Македонија го освои 11-то место на СП во ракомет; Победа над Кореја од 32-31

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 октомври 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
20
Иако по поразот од Норвешка ги загубивме сите шанси за влез во полуфиналето, и натаму заедно со Ј.Кореја сме најголемата сензација на Светсткото Првенство во Хрватска.

Ретко кој на почетокот на Првенството веруваше дека Македонија е спремна за таков подвиг, со оглед на фактот дека бевме во многу тешка прва група, со Русија, Германија, Полска, Алжир и Тунис, а сепак освоивме 6 бода. По победата над Русија се изборивме и за пласман во Задар, односно во најдобрите 12. Неизбежно е да се спомне дека ѕвездата во нашите редови е нашиот најдобар репрезентативец Кире Лазаорв, кој во 7 натпревари успеа да запише 70 гола зад своето име, или 10 по наптревар, што претставува прекрасен просек.

- Секако дека сум среќен игорд на самиот себе поради играта на Светстското Првенство, но поважно од тоа е дека што Македонија ја претставивме во едно добро светло. Секако дека сега се бара нешто што објективно неможеме, но сепак тоа е секогаш така.
Лазаров исто така е горд и на нашите навивачи кој на крајот на СП во Хрватска може да ја однесат титулата најдобри гостински навивачи во текот на целото Првенство.
- Драго ми е и поради навивачите кои навистина се сјајни и не бодрат нас на секој чекор. Знам дека во Македонија е голема еуфоријата, цела држава е на нозе, а драго ми е и поради Хрватска, која е во можност што подобро да ги запознае Македонците. Се надевам дека ќе се родат нови пријателства, а и истите дека ќе продолжат и натаму, како и пријателството меѓу двете држави кое досега не имаа некои поголеми прилики за дружење.

Иако што Кире претставува скоро половина од Македонската Репрезентација, вели дека тој не може да одигра се сам.
Што се однесува до загребската група и натпреварот меѓу Хрватска и Франција, Лазаров додаде:
- Хрватска има одлична екипа, широк кадар и што е најважно, одлична подршка од навијачите што мислам дека тие ќе слават и во овој натпревар кој ништо не одлучува, но, исто така Хрватите се најголеми фаворити за освојување на титулата Светски Првак, баш поради тоа што го набројав претходно.
Едно е сигурно, нашите репрезентативци се докажаа дека не случајно ја поразија екипата на Исланд, и фактот што Кире Лазаров исто така не е ни случајно веќе години на самиот врв на најдобрите европски стрелци.

извор

Одиме на победа... :oeoeoe:
 
Оваа мора да победиме да ја прекиниме таа сериа од 3 пораази по ред,се надевам дека кире ќе даде 10 голови.
:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Абе победата и не е толку важна колку Кирил да постигне 10 гола...
ПС. Утре мечот е од 12:30!
 
Кире 10 гола ако треба и да изгубиме.Но сепак се надевам дека ќе тепаме.:oeoeoe:
 
Ајде, клуч до утре. Издувен вентил до утре нека ви е Играчница, а не Останати спортови.

Oтворено, со мало закаснување.
 
Ајде, да не изгубиме и од Корејциве.да си го обелат образот за претходните игри.Напред Македонија!:oeoeoe:
 
Сеа за сеа водимо 7 - 11 ...ама некако нема толкав жар во играта, па и на крајот на краиштата треба да дадат ракометариве се од себе и тоа 11 место едно од најголемите пласнами во било кој спорт...:pipi:

п.с а и нема никаква подршта од публиката, многу слабо...:nesum:
 
Уште 4 гола за да стане рекордер Кире!Македонец рекордер, колку гордо звучи тоа:)
 
Борко треба да одмори на клупа. Нека влезе Диви, Борко ми делува заспано, еве пред малку топката удри во него а овој ја погледна дури откако удри во него, се замисли некаде со погледот.
 
АЈде КИРЕ МОЖЕШ ТИ!! уште 4 гола и рекордер. По играта што ја гледам би требало да победиме но и со Србија водевме водевме и на крај го јадевме. Се надеваме на 11 место.

а и да.. Борко out,Ангелов In.
 
14-14 на полувреме!Фала ти Филип Лазаров што ни овозможи да го изгубиме водството!
 
20 минути играат и после се заморуваат..:toe:
 
Филип дефинитивно треба да седи на клупа...сите грершки ги направи тој...:tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom