Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А

Адриано

Гостин
F.C. Internazionale Milano

2lsgz9t.jpg


Лудилото наречено Интер



94583512.png

Клубски историјат:
Историјата не навраќа наназад се до корените на црно-сината фурија во 1908 во ресторанот L’orologioкога на 9 март група на бунтовници од Mилано одлучија да се спротистават на единствениот клуб во Милано-Mилан кој не дозволуваше во својот тим да играат странци.Резултатот на овој протестен собир во ресторанот резултираше со креирањето на еден од најголемите клубови во светската историја фудбалскиот клуб Фудбалски клуб - ИНТЕРНАЦИОНАЛЕ МИЛАНО.
79373556.png

Првото Скудето

Првото скудето е освоено две сезони после креирањето на клубот во 1910 година,второто следело 10 години покасно во 1920 година.


Првиот италијански куп е освоен во 1938-1939 на чело со големиот Џузепе Меаца.


После втората светска војна Интер тргнува со незапирливо темпо кон освојување на титулите 1953 го освоиле шестото скудето а веќе следната година ја одбраниле титулата, овие генерација го предвестувале она што допрва доаѓало-La GRANDE INTER(Големиот Интер).


На чело со дарежливиот Ангело Морати и со тренерската палка на Хеленио Херера, Интер ја достигнува светската слава.


Златните времиња допрва доаѓале а секоја година нов трофеј бил носен во трибините.


1963,1964,1965 се трите години по ред кога Интер успеа на својот дрес да ја закачи жолтата ѕвезда како втор тим во италија со над 10 титули, а како шлаг на тортата дошле и двете европски титули во тогашниот куп на победниците на куповите(денес ЛШ).


Со заминувањето на Херера од Интер и напуштањето на Морати од главното место директор на Интер, работите полека замреа и интер влезе во темница.


Од 1969 до 1990 Интер успеа да влезе до финалето на Купот на победниците на куповите уште два пати но ги загуби и двете финалиња.


И покрај големите вложувања во играчи на тимот Интер успеа само уште три пати да се искачи на тронот на италија и да го подигне пехарот.


Почнувајки од 1989 до 2005 Интер на европски план доби три трофеи во уефа купот а во италијанската лига после тринаесеттата титула како малер да ги биеше сите Интеристи и никако Интер не успеа да ја освои титулата.


Секоја година успеваше да биде втор или трет но никако прв.


Ова се случуваше се до 2006 година кога избувна калчополи скандалот.


Екипите на Јувентус,Милан,фиорентина,Лацио и реџина добија казнени поени и делегирање во втората односно третата лига(после жалбата најголемиот дел се извлекоа само со казнени поени).


Тогашниот претседател на Јувентус Лучијано Моџи доби затворска казна а неговиот Јувентус најголемиот срам што некоја екипа може да го добие-делегирање во сериа Б и бришење на две титули од контото од кои една заврши во рацете на Интер.


Со јувентус во втора лига и Милан со казнени поени на Интер му остана само да ја освои титулата и да го направи она што дотогаш никој не го сторил 17 утакмици врзани со победа.


Следната сезона Интер го урна и рекордот по освоени поени во една сезона-97 поени и побвторно освојување на тронот 15 пат по ред.


Следната 2007-2008 Јувентус се поврати од втората лига а Милан најави жестока борба за скудетото тука се надоврза и Рома која секоја година му задава проблеми на Интер и редовно се бори за повисок пласман.


Но Интеристите како да не ги интересираше тоа, нивната цел Тројна титула зацртана во главата на Масимо Морати и повраќањето на златна ера беше се што се важеше.


Но 2008 година и не беше така сјајна, со поразот на домашен и гостински терен од ливерпул под сомничави работи ги заматка плановите.


Овој пораз доведе до распад и несогласување внатре во екипата караници помеѓу тренерот Манчини и играчите, иако сите го негираа тоа целиот свет знаеше дека “нешто е труло во државата данска”.


Крајот на Сериа А ветуваше барем сигурен трофеј, сепак Рома успеа да се приближи кон интер на само 31 бод пред последната утакмица.


Интер веќе го загуби Италијанскиот куп од рома но не беше спремен да падне под притисокот и да потоне се во вода.


Со маестралната игра на шведскиот босанец Златан Ибрахимовиќ-Интер ја освои и шеснаесеттата круна на италијанскиот фудбал.


Следната недела роберто Манчини доби отказ а на негово место го наследи контроверзниот Хозе Марио Мурињо.


Португалецот на Интер му вети успех и трофеи и е на добар пат да ги задоволи страстите на сите интеристи.


Трае вториот дел од италијанската сериа А, Интер е прв со 9 поени разлика од најблискиот конкурент,сеуште е актуелен во лигата на шампиони каде го чека жесток дуел со светскиот и европски првак манчестер јунајтед, а тука е и италијанскиот куп во кој не очекува дуелот со сампдорија.

79373556.png


Факти за името на клубот:
Фудбалскиот клуб Интер во својата историја се појавил и под други имиња.На денот на своето основање бил крстен Интер за да се означи мултинационалноста на тимот!
1908.Официјалното име е F.C.Internazionale Milano кое стои во сите европски и светски федерации каде што членува тимот.
1928. AS Ambrosiania-Inter е терминот под кој тимот мора да настапува во италијанската лига поради фашистичкиот поредок кој бил воведен тогаш во Италија.
1929.A.S.Ambrosiana е ставено како официјално име на тимот но поради жалбите на навивачите и непрестаното извикување Интер Интер на утакмиците го натерало тогашниот претседател да го врати терминот AS Ambrosiania-Inter.
1945.Веднаш после втората светска војна клубот го промени своето име во почетната форма F.C.Internazionale Milano.
1908.Inter-milan е името под кое е познат тимот во англо-фонскиот свет за да се огради од терминот Интер.
79373556.png

Дресови

Во својата историја Интер секогаш ги користел своите црно-сини бои. Сината го претставува небото а Црната ја претставува ноќта. За време на фашистичкиот период кога Интер го носеле името Амброзиана дресовите биле бели со црвен крст на средината што го претставува знамето на градот Милано. Овој дрес беше носен и во сезоната 2007-2008 за да се означи сто-годишнината од постоењето
Прегледај го приврзокот 10128Прегледај го приврзокот 10129
79373556.png



















 
Прекари:

Nerazzurri - или црно-сините е прекарот под кој најчесто е именува овој тим-прекарот доаѓа од бојата на дресовите.
I biscione - или големата змија е вториот прекар на тимот.прекарот доаѓа од италијанската хералдика во која змијата ја претставувала фамилијата Сфорца(фамилија која владеела со поголемиот дел од Италија и Милано).
79373556.png

Навивачи


picture.php
Како и секој голем клуб што би бил Интер без своите верни фанови.Луѓето кои дури и своето срце би го дале за Интер се нарекуваат себеси
Boys-Sanгрупа формирана во 1969 година и секоја утакмица на Сан сиро ја прави спектакуларна со своите бои.
Други познати групи кои редовно се на трибините за својот интер се Viking, Irriducibili, Ultras, and Brianza Alcoolica..
Исто така важно е да се напомене дека Интер одсекогаш бил најподдржуван од буржоазијата во Милано за разлика од нивниот сосед милан чија навивачка екипа се состои од работничка класа.
Кога сме веќе тука не смее да не се спомне и името на човекот со сина крв и црни вени,човекот кој секоја утакмица седеше на трибините и жестоко го бодреше својот тим, тоа е покојниот Пепино Приско.

Пепино е фан на Интер уште од својата младост а го следел интер насекаде низ светот и заедно со него се радувал и плачел,се нервирал и си ја кубел косата но секогаш бил таму да извика по противниците!

priscopeppino.jpg

Најпознатите изјави на Пепино:

[FONT=&quot]"When I shake a juventino's hand, I count my fingers"[/FONT]

[FONT=&quot]"The greatest joy? Easy. Milan in B. And not once, but twice. Once after paying, once for free. I think that each time you go in Serie B, it's like losing 5 scudetti".[/FONT]

[FONT=&quot]"Hope for the future? I'd love someone to see me in the streets and shout at me: Peppino champion of Italy! I dream about the scudetto. And, since we're at it, Milan in B again."[/FONT]

[FONT=&quot]During a meeting, in front of 300 people the Monday after a Milan v Inter 0-3 in Serie A 1997-98:[/FONT]
[FONT=&quot]"Before I contribute to the debate, I'm asking you to stand up, for a very serious moment. We have to commemorate something. (At this moment everyone stood up, feeling a bit worried). Now, what I want to say is: Who don't jump is a rossonero!"[/FONT]

[FONT=&quot]"Inter was born by the defecting associates from AC Milan. That shows you how far you can go starting from nothing"[/FONT]

[FONT=&quot]"There are 2 great teams in Milan, Inter and Inter Primavera" - Peppino Prisco[/FONT]
prisco.jpg

[FONT=&quot]"Prediction for Milan-Ascoli? I wouldn't know, I don't follow lower-league football."[/FONT]

[FONT=&quot]Juve doping trial? When I saw Vialli resembling an alien, Inzaghi scoring 18 goals, Juve dominating in Europe, I knew something wasn't Kosher.[/FONT]

Peppino Prisco , според мене еден од најголемите и најлегендарни фанови на Интер , воедно беше и потпретседател на Интер долги години и учествуваше во славењето на голем број титули за Интер , 10 скудета , 4 купа , 3 супер купа , двете титули од Лигата на Шампионите , 2те интерконтинентални титули и 3те од Купот на Уефа ( беше дел од Grande inter, најуспешниот период за овој тим ), почина во 2001 година . Grande Peppino е легенда која засекогаш ке биде запаметена не само од фановите на Интер , тој беше една од поомилените фаци кај фановите на Јуве и Милан , дури и Малдини по неговата смрт изјави : Дербито Милан - Интер без Пепино никогаш нема да биде исто .
 
79373556.png

Ривалства:

Милан и Јувентус се двата најголеми противника на Интер во Италија! Ривалството со Милан е започнато уште од самото креирање на Интер со што дошло до поделба во градот! Ова Ривалство на теренот резултирало со големото Дерби денес наречено Derby della Madonnina (името потекнува од познатата статуа на дева марија во Милано).
Првиот натпревар е одигран во сезоната 1908 а последниот беше одиграна на 15 февруари 2009 кое заврши со победа на Интер од 2-1.

Другото Ривалство во Италија а и според некои најголемото е дербито помеѓу Интер и Јувентус.
Ова дерби не носело голем предизвик во италија се до 1967 кога поради сериозната закана на Интер да го превземе тронот на најтрофеен тим Џани Брера (најпознат италијански новинар) го нарекол дербито Derby d'Italia .
Во тоа време Интер и Јувентус биле единствените екипи кои имале ѕвезда на дресот што значи над 10 освоени титули во Италија
79373556.png

Легенди на клубот:
Џакинто Факети
Џузепе Меаца
Џузепе Бергоми
Хавиер Занети
Сандро Мацола
Алесандро Алтобели
79373556.png

Нашите шампиони:

Голмани

1 Франческо Толдо
12 Соарес де Еспиндола Хулио Цезар
22 Паоло Орландони

Одбрана

2 Иван Рамиро Кордоба
4 Хавиер Занети
6 Шерер Кабелино Максвел Андраде
13 Сисенандо Маикон Даглас
16 Николас Андрес Бурдисо
23 Марко Матераци
24 Ривас Лопез Нелсон Енрике
25 Валтер Адриан Самуел
16 Кристиан Киву
27 Андреа Меи
39 Давиде Сантон

Среден ред

5 Дејан Станковиќ
7 Мадеира Каеиро Фиго Луис Фелипе
11 Луис Антонио Хименез
14 Патрик Виера
19 Естебан Матиас Камбијасо
20 Сулеј Али Мунтари
33 Фаиоли Амантино Мансини
36 Франческо Болѕони

Напад

8 Златан Ибрахимовиќ
9 Хулио Рикардо Круз
10 Леите Рибеиро Адриано
18 Хернан Жорже Креспо
21 Нсофор Виктор Обиња
45 Барвуах Марио Балотели

Тренер и помошник тренер

Жозе Марио дос Сантос Феликс Мурињо
Џузепе Барези
79373556.png





Постигнати успеси:
28322156.png

Национални Титули

Сериа А:
·Шампиони (16): 1909–10; 1919–20; 1929–30; 1937–38; 1939–40; 1952–53; 1953–54; 1962–63; 1964–65; 1965–66; 1970–71; 1979–80; 1988–89; 2005–06; 2006–07; 2007-08
·Конкуренти (14): 1932–33; 1933–34; 1934–35; 1940–41; 1945–46; 1948–49; 1950–51; 1961–62; 1963–64; 1966–67; 1969–70; 1992–93; 1997–98; 2002–03
Куп на Италија:
·Шампиони (5): 1938–39; 1977–78; 1981–82; 2004–05; 2005–06;
·Конкуренти (6): 1958–59; 1964–65; 1976–77; 1999–00; 2006–07; 2007–08
Италијански суперкуп:
·Шампиони (4): 1989; 2005; 2006; 2008
·Конкуренти (2): 2001; 2007


Интернационални титули

Европски титули

Уефа Лига на шампиони (Поранешен куп на победнците на куповите)
·Шампиони (2): 1963–64; 1964–65
·Конкуренти (2): 1966–67; 1971–72
Уефа Куп:
·Шампиони (3): 1990–91; 1993–94; 1997–98
Митропа куп:
·Конкуренти (1): 1932–33
Светски титули

Интерконтинентален куп:
·Шампиони (2): 1964; 1965
Регионални титули

Серија Де Мартино:
·Шампиони (6): 1958-59; 1960-61; 1961-62; 1962-63; 1965-66
Трофео Тим:
·Шампиони (5): 2002, 2003, 2004, 2005, 2007
Бира Морети куп:
·Шампиони (3): 2001; 2002; 2007
Пирели куп:
·Победници: 2001против Рома

Стадионот



Местото каде што настапува Интер е Сан Сиро уште попознат под името Џузепе Меаца. Изградбата на овој стадион е започната во 1925 а првата утакмица одиграна на стадионот е дербито помеѓу Интер и Милан кое завршува со победа на Интер од 6-3. Со текот на времето стадионот се проширувал и се надоградувал за денес да биде со големина од 83.000 седишта. Како најголем стадион во Италија тој го држи приматот на храм на фудбалот
n4zigg.jpg




Благодарност до сите членови кои дадоа допринос за старата тема да ја достигне бројката од 1000 страни!

Ајде нека е аирлија темава и да ја исполниме со постови достојни за нашите шампиони, нека биде полна со постови за паметење, исполнети со радост. Тука ќе ги славиме сите титули на Интер, нека ни се множат успесите !!!

Со гордост: Адриано, Syn, _The Great_ , Meazza
 
Ајде со среќа вечерва, со среќа и новава тема.. и составите секако за вечерва..

За Интер ке играат

- Цезар, Маикон, Ривас, Чиву, Сантон, Занети, Камбиасо, Мунтари, Станкович, Адриано, Ибрахимович

За Манчестер ке играат

- В.Д. Сар, О Ши, Фердинанд, Еванс, Евра, Флечер, Парк, Гигс, Карик, Роналдо, Бербатов
 
ќе ве молам да ја довршиме старата тема!
а после се преселуваме на новава!
дотогаш модераторе или администраторе клуч на темава да не се прља нека стои 2 саата овака кејфска без други постови-избриши ги сите што се под информациите за интер!!!!
и така син има уште малце работа овде!!!
 
Ајде, уживајте, гостуваше Светскиот, Европскиот и Англискиот првак, со 100 универзални играчи во средниот ред, со најдобриот играч во Светот од изминатата сезона, најбитно беше да не се прими гол, со таа помисла играа и играчите, едноставно, не смееше да има грешка а аналогно на истото притисокот е огромен . . . . . хелооууу, со Јунајтед играа, не со Спортинг Лисабон .

Се на се задоволен сум, првиод дел дефакто изиграа подобро, али Интер играше со дупка во одбраната, Ривас, најсериозната прилика ја имаа по негови два кикса, една лоша офсајд замка, и еднаш кога лошо загради со Гигс . Вториод дел израмнето, Интер неколку полуприлики но како и двата тима да беа задоволни од овој резултат, 0-0 од една страна е супер за Јунајтед, али сепак мал притисок создава истиот врз нивната одбрана пред Се во возвратниот дуел, едноставно не смеат да згрешат .
Реално, за Интер да оди понатаму мора да постигне гол на O.T., на 0-0 да игра нема резон а и не верувам дека тоа ке се случи .

Спортски поздрав и до фановите на Јунајтед, па се гледаме за 2 недели на О.Т. :vozbud: .

п.с. Незнам што сте се фатиле за Мур, како што реков, Манчестер во средниот ред ги има Рони, Гигс, Парк, тројца играчи кој можат да играат буквално на сите позиции, универзални се, непредвидливи, креативни и можат да повлечат . А Интер једино Станкович, Мунтари и Камби у никој случај не можат да водат подолго топка и апла предвидливи се со оглед на тоа што играат стриктно со левата нога, Занети е стандард, али сепак, тој дел од теренот воопшто не е офанзивен. Споредете ги нив со средниот ред на Јунајтед, од една страна гледате дефанзивно настроена средина, од другата офанзивно . . . и тоа е .
 
Syn,не е провокација ама ....Кој беа играчите што ќе му одржеа лекција на Кристиано?:back:
 
мислам дека рио и џони на ибра и адри ги ставија в џеб :toe:
Не може за Ибра да се каже дека го ставија во џеб , ама за Адри да :smir: Ибра играше повлечено , дека немаме добар плеј , тука е цела работа.
 
Сега Интер има поголеми шанси да оди понатака. Сигурен сум дека ке даде гол на гости. И мурињо ја знае предноста која ке му ја донесе голот на гости така да во реваншот сигурно ке игра по отворено.

И сега Интер има повеќе шанси за понатаму,не треба да се губи надеж воопшто.Сега верувајте притисокот е на нив не на вас.
Треба умна тактика за на гости и готово.Умно бранење и чекање својата шанса,од полуконтри..
 
Темава ке ја заклучам, нека се изгура со другата до 1000ка, па ке ја отворам .

Ајде момци, честито нова тема :vozbud:
Супер вовед на Адри, браво и за Грејт . . . . супер го стокмија воведо .
 
Истиот ти кажуваше дека Мунтари ке го изеде педерчето Роналдо и Ферги ке си оди со 3 парчиња дома, ама видовме што се случи.
Мунтари :pos2:

А што добро направи па роналдо? второ полувреме не му го слушнав името како да не играше
 
Ајде не е ништо изгубено, Мурињо знае да го победува Ферги на Олд Трафорд. Реално Манчестер Јунајтед беа поблиску до победата, беа многу подобри во првото полувреме, во второто Интер беше подобар. Секоја грешка што ја направи судијата беше на штета на Интер. Немаше офсајд од Ибра, тоа ќе беше одлична шанса што можеби ќе го одлучеше натпреварот. Ви фали уште еден добар фудбалер од средниот ред, некој друг на местото на Мунтари.
 
Aj честито нова тема...Се потрудил Адриано..:helou:
 
Одлично направено, Адриано.

Како и да е, ненормална утакмица, се` на сe`. Премногу тензија, притисок и врз едните, и врз другите...
Не можам ни да замислам како ќе биде на Олд Трафорд.
 
Епа честито нека ви се 1000 страници,убаво ќе беше да победевте ама тоа е живот.Па мислам дека Мурињо научи што е работата е ќе му дојде мозок за на гости.
Најубаво е што не примивте гол дома,а сега се е можно.Тие ќе напаѓаат а вие ќе имате контри..:helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom