Политиката околу спорот за името: стратегија, незнаење или терање инает ?

  • Креатор на темата Креатор на темата realen_07
  • Време на започнување Време на започнување

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Обединетата Македонска дијаспора: Груевски им дава аргументи на грците !
По информациите дека грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани во март или најдоцна почетокот на април ќе има средба со новиот американски државен секретар, Хилари Клинтон. Македонците во Америка следната недела почнуваат кампања за масовно испраќање писма до конгресмените и сенаторите. Ќе ги информираат за правата на македонското малцинство во Грција и ќе бараат поддршка. Ќе потсетат и на добрата американско - македонската соработка.

- Иако Грците тоа редовно го прават како и ние и иако мислиме дека се поголема бројка од нас добро е тие конгресмени и сенатори да знаат дека има Македонци во нивните држави и дека не ќутиме на грчкото лоби. Често пати кога ние одиме во Конгресот се случува првото нешто што го викаат да биде дека ова е првиот пат некој Македонец да дојде во нашата канцеларија, изјави Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора.

Од Обединетата македонска дијаспора велат дека најавената посета на Бакојани не е за изненадување. Очекуваат таа да присуствува на свечениот банкет што секоја година на крајот од март го организира американскиот претседател во чест на грчкиот ден на независноста. На прослава се покануваат по околу 250 највлијателни Грци во Америка. Македонците велат дека до тогаш имаат време да се подготват за лобирање, но порачуваат да се внимава со провокациите од македонска страна. Како пример ја даваат антимакедонската резолуција која Грците се обидуваат да ја протнат во Конгресот од 94-тата година. Она што загрижува е што со текот на времето таа добива се поголем број на поддржувачи.

Повеќето конгресмени ја поддржаа таа резолуција поради тоа што се преименува аеродромот “Александар Македонски“.
Мислам, аргументите беа на страна на Грците и ги искористија многу добро, така што треба малку и претпазливи да бидеме со такви потези. Нели имаше и пред Букурешт Премиерот постави цвеќе на гробот на Гоце Делчев и на тој гроб имало мапа на Голема Македонија. Тоа многу го искористија Грците во Америка и добија повеќе поддршка од сенаторите и конгресмените поради тоа„ , изјави Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора.

Тврдењата дека Македонија спроведува националистичка пропаганда со територијални претензии кон Грција, Бакојани минатата година пред сите членови на Комисијата за надворешна политика на Сенатот го аргументирала со фотографијата со Премиерот пред картата на голема Македонија.

Линк
Груевски ги прогласи за државни непријатели сите оние кои укажуваа и предупредуваа на погрешниот начин на кој се води политиката околу спорот со името, почнувајќи од "домашните предавници", па се до "педофилите и нацистите" од Европската Унија.
Груевски се оглуши на предупредувањата за погрешните потези од страна на САД, најголемиот подржувач на Македонија во спорот со грција....барем до пред неколку месеци.

И покрај се', Груевски не отстапи ни милиметар од неговата таканаречена стратегија која државата ја води во ќорсокак.
Дали со изјавата погоре, и лобистите од Обединетата Македонска дијаспора ризикуваат да бидат прогласени за антимакедонци и грчки слуги ?

Зошто "големиот вожд", под превезот на патриотизмот ги елиминира сите оние кои кои барем малку ќе покажат загриженост за иднината на Македонија ?
Зошто се задушува секој обид за јавна дебата по однос на ова суштинско прашање ?

Зошто Груевски мисли дека само тој е во право ?
Дали е ова стратегија ?
Која е нејзината цел и кому таа оди во прилог ?
Доколку со преименувањето на скопскиот аеродром и сликањето пред картата на етничка Македонија Груевски постигна уште еден автогол во мрежата на државава, зошто упорно продолжува со истите постапки ?
Што треба да очекуваме од преименувањето на Градски ?
Што треба да очекуваме од преименувањето на автопатот ?
Дали сево ова придонесува за зацврстување или слабеење на нашите позиции на меѓународен план ?

Има уште многу "зошто" на кои нема затоа, бидејќи владејачката номенклатура за сите прашања има смислено универзален одговор кој гласи:
- Затоа што ние сме патриоти а вие предавници.

Дали тука треба да заврши секое прашање кое се однесува на иднината на државава ?


Дали е ова вистинската стратегија ?
Дали е ова незнаење и некадарност, или бесцелно инаетење со желба за самодокажување ?
 
Кои се тие провокации??
Прочитај го текстот погоре, па од изјавата на претседателот на Обединетата Македонска дијаспора, ќе ти стане јасно кои се тие провокации.
 
Дали е ова вистинската стратегија ?
Дали е ова незнаење и некадарност, или бесцелно инаетење со желба за самодокажување ?

Реален, а која би била идеалната стратегија за наметнатиот спор од Гејлада? Да го избришеме името Македонија, да дозволиме да сме "Славо-Бугари" за да не ги повредиме чувствата на "гејските Македонци"? Да го преименуваме сега аеродромот, само затоа што јужниве соседи имаат "ексклузивно право на Големиот Александар", или пак на целата античка македонска историја?

Која е твојата стратегија за спорот со името?
 
Прочитај го текстот погоре, па од изјавата на претседателот на Обединетата Македонска дијаспора, ќе ти стане јасно кои се тие провокации.

Јас го прочитав текстот, ама пошто ти се согласуваш со терминот „провокации“, можеш ли да ми наброиш кои се тие „провокации“ кои ги предизвикува Македонија?
 
Значи заради ова настана расколот во ОМД.

Сега барем ми е јасно зошто дел од основачите ја напушти ОМД.

Мето Колоски активно лобираше за Керим, пред да се откаже од кандидатурата за претседател.
А ставовите на ОМД веќе јасно потцртуваат прифаќање на компромис.
 
Definitvno strategija, ama strategija za nesto drugo....:)

Дали е ова стратегија ?
Која е нејзината цел и кому таа оди во прилог ?
Доколку со преименувањето на скопскиот аеродром и сликањето пред картата на етничка Македонија Груевски постигна уште еден автогол во мрежата на државава, зошто упорно продолжува со истите постапки ?
Што треба да очекуваме од преименувањето на Градски ?
Што треба да очекуваме од преименувањето на автопатот ?
Istokot?!! :)

Значи заради ова настана расколот во ОМД.

Сега барем ми е јасно зошто дел од основачите ја напушти ОМД.

Мето Колоски активно лобираше за Керим, пред да се откаже од кандидатурата за претседател.
А ставовите на ОМД веќе јасно потцртуваат прифаќање на компромис.
Predavnici!!!


Abe, ostana vo Makedonija veke nekoj sto ne e predavnik?!
 
Не го бранам Реален но сметам дека одредени потези беа искористени (и сеуште) се користат од страна на елада за прикажување на Македонија како непопустлива страна.

Факт е дека после преименувањето на аеродромот позицијата на Македонија значително заслабна а грчката зајакна.

Според мене се води погрешна надворешна политика во однос на спорот со името и сите потези кои би можеле да бидат искористени како адут од страна на ЕУ и елада против Македонија би требало да се избегнуваат барем уште неколку години (додека македонската позиција како држава значително на зајакне).

Вака ептен им се олеснува работата на грците.
 
Никој незнае што се кова меѓу преговарачите и премиерот.Сепак мислам дека ова се е стратегија а после терање инает.
 
poradi samata tuzba amerikancite znaat deka resenieto za vo nato bi bilo posle sudskiot slucaj...pa ke gi veat i nas i grcija ko so im saka..T.E amerika moze slobodno sega da menja stavovi(iako ne prizna)
 
Која е твојата стратегија за спорот со името?
Секоја одлука која наместо да ја зајакнува, ја ослабува македонската позиција и оди во прилог на грција, за мене е несоодветно креирање и водење на политиката во спорот со името.

Резултатите од преименувањето на скопскиот аеродром се следниве:
Повеќето конгресмени ја поддржаа таа резолуција поради тоа што се преименува аеродромот “Александар Македонски“. Мислам, аргументите беа на страна на Грците и ги искористија многу добро, така што треба малку и претпазливи да бидеме со такви потези.
Напишано од realen_07
Дали со изјавата погоре, и лобистите од Обединетата Македонска дијаспора ризикуваат да бидат прогласени за антимакедонци и грчки слуги ?
Најверојатно да:
Значи заради ова настана расколот во ОМД.

Сега барем ми е јасно зошто дел од основачите ја напушти ОМД.

Мето Колоски активно лобираше за Керим, пред да се откаже од кандидатурата за претседател.
А ставовите на ОМД веќе јасно потцртуваат прифаќање на компромис.
 
Дали на Грција и ослабе позицијата со преименување на областа „Северна Грција“ во „Македонија“?

Дали на Грција и ослабе позицијата со преименување на солунскиот аеродром во „Македонија“?

Дали на грција и ослабна позицијата со вршењето психолошки притисок на македонското малцинство?

Дали и ослабна на Грција позицијата со најновата најава за градење на споменик на А. Македонски во Ирак?

Дали на Грција и ослабна позицијата со ставање вето на Македонија за влез во НАТО под привремената референца потпишана со договор за кој тие се обврзаа да не не попречуваат при нашите интеграции?
 
ne edinstvoto e nasata najslaba strana....da bevme resitelni i edinstveni dosega ce imavme izgradeno stav koj ne ce mozese nikoj da go napaga ili koristi protiv nas.

preimenuvanjeto na aerodromot e nasata najgolema greska no vo slucajot ne e greskata vo preimenuvanjeto tuku vo odnosot kon slucajot od strana na nasite politicari,novinari i nevladini organizacii.....slucajot bese prvin osuden kaj nas doma pa normalno ce go osudat
i iskoristat grcite .....ne edinstvoto ne jade i poleka ce ne snema a za toa nema da bidat krivi grcite ,srbite,bugarite ili nekoj drug tuku licno nie.
ednas za sekogas treba da stane jasno deka za sitno politicki celi nema igranje so drzavnite interesi i za vakvi odluki da se diskutira so site relevatni faktori vo drzavata
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom