Дали се сеќавате како станавте фан на вашиот тим?

  • Креатор на темата Креатор на темата KL0$AR
  • Време на започнување Време на започнување
Па мислам дека тоа беше 2000-2001 кога го гледав милан како се мачи. имаше една тешка сезона како таа лани и не се пласираше во лш . Таа година шампион стана Рома втори беа јуве а лацио и парма бе на 3-4 позиција а ние и интер се пласиравме во куп на уефа . Ме фасцинираа игрите на звонимир бобан кој е поводот што навивам за Милан . и така се почна од тогаш па после дојде изаги кој наредната година не донесе во лш па за наредната да ја освоиме па дури наредната да освоиме и калчо!
Значи јас сум поводот што милан почна да иде нагоре:pos2::pos2::pos2:
 
Првиот меч што го гледав мислам дека беше Јуве - Милан и Јуве тепаше и од тогаш за нив навивам
 
Уште 4-5 одделение цел клас ми беше за Јуве и Милан. И не беше интересно сите за исти тим. Така да интересни ми беа дресовите тогашни на Рома како и Il Capitano и од тогаш па до ден денес Io sono Romanista...:helou:
 
хммм... па најпрво уште на 5 6 години глеав италианско и секад го глеав Зизу и Јуве .. и премиер лига.. Арсенал.. и премногу ми се свиѓаше како цело време си тече играта не ко другите тимои... и од тогаш за Арсенал и за Зизу ... лоооод хахахаха :smir:
 
Како?Епа пред 6-7 години гледавме фудбал (со татко ми,тетин ми,вујко ми...машко друштво) Манчестер Јунајтед против незнам кој беше.Гледав како Манчестер се мачи,имаше добра игра а никако гол.Сите од машково друштво од како мали имале шалови,дресови...од Манчестер и сите биле негови фанови.И така тоа се пренесе на мене.:)
:salut:
 
За Јуве сум од 8 годинки.. Малишан што сум знаел тогаш, но сум одбрал тим со кој сега се гордеам и го носам во срце.. А прв дрес ми беше уште кога беше логото на дресовите D + поставени во бел и син квадрат!!
 
Од финалето Манчестер-Баерн,тоа уствари беше првиот меч во фудбал што сум го прател,но бидејќи бев помал бев и превртлив,на почетокот кога татко ми ме праша за кој сум реков Манчестер(така од газот си го извадив),кога заводи Баерн му кажав дека сум за Баерн,но по победата на Јунајтед,никогаш веќе 10 години не сум ги сменил за ништо на овој свет,дури до пред 2-3 години плачев кога губеа:kesa:,но сега сум навикнат само на ПОБЕДИ!!!!!!!!
 
Па што знам кај мене не беше меч.Значи слушнав нешто збореа моите поголеми другари за некој си Милан.Милан таа година освоиле калчо 98 година:)И од тогаш почнав да ги гледам,така од време на време.Не сум разбирал 8 години:)Како идеше времето се појше и појше ги сакав.На Бобан кога беше у залез на кариера добро се сеќавам:)Се повеќе ме освојуваа росонерите и така сега незнам кај ми е главата.
 
Koга милан загуби од ливерпол на пенали....у Л.Ш. :helou:
 
Фан на Реал Мадрид сум уште од прво одделение имав 6 ипол години.
Најмногу ми беше мака откако изгубивме од Јувентус во ЛШ пред 6 години оттогаш сум фанатик за РЕАЛ МАДРИД!:) A најмила победа ми беше против Барселона кога ги тепавме 4-0 а имавме услови и за 8-0 да ги тепаме :tv:
 
Мојата приказна е кратка.

Тогаш знаев само за 3-4 фудбалери од кои Бекам, Зидан, Ривалдо и Роналдо.
Сепак омилен ми беше Бекам, а знаев дека игра во еден од двата клуба што ги знаев тогаш, Манчестер Јунајтед. (знаев и за Барселона).
И така, заради Бекам, почнав да ги сакам Манчестер Јунајтед, а потоа и да навивам за нив.
 
Се сеќавам и тоа многу убаво.Дедо ми бил судија,и е добар познавач на фудбалот...И тој е фан на Манчестер и јас кога бев мал бев заљубен во фудбалот,го гледав него како стиска палци за Јунајтед,и уште од 5-6 годинки сум заљубен во Јунајтед.:toe:
 
кога играа интер-МИЛАН во лш мислам дека беше


аааа друже,шо ме нервираш вакаа!!!!шо лажеш.....

иначе,како мн мал имав дрес со роналдо,не класичен, 9ка одпозади,а од напред слика од него....црно плав,се разбира. и од тогаш за ИНТЕР
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom