Што е тоа што зафатените се попривлечни отколку слободните?

  • Креатор на темата Креатор на темата Foxy`BuTTerFLY
  • Време на започнување Време на започнување
Што знам од прееска се мислам на темава и цело време бар од мој аспект не би се сложила со ова. Јас кога ќе видам некој тип и ми се присвиѓа, не знам дали во моментот има девојка или не. Кога ќе дознаам дека има девојка се разочарувам и се повлекувам.

И јас како горе-наведените мислам дека е случајност, НО сепак мислам дека е малце забегано да дознаеш дека има некој дечко/ девојка, да и/ му се пуштиш, особата да те одбие, а ти пак да продолжиш да инсистираш со додворувањето, па уште да земеш да правиш планови за да ја расипеш врската. Тоа е страшно злобно.

Сепак сметам дека тој што не е во врска, може до вечноста и назад да се пушта, но оној кој е во врска е тој што треба да одбие и што треба да си ја држи опашката мирна. Нормално се случува да се подлегне на искушение, но финтата е да му оддолее човекот на искушението.

Јас во поглед на пуштање на зафатени немам, затоа што не им се пуштам. Башка јас и на слободни не знам да им се пуштам смотана сум. Ама сепак, си држам до своето и воглавно се држам на страна од зафатени.

На мене не ми се пуштале кога дознале дека имам дечко. Додуша јас и не приметувам кога некој ми се пушта и кога сум слободна, ама сепак не сум имала проблеми додека сум била во врска, зашто за мене постоел само тој со кого сум била во врска.

Не сум имала некакви проблеми по однос оваа проблематика и баш ми е мило заради тоа. Не сум јас родена за шпански серии и сплетки и си се држам од такви работи на страна. Досадна сум, знам.:pipi:
 
Епа мислам дека имам одговор на ова прашање...Незнам каде прочитав во весник или новина некоја дека заљубените луѓе кој што се во врска имаат редовен секс убаво им е во врската тие зрачат со некој вид на бариера кој што не се гледа а се приметува од страна на спротивниот пол..
Еве лично од мене можам да приметам дека секогаш кога имам девојка кога ми е убаво со нејзе скоро секогаш ми се пуштале од страна други девојки, не дека кога сум немал девојка не ми се пуштале ама кога имам девојка имам приметено дека пуштањето е со многу поголем интезитет...Дали станува збор за бариерата која што претходно ја спомнав не знам...Сигурен сум дека и на вас луѓе ви имааат спомнато онака леле светиш очите ти сјааат се приметува дека си заљубен и остали ствари...Значи очигледно станува збор за нешто што се дешава кога луѓето се во врска и се заљубени...Едноставно убаво се чуствуваш сакаш те сакаат имаш редовен секс по сето ова нормално и дека за некој степен поубаво изгледаш, а тоа е приметено од околината...
Нормално ми годи кога некоја девојка еве на пример сум во дискотека и ми пријде мене покрај толку машки во дискотеката, убаво е да се чувствуваш посакувано, крај краева мал флерт не значи ништо лошо ама да се придржиш кон тоа...се што би ја преминало границата тоа е опасно по законот:nenene:...Али денеска жениве ти се змии " жена ѓавол " како што викаат старите и во право се...кога нешто ќе си замислат мора да се оствари...=Повлечисе на време зашто послем сигурно ќе се каеш= не подлегнувај на искушенијата ....ова е мој пример
Ете го моето мислење се надевам дека некој ќе пронајдат вистина во ова ...поздрав!!!
busted.jpg
 
Не дека зафатените се попривлечни, далеку од тоа. И денес зафатениот некогаш бил слободен. Убавината е таа, или си убав или не си неубав, значи не е тоа работата. Поентата се состои во предизвикот, можноста за натпревар и докажување. Секој има право да се бори за своите интереси и желби. Ако мојот интерес е зафатена личност многу јасно дека нема да се повлечам само затоа што е зафатен. Мое право е да и пристапам на таа личност, а нејзино е право е дали ќе ме прифати или ќе ме одбие. Ако ме прифати не сум јас таа што ја расипала врската туку тој. Ако ме одбие продолжувам понатаму и не се мешам повеќе.
 
Nikogas ne sum se zagleduvala vo tugi deckovci neznam ne mi e vo karakter nit pa mi se privlecni zatoa sto se zafateni.Uste pomalku bi rasturila necija vrska neznam mene toa mi e grev da razdvois dvajca sto si se sakaat,no ete za zal ima i takvi koi ziveat za da rasturaat vrski ili se mesaat vo tugi vrski od takt se vadam od takvi luge zosto go imam na svoja koza oseteno toa.
 
Сакам ризик, сакам таква авантуристичка игра.
Кога знам дека и на неа и е убаво, мора да биде мрдната за да си игра само.
Попривлечна ми е некоја зафатена, бидејќи самиот поглед е посладок, подолго се памети.
Ох, да многу е сладок тој поглед од зафатена девојка,
не за друго туку, може и нешто да испадне.

Вистината во сето тоа е што, се е реално, без имзмиследни покрети и погледувања.
 
Ова ти се вика чудесниот ум на човекот. Не бираме ние кој ќе ни биде привлечен, тоа си доаѓа само по себе. Ако јас се затрескам во некоја, а потоа дознаам дека таа има дечко, колку и да сакам нема да може туку така да ја избришам. Сепак се појавиле некои чувства од моја страна, и тоа дури пред да дознаам дека е во врска. Само што откако ќе дознаам, не може туку така се да тргнам на страна.
За луѓето кои се мешаат во врски ( е вака ќе им се допадне некој и мораат да ја растурат врската), имам само едно нешто да кажам. Тоа се огорчени луѓе кои во животот научиле се’ да добиваат со газење и уништување на туѓата среќа. А пак додека го прават тоа ја губат првичната цел (да бидат со оној кој им се допаѓа), и забегуваат таму некаде на страна, за на крај да бидат задоволни само со уништената врска.
Не верувам дека зафатените се попривлечни од слободните. Едноставно, има многу слободни кои се исто така привлечни како и зафатените, само што се’ уште не нашле со кого да се “зафатат“:):smir::helou:
 
Психологија, мајко му.

Има една работа што е главен виновник за будењето интерес на секое поле, а особено љубовното, а тоа е предизвикот. Ако е зафатен, значи дека е потешко достапен, а со тоа автоматски е и поголем предизвик.
У комбинација со предизвикот тука е во игра и конкуренцијата. Ова па второво е врзано со егото. Ако сќариш тип што во тој момент и припаѓа на друга девојка, ти си подобра од неа затоа што те одбрал тебе, а истовремено си победила во предизвикот што си си го зацртала.

Шо знам, ваљда вака некако се објаснува.

Признавам дека не еднаш ми се случило некој тип што претходно не ми будел интерес да ми падне во очи дури кога ќе го видам со девојка.
Ама ја пошо сум мирно девојче и се трудам да избегнам конфликти, ретко или никогаш не вложувам напори да освојам некој зафатен, зошто нејќам да се мешам у туѓи штипки, па во вакви ситуации се повлекувам, ама ете, мислата си останува, стварно се поинтересни кога се зафатени. :)
 
Poprivlecni se da zasto od ljubovta cvetaat kako cvetovi :smir: vikat i ja su se razubavel toa e rezultat blagodarenie na mojta zenska slusaj ne da se falam ama taka e :vozbud:
 
Бидејќи сите сакаме малку авантура, малку предизвик, да знаеш кога си со ена можеш нареднито ден и ќотекот да го изедеш па и адреналинот расте. Ова некако исто ти иде зошто крадеме. Па ебаго туѓото е послатко одколку нашето.
 
Туѓото е туѓо! Моето ми е најпривлечно и најпосакувано.:pipi:
 
Бидејќи знаеш дека не е некој до толку ненормален, штом може женска да си фати.
 
Можеби бидејќи мислиш дека ти си подобар(поубав) од неговиот/нејзиниот партнер.
 
Форумов има најгусто напикани лаги на инч квадратен. Добро, темава признавам има и од оние фините коментари, реалните.

Нормално дека зафатените се по привлечни. Ако не од онаа психолошка точка која PSY ја спомна, тогаш сигурно од сјајот во очите и среќата која личноста ја шири. Сексот кој го добива, позитивната енергија која ја зрачи. Релаксираноста. Статусот кој го носи со себе, односно дека вреди (На Никола муабетот), партнерот кој го носи под рака, исто така си ја носи пораката која секако му од во прилог. Ако е грда, “боже, овој заслужува подобро“ а подобро е секогаш јас, ако е убава следи прашањето што во себе крие за да ја заслужи убавицата.

И даааа, никој не влегува во туѓи врски :tapp: Ве заболе вас сите курац за некој таму кој ја има девојката, пардон дечкото шо ви се свиѓа. Ни мене никад не ме болело, зашто за да се запалам за девојка која има дечко мора таа да ми даде повод. А ако ми дава повод мене, ќе му дае и на некој друг повод.
Паметна девојка знае да цени она што го има, а ако не знае, онда увек се таквите као мене кои шо нема да ги заболи да ја прифатат поканата. И момци, коа ќе ја фатите девојката како флертува со некој сељак, не го тепајте него, влепете и ја неа една ако морате да удрите некого. Не е тој крив, таа е. :helou:
 
Зафатените се попривлечни али за мување само..
Иначе што ќе ти е некој ако ете рецимо и раскинал на женската ради тебе или ја скапал варање со тебе.. Што после коа ќе го фатиш нема истото да ти го прај? Кога можел на една зашто не и на сите остали?
Забранетото само за лижење.
 
Можеби си има нешто што некои луѓе ги привлекуваат зафатени. Има луѓе што не ги ни интересираат слободни. Се зависи од тоа што бараш, што ти треба и какви надежи имаш. Ако ти сакаш да си го освежиш егото, тогаш можеби ќе се залеташ и по некој што веќе си има некого. Потреба од докажување дека си подобар од некој друг, па човекот што сакаш да го освоиш го гледаш како трофеј. Чист натпревар или „хоби“ без некои посебни емотивни приврзувања со таа личност.
Има ситуации кога некој ќе ти се допадне, па толку многу ти е пријатно со таа личност што не те интересира дали е зафатена или не, гледаш само да бидеш среќен, не мислејќи на тоа дали ќе расипеш врска, те интересира само тоа како се чувствуваш ти.
А да не зборуваме за случаи кога некој сака да се одмазди или чиста злоба.

Инаку, генерално, за мене е без врска да се залеташ по некој само затоа што е зафатен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom