Надежни млади актери

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Во филмскиот свет се појавуваат огромен број на млади актери постојано.
Дел од нив се навистина талентирани и одлично си ги завршуваат своите обврски. Многу од нив славата ја стекнуваат уште во најраните години.
Но голем дел од овие млади талентирани актери, дали заслепени од својата слава уште во најрана возраст или од некои други причини, со текот на времето нивната слава тоне и многу ретко славните детски актери достигнуваат голема слава и успех во подоцнешните години, во нивната зрелост. Најчесто прават катастрофални излети во пубертетот и адолесценцијата.
Но секако има и такви кои имаат успешна кариера во текот на целиот свој живот, иако ваквите се поретки.

Кој е вашиот омилен млад или да речам детски актер?
Сметате дека ќе има и понатаму одлична филмска кариера?


Јас еве ќе спомнам неколку популарни млади актери

Дакота Фанинг родена е 1994 година и на 5годишна вораст ја започнува својата кариера најпрво во епизодни улоги во неколку серии, а во 2001 година во Tomcat ја има својата прва улога на филмското платно.
Истата година го сними и својот голем хит I am Sam за кој беше номинирана на SAGA наградите со само 8 години и е најмладиот номиниран актер.
И еден од најдобрите филмови на Дакота е секако War of the Worlds, каде играше заедно со Том Круз кој дал огромен број на пофални зборови до оваа млада актерка.
A тука би го додала и филмот Men on fire каде Дакота има феноменална глума.
co2.jpg

Јас девојчево го обожавам и омилена млада актерка ми е.
Се надевам дека ќе има постојано одлична кариера во Холивуд.


Ели Фанинг е сестрата на Дакота која исто така е многу надежна актерка. Јас не знаев дека девојчево е сестра на Дакота до пред некое време:). Исто и Ели има одлична кариера зад себе, а е родена 1998 година.
За прв пат се појавува во филмот I am Sam со само 2 години, но не се појавува заедно во кадар со сестра и.
Нејзини познати филмови се Babel, Reservation Road, The Curious Case of Benjamin Button ...
ElleFanning.jpg

Во филмовите што сум ги гледала е далеку посмирена од сестра и, мислам дека сосема различни улоги би им одговарале. А и Ели веројатно ќе е во сенка на својата сестра иако мене и ова девојче ми се допаѓа.


Даниел Редклиф е роден во 1989 година и всушност неговата прва вистинска улога и онаа која го направи екстремно популарен и најплатен млад актер е улогата на Хари Потер.
Последно нешто интересно од него е што се појави и во театарска претстава за која и доби награда за најдобар дебитант во театарските улоги.
Сега има 20 години, не е толку мал ама сепак:)
phpDOQLOT



Ема Ватсон колешката на Даниел е родена 1990 година и првата нејзина улога е исто така во Хари Потер на 11 годишна возраст.
emmawatsonnicepic1.bmp



Абагал Бреслин е родена 1996 година, а првите свои улоги ги има на 6 годишна возраст.
Девојчево исто ми е многу омилено.
244.breslin.abigail.101006.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom