Неговиот грев кон Македонците и кон останатите нималку и никаде не го спорам. Ниту пак го идеализирам него како личност.
Проблемот е што тоа „човече-ѓаволче“ успеа да се наметне и неколку децении да владее апсолутистички и да пројави мошне широка и успешна надворешно политичка дејност, несразмерна со значењето на државата која ја водел. Смешно е, да речеме. на ликов да се гледа како на неспособен идиот. Идиоти не биле ни Хитлер, ни Пот, Хоџа.
Уште една работа, грчките комунисти и бугарските комунисти само начелно ги поддржувале македонските интереси, тогаш кога имале политички (НР Бугарија и Димитров) и воен интерес (КПГ и ДАГ). Нивната политика толку варира во однос на ова прашање, што е ептен очигледно дека станува збор за калкулации а не за отворена, искрена и јасна поддршка.
Тито се занесуваше и замислуваше една друга Југославија - кон крајот на 2 Св. војна се гледаше како лидер на една според него можна поширока федерација во која место би имало и за Албанија, Грција, Бугарија и Романија.

Македонското национално прашање секогаш беше на крајот на неговите интересирања (позагреан бил, како и Кардељ - за Истра и Трст), и да, со политиката во однос на Македонците и со изборот на Колишевски како лидер на КПМ направи непоправлива грешка.
Италијанците во Истра и Далмација, слично како и Германците во Војводина беа протерани поради нивната национална и неретко идеолошка поврзаност со Италија и Рајхот. Кај нас, на пример, не беше дозволено да се преземат такви мерки, поради градењето братство и единство со НР Албанија.