да можат. Тие штотуку ја отворија пандорината кутија. Нема да ги оставам на мира. Ќе ги обелоденам сите еден по еден. Не им се плашам. Ќе им вратам - изјави вчера Шишков за ВЕЧЕР.
Според него, во досието Табакера се наоѓаат голем број имиња кои и се познати на јавноста. Доколку го заштити државата, Шишков тврди дека веднаш јавно ќе ги каже имињата на сите кои го следеле и се заканувале на неговиот татко Ристо Шишков. Ристо Шишков остана запаметен како контроверзна личност против која се водеа судски спорови. Во еден спор на Шишков му се судеше поради пцост во која го спомнал Јосип Броз Тито.
Шишков бил нападнат кај основното училиште Ј.Х.Песталоци. Вели дека не должи никому, ниту пак има приватни проблеми со некој за да има причина да биде така брутално претепан.
- Се сеќавам дека ме удри автомобил и јас паднав. Што се случувало потоа не се сеќавам. Но очевидци велат дека ме тепале со безбол палки. Со Брза помош ме однесоа во Клинички Центар. Таму дојде полиција. Имам повреди на вилицата, на окото и целиот сум со модринки - раскажува Шишков, кој има видливи повреди по лицето.
Во МВР вчера ни потврдија дека по пријава од Болницита полициски инспектори извршиле разговор со повредениот актер. Тој на полицајците им изјавил дека на последното што се сеќава е дека паднал. На нивното прашање дали некој го тепал или му се заканувал Шишков рекол дека и да го тепал тој не им се плаши.
Во Клиничкиот центар велат дека го примиле Шишков во вторникот наутро со видливи повреди на лицето. Било констатирано дека има повреди на горната и долната вилица, повреда на главата и лицето, но бил надвор од животна опасност. Бил упатен на максилофацијална хирургија.
Адвокатскиот тим на Шишков тврди дека од МВР побарале да го проверат случајот и истиот детално да биде преиспитан.
Досието на Шишков беше споменато и во предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш оваа партија објави дека актерот Петар Арсовски кој беше носител на советничката листа на СДСМ бил соработник на тајните служби во поранешниот режим. Според нив Арсовски во 1979 година директно учествувал во конструкцијата на обвинението против неговиот колега Ристо Шишков. Наводно во сведочењето пред судот, Арсовски го клевети својот колега, дека изјавил дека го мрази другарот Тито, а во прилог на тоа се заколнал и во своето дете. Тогаш тие побараа лустрациската комисија кога ќе почне со работа да го преиспита овој случај.

Извор
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom