СП Хрватска 2009 - Данска : Македонија (20:15)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Изгубивме само ради Квит ама и нашиве па во него шутираат.Ај ништо главите горе и ова е топ ипак ја поминавме групата.Барем Србија да ја тепаме.
 
Самите сме криви,овој пат ни судии ни ништо. Реално,толку и ни се можностите без Мојсовски. Штета,пропуштивме шанса за полуфинале. То е то.
 
денес не коментирам... вчера завчера судиите беа криви.... денес кој?
сепак после 10 години прв пат на светско првенство ејј!!! доволно ми е да сум задоволна!!!

:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:

Македонија во срцето!!!!
 
Факт е дека после 10 години неучество, ова за нас е голем успех.Ние иако сме добри, можеме да им парираме на репрезентациите од светскиот врв, ама не и да издржиме вакво темпо против нив во само 10 дена.

Jeste sigurni da ce te da "tepate" Srbiju?:helou:

Да:helou:
 
Највише ми е криво тоа што можевме да ги тепаме, не е да се нешто ептен подобри од нас, па да заслужија ваков резултат, ама сами сме си криви за овој пораз. Не знам што им стана, како за инает да шутираа во голманот...
Разочаран сум премногу, не требаше и не смееше вака да биде.
Голема штета, чим стигнавме меѓу најдобрите 12 како да се откажавме, а можеме многу повеќе.
Ваква шанса сега ќе почекаме пак да ни се укаже.
 
Катастрофални промашувања во нападот...а и немање среќа во клучните моменти.
Тоа е тоа.
 
Да бе, нашите го годат голманот... изгледа им окарал фамилија пред утакмица.

Бидете реални малце, видете каде игра Каспер, во кој клуб, видете ги статистиките... како во последнава година, така и во целата своја кариера. Отсекогаш бил во топ 3 голмани во светот. Се гледа дека ја проучувал играта на нашите ракометари, шутовите на бековите... беа неутрализирани. Убаво се виде ова што го говорам, кога еден играч од сенка, некој на кој не се обрнало внимание во подготовките за мечот... еден Макаловски кој досега ретко добиваше шанса, ете онака од втор план решето го направи голот на Данска. Браво за нашите за успехот, тоа што стигнаа до тука и браво за навивачите кои и кога губиме со 7 разлика се тука за тимот и го бодрат.

Честитки за Данска, заслужена победа. Со ваква игра сигурно атакуваат на медал, впрочем како и секогаш.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom