Владата прави поморска флота

  • Креатор на темата Креатор на темата Soreno
  • Време на започнување Време на започнување
Морињата се ничии односно сите земји во светот имаат право на користење на морските и океанските води, освен крајбрежните кои не се подалеку од најистурената копнена точка на државата.

Да ама пак затоа се плаќа бродска лежарина ако немаш свои пристаништа(што би бил случајот со Македонија ),потоа лежарина за стока која ќе се складира во тоа пристаниште,годишно одржување на тие бродови во странски фирми ,знаејќи дека ние немаме такви фирми а ни пристаниште богами..Се на се земено ,незнам кој би се впуштил во оваква глупост:toe:

едит: А да и најважен дел во сето ова е што се нуди јавно-приватно претпријатие ,значи ако ова успее пак некој дебело ќе се скраси
 
Леле за вакво нешто прв пат слушам. Викаат имало и во други држави што не излагаат на море. Ова на кој принцип како ќе иде ич не го разбрав ама сепак ако помага за економскиот развој на државава супер ќе е. Само тоа флотана некој нека ми објасни дали тоа ќе бидат странски морнари и бродови под наше знаме или наши луѓе па и наши бродови?
 
А кои пристаништа и која флота ја имаат Панама, Малта и Либерија.....а сепак две третини од светската трговска флота плови под нивни знамиња?
Не е важно дали имаш море, важни се големините на давачките кои треба да ги платат поморските фирми..кај се најмали и најлиберални таму се регистрираат....само мислам малку касниме со ваква идеја, спомнатите три земји земаа што можеше да се земе.
 
Хахаха :)
Ова е најсмешното нешто што сум го чул годинава!!!
:pos::tapp:
Гвујо Оназис ! (хахаха )

Чуле они дека се прави некоја кинта со транспорт по море...
направиле `сериозна анализа` на компјутер...
и еве ги !!!
Македонска флота остваруваат !

НЕМОЈ НЕ МЕ РАДУЈ !!! :pos2: :kesa:
 
Постојат повеќе земји кои немаат море, а сепак имаат трговски флоти. Затоа, не гледам ништо спорно во оваа одлука на владата. Здравје, некогаш можеби ќе имаме и ние наше море...
 
Не бе баш е супер идеава....:pos:
Македонија море нема ама има флота....???!!!
Ме потсетува на скечот на К-15, со министерството за врски....
....кога Миле(Зоран) брат на Азис ќе направел море во Гостивар....
Комедии се овие од влада.....
Што наредно ќе смислат....да пратат македонец на Нептун, да збрца македонско знаме и да го прогласи Нептун за приватно одмаралиште на влада на МК....:pos::pos::pos:
Наместо да зема да стумулираат отварање на домашни бизниси, они запнале со Нептун, странски инвестиции, знамиња, споменицаи од 150м.
И остали говњарии.....
Еееее све е отидено у к**** ....
 
Постојат повеќе земји кои немаат море, а сепак имаат трговски флоти. Затоа, не гледам ништо спорно во оваа одлука на владата. Здравје, некогаш можеби ќе имаме и ние наше море...

koi se toa TAKVITE ZEMJI????
 
Абе битно е да имаме флота... За море лесно е, ке си земиме со багери ке ископаме...

Ибати будалите!

Пред да употребите „сочни пцовки“ прочитајте, разберете и на крај врз основа на факти плукајте. Вака само можете да заработите казна од 50 евра. :toe:

Постојат повеќе земји кои немаат море, а сепак имаат трговски флоти. Затоа, не гледам ништо спорно во оваа одлука на владата. Здравје, некогаш можеби ќе имаме и ние наше море...

Од твоја уста во Божји уши. :helou:

Леле за вакво нешто прв пат слушам. Викаат имало и во други држави што не излагаат на море. Ова на кој принцип како ќе иде ич не го разбрав ама сепак ако помага за економскиот развој на државава супер ќе е. Само тоа флотана некој нека ми објасни дали тоа ќе бидат странски морнари и бродови под наше знаме или наши луѓе па и наши бродови?

Исто како што кога Македонија, Унгарија и др. си купат нафта и некој им ја донесе до некое пристаниште. Тој некој не мора да биде и сопственик на тоа пристаниште туку корисник.
 
Во Македонија се е безвезно и се е безполезно и криминално!!!!
Само напред браќа Македонци, се што имате уништете и се што можете да имате одбивајте!!!
 
e pa sdsmovski debili eve uste edna razlika sto ve pravi uste poveke zatupeni vo svoite idei za razlika od luge koj se dojdeni so idei za napredok na makedonija samo napred za denesnive politicari sto se na vlast
 
Абе само го лажат народот..чудно секогаш пред избори се гради се и сешто, се инвестира секаде...со вакви овци шо има кај нас утре слободно може бугаринот Милошов да изјави дека имаме намера да купиме дел од Јупитер или Сатурн...пак ке има некој кој :pusk:..секоја идеја на Гвујо е прекрасна..исто како со Љубчо бугарчето, кој шо едно време беше безгрешен, светец...
 
Не бе баш е супер идеава....:pos:
Македонија море нема ама има флота....???!!!
Ме потсетува на скечот на К-15, со министерството за врски....
....кога Миле(Зоран) брат на Азис ќе направел море во Гостивар....
Комедии се овие од влада.....
Еееее све е отидено у к**** ....

Леле луѓе кај живеете вие бе?...

Излегол ли некој од оваа држава да види малце што им по бел свет?

Под Швајцарско знаме пловат еден куп бродови за транспорт на стоки, со што ја сврстува оваа земја во првите неколку по број на бродови за транспорт, и превоз на стока. После саатите, сирењето, чоколадата, банките и скијањето по ова е најпозната Швајцарија.

Не е битно дали излегува некој на море или не битна е регистрацијата и осигурувањето!
 
па добро, мислам и унгарија има морнарица/флота, а нема море!!!:vozbud::vozbud:зашо да не и ние??али пари брате парииии ке нема!!!! економска криза е, они флота...јбг мн сме напредни изглеа!
 
Леле луѓе кај живеете вие бе?...

Излегол ли некој од оваа држава да види малце што им по бел свет?

Под Швајцарско знаме пловат еден куп бродови за транспорт на стоки, со што ја сврстува оваа земја во првите неколку по број на бродови за транспорт, и превоз на стока. После саатите, сирењето, чоколадата, банките и скијањето по ова е најпозната Швајцарија.

Не е битно дали излегува некој на море или не битна е регистрацијата и осигурувањето!

Значи види вака.....идеата може ќе беше добра да бевме швајцарија...
или слична .... пуна ко брод земја ....
таа регистрација и бродови сигурно чинат пари ....
никој нема безпари да ни ги даде....
сигурно има подобар начин да се потрошат време и ресурси...во моментов....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom