Најдобра радио станица во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Зависен сум од...?


  • Вкупно гласачи
    119
Секогаш кога не ми свират песни од винамп, ми е пуштено Лајф Радио. Бог знае од кога немам сменето станица. Најмногу ми лежи нивната музика. :pipi:
 
Моја топ листа за радиа

1. Антена 5
2. Сити Радио
3. Клуб Фм
4. Метрополис
5. Спортско
 
Сити Радио како најдобро скопско радио со разновидна музика.
Метрополис како најдобро национално радио со разновидна музика.
Клуб ФМ како најдобро радио на сите времиња поради жанровите на музика кои го емитува (:)).
Лајф Радио како радио кое почитува вистински вредности и е вистинско уживање за сите љубители на рок, рок ен рол, блуз и слични правци на музика. :)
 
Уште од порано си слушам Антена и ми се допаѓа нивниот концепт на работа, пуштаат внимателно одбрани песни, имаат водители кои најчесто зборуваат максиум минута време и не го тупат, имаат јаки џинглови, рекламните блокови не траат до зајдисонце, имаат (и први почнаа) со емитување емисии на странски познати ди-џеи, се трудат секогаш да бидат онаму каде што се случува нешто, и кога сакаат да направат од некој настан спектакл го постигнуваат тоа.

Во последно време доста често слушам и Метрополис, и тие имаат супер избор на музика, рекламните блокови ги има на подалеку и не се многу долги, од емисии знам само една, онаа од 9 до 12 Петар за појадок и пауза и секогаш кога сум дома ова време ги слушам бидејќи стварно добра емисија знаат да направат.

Сити слушам понекогаш ама ретко кога успеваат да ме задржат подолго време бидејќи немаат толку добар избор на песни, или барем мене не ми се свиѓаат. И плус ги имаат дефинитивно најдолгите рекламни блокови. Погоре Acid рече дека мора да живеат од нешто али еве Антена на пример нема толку големи рекламни блокови али сепак сигурен сум дека заработува повеќе од Сити (добро и нацинална е), бидејќи си поставиле лимит, си рекле луѓето олку реклами ќе пуштаме, олку музика и за да заработуваме толку и толку пари една секунда емитување ќе ја наплаќаме толку, и ќе одбиваме компании за да не го претвориме радиово во незнам соодветен збор.

Фортуна и Скај се тип на радија како охридското MX во кое работев со мак и екс ју музика ама и тие ретко кога успеваат да ме задржат бидејќи многу (барем за мене) глупи песни пуштаат, не дека нема и добри ама немаат добар избор на музика сепак.

Море колкав пост напишав... :nesvest:
 
Дечки, кое е радио на фреквенција 90.5 (во Штип го фаќам така), по гласот ми се чини дека Драган Б. Костиќ пушта некој фанк/џез/соул.

Прекрасна музика, како се вика радиото? :)))
 
Мојот Топ 3:
1. Антена 5: Секогаш го нуди најновото, најдоброто, најсвежото од светската музичка сцена, а воедно ги има и најдобрите радиски ДЏи кои покрај пуштање музика, знаат да кажат и нешто паметно.
2. Македонско Радио: Радио Скопје е доказ дека и во денешно време на масовност на визуелните медиуми, радиото сеуште може да понуди повеќе од музика и реклами. Нудат буквално се што може да се пренесе звучно: вести, контактни емисии, документарци, драми, хумор. Радио 2 пак доста добро ги комбинира информациите со солидно одбраната музика.
3. Метрополис: Музички нудат добра комбинација помеѓу ретро и актуелни хитови, странска, македонска, Екс-Ју музика.
 
Најмногу ги слушам Антена5 и Метрoполис, а понекогаш и канал 77:)
 
Гласав за life...ама се двоумев за ravel.
Но не сметам дека се најдобрите во Македонија.
 
Гласав за life...ама се двоумев за ravel.
Но не сметам дека се најдобрите во Македонија.
Значи, си ја утнал поентата на темата. Кои сметаш дека се најдобрите?
 
За најдобри сметам дека се Метрополис, Антена 5 и City Radio ама најслушано ми е Life Radio, под најслушано мислам на кога одам со бус од Чаир до Карпош па да не ми е досадно на мобилен си пуштам.
 
nema so da se prave muabet koe radio e najdobro
A N T E N A 5

a vo posledno vreme i CLUB FM slusam,ama imaat edna maana samo preku internet mozam da gi slusam oti se uste ne se dostapni za vo makedonija da se slusa
 
антена фајв и крај бе :):helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom