Филип Лазаров

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Џабе го форсираат кога се гледа дека не е созреан сеуште за во репрезентација. Во Металург покажува добри игри ама треба уште да созрее за да може да биде корисен во репрезентацијата, а не вака само џабе ги троши топките кога сме во напад.
 
Има поквалитетни ракометари од него за во репрезентацијата. Не треба да биде толку форсиран, млад е има време за него. :toe:
 
Ако брат му е најдобар не мора да значи дека и он мора да биде играч:tapp:
 
Јоноски е 3 класи подобар од него незнам што го форсира толку не го бива дечкото камен и чао пријатно не го ставај...многу нервози ни прави
 
Како што го форсира Раниери на Молинаро во Јуве, така и Илија Темелковски со Лазаров. Незнам што му гледа толку многу добро во нападот на Лазаров, што е поентата незнам, можеби верува Илија дека Филип знае да изненади и да го реши натпреварот со еден потек од кај да знаеме, ама како што гледам сите сме против него ама не треба така да правиме како да му правиме малер.
 
дечкото дефинитивно треба да олади од репрезентација
кога ке се покаже,тогаш мислам може да го облече дресот на македонската ракометна репрезентација
инаку на слава на бате му кире не може да игра,цело време ке биде во очи на јавноста
:salut:
 
so be ovaj mrsulkoto demek so brat mu barselona go barale
ps pokraj brat mu kariera si napraj
 
eve druze od spic
Браќата Лазарови во тандем во Барселона?

Дали шесткратниот европски ракометен шампион Барселона во третиот обид, конечно, ќе успее во своите редови да го добие најдобриот стрелец од СП, Кире Лазаров? Неофицијално, Каталонците имаат отворена понуда за најдобриот македонски ракометар и моментно прв стрелец во ЛШ, но и за неговиот помлад брат, десниот бек на Металург, Филип Лазаров, од следната сезона да настапуваат заедно во Барселона.
Лазаров лани го продолжи договорот со Загреб КО до 2011 година, но рецесијата на скапите договори што ја најавува управата на хрватскиот шампион и најавеното ангажирање на помлади домашни играчи, го отвори прашањето за можната предвремена преселба на македонскиот капитен. Според хрватските медиуми, кои се повикуваат на изјавите на главниот менаџер на тимот, Зоран Гобац, во рецесијата најмногу на удар ќе бидат двајцата најдоброплатени играчи во тимот, Ивано Балиќ и Кире Лазаров, кои имаат годишна плата од околу 200 илјади евра.
- Јас сум под договор со Загреб до 2011 година и официјално тука ќе бидам до истекот на договорот. Раскин на договорот може да има, но само доколку јас прифатам. Што значи, сега-засега останува како што е. Следната недела ќе имаме разговори со управата на Загреб и тогаш ќе се знае поконкретно за сите работи што сега се споменуваат како шпекулации - рече вчера Лазаров.
Најдобриот македонски ракометар повеќе пати има изјавено дека Барселона е негова неостварена желба, иако двапати досега ја одбиваше нивната понуда. Првата понуда од Барса ја чува и како спомен. Каталонците прв пат се обидоа да го придобијат Лазаров во почетокот на неговата интернационална кариера во 2000 година. Но, тогаш понудата од Барса за Лазаров беше потценувачка и тој од Пелистер премина во Загреб. Нова, многу побогата понуда Барселона му даде пред две години, но Лазаров и тогаш им кажа „не“ и по пет години минати во Веспрем повторно се врати во Загреб.
 
Абе таков прост,глуп,катастрофа и уште што не знам да донакажам за него немам видено.Абе толкава фока и плус веќе има искуство 23г.Барем 1%да имаше од квалитетите на Кире супер ќе беше.
 
зар и за бедосијава тема имало....па по беден играч немам видено...Јоноски е КЛАСИ над него,Б.Ангеловски е КЛАСИ над него....ама дали тоа ЛАЗАРОВ си го прави своето...
 
Aко Филип Лазаров заигра за Барселона ќе им даде надеж на сите потпросечни ракометари дека еден ден ќе заиграат во врвен клуб. Јеј, Фичо мотиватор.

Но, единствен услов што треба да го исполнувате е вашиот брат да биде најдобар ракометар во светот. :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom