Владата за статуите одвоила 8 милиони евра?!

  • Креатор на темата Креатор на темата bitushanec
  • Време на започнување Време на започнување
Кога штрајкуваа просветарите важеше Светската Економска Криза, зашто истата кога се во прашање статуи од 8 милиони евра не важи ?!
 
Како не важи, важи бе...ама сега за ОПОЗИЦИЈАТА :kesa:

Тоа ти се вика применето политиканство.
 
Како не важи, важи бе...ама сега за ОПОЗИЦИЈАТА :kesa:

Тоа ти се вика применето политиканство.

Опозиција ? Има многу зборови во речник кој можат на друг начин да го окарактеризираат тој дел од македонската политика, за жал зборот Опозиција не е соодветен .

Поенатата ми беше, 8 милиони евра е преголема сума на пари која ке биде потрошена во период кога дефакто владее глобална економска криза, или, зашто истата беше спомнувана во периодот кога просветарите штрајкуваа, зашто тогаш фино лепо не беше кажано, извинете, сакаме да градиме споменици, слободни сте . :toe:
 
ај спомениците се една работа, ама не ми е јасно што толку запнале со коњите. Па на Гоце Делчев поубаво би му личела книга отколку коњ.
Ене еден коњ има преку мостот, доста е.
 
ај спомениците се една работа, ама не ми е јасно што толку запнале со коњите. Па на Гоце Делчев поубаво би му личела книга отколку коњ.
Ене еден коњ има преку мостот, доста е.

Изгледа оку амутите е,зошто народот не сака да гледа настрана.:pos2:
 
Опозиција ? Има многу зборови во речник кој можат на друг начин да го окарактеризираат тој дел од македонската политика, за жал зборот Опозиција не е соодветен .

Поенатата ми беше, 8 милиони евра е преголема сума на пари која ке биде потрошена во период кога дефакто владее глобална економска криза, или, зашто истата беше спомнувана во периодот кога просветарите штрајкуваа, зашто тогаш фино лепо не беше кажано, извинете, сакаме да градиме споменици, слободни сте . :toe:

Абе јас сосема те разбрав, но како што можеш да приметиш, станува збор за политиканство.

Кога штрајкуваа просветарите, Владата велеше има светска финансиска криза, а опозицијата беше главниот мотиватор на штрајкувачите.

Сега, Владата троши 8 милиони евра и наеднаш не е проблем св, финансиска криза, а опозицијата па и на форумот како што можам да приметам се најгласни обвинувањата за трошењето пари во време на св. финансиска криза.

Опозицијата и дел од невладиниот сектор ги критикуваа одлуките за поставувањето на споменици. Сметаат дека во време на светска криза, парите треба да се трошат за намалување на последиците од очекуваното зголемување на невработеноста и сиромаштијата, а во случајот со споменикот на Александар и за да не се провоцира Грција.

Двојни политички стандарди.


Сега, во однос на спомениците, само статуата од 18м на Александар се прави во Италија, во Фиренца.

Спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев( не Јане Сандански), ќе бидат качени на коњи и се изработени од глина.

goce-delcev-spomenik.jpg
dame-gruev-spomenik.jpg
 


EDIT.
Малку ја згрешив перспективата,пошто ова е сликано од правец: кон каросерија,а не обратно,кон гаражите.
Во зградата пред вас,од ќошот лево до профилот што ги држи цевките од системот за греење се произведуваат `италијански` статуи.
(шмизли и остали срања).
Абе гмизавец,се пикаш по фабрики и шпиунираш,а???Јас мислам дека онде внатре не се прават статуи туку има НЛО.Не го гледаш И-Ти ѕиркат од прозорон.
 


Го гледаш тоа цревото што поминуе на сред слика? :)
Тоа им е водата потребна на то вајарите у процес на `обработка`.
:pos2:

Него,италијански скулптури викаш,а?
:pos:
 
Зевсовиќ немој да њушкаш многу оти со ЦИА ќе си имаш работа.:pos2:


Доаѓаат Гоце и Даме на коњи
Петметарски споменици на Гоце Делчев и на Даме Груев, качени на коњи, ќе никнат на скопскиот плоштад веднаш по изборите, дознава телевизија „А1“. Спомениците ќе бидат поставени лево и десно од Камени мост во Скопје. Тие се веќе изработени во глина и се чуваат на тајна локација во земјава. Наскоро се планира да патуваат за да го добијат својот конечен изглед. Треба уште да бидат излеани во бронза, тврди телевизијата.
Овие два споменика ќе бидат првите од 17-те што општина Центар има намера да ги постави во потесното градско подрачје. Споменикот на Александар Македонски, за кој се крена најмногу прав, според информациите, се изработува во Фиренца, Италија. Се уште не се знае кога ќе биде готов и кога ќе се постави на средината од плоштадот Македонија.
Спомениците ќе чинат околу 8 милиони евра.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=1630&ArticleID=108211
 
Зевсовиќ немој да њушкаш многу оти со ЦИА ќе си имаш работа.:pos2:
А бе олош... :tapp:
каде и од каде јас имам пристап и знам што се дешава у тој фак`н ФАС е сосем друга,небитна за тебе и лична за мене тема.
Не мислиш ваљда дека преку ограда сум скакал и сум сликал крадешкум?
Бог да чува и да брани од ...

Тоа што беше битно е дека некој лаже и вика дека има италијански скулптури кои што коштаат 8 милиони,а уствари ги прави крадешкум у погон од ФАС.
 
Па дај бре да ги видиме како ги леат спомениците.А не сликаш некој црева на сред слика.Дотогаш спомениците официјално се леат во Италија.Капиш???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom