Како Вие би го решиле сообраќајниот хаос во Скопје?

  • Креатор на темата Креатор на темата Supreme06
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Возраст
35
- Во последно време тажна е глетката на нашата престолнина Скопје. Екстремно зголемениот број на возила прави да на улиците просто „не се дише„.

Тесните улички се пренатрупани од двете страни со погрешно паркирани возила, зелени површини нема од паркирани возила, слободни паркинг места исто така нема.
Од една страна не се криви ни возачите, кога во „шпицот„ (сега веќе шпиц е 24/7) навистина нема место за паркирање и движење низ градот, до работните места и слично.

Што мислите вие, кои се критичните места на кои би требало да се изгради нови улици што поврзуваат, надвозници/подвозници, мостови, паркинг простори, што и да е, се` со цел да се растеретат пренатрупаните улици.
 
На времето во Југославија поради криза со нафтени деривати се донесе закон во кој имаше распоред на возење коли...оние чија регистрација завршуваше на непарен број, возеа Пон. Сре. и Пет. а оние со парен, Втор. Чет. Саб.

А ја би акнал нуклеарка.
 
А ја би акнал нуклеарка.

Брутално дете... :)

Инаку, на урбанистички институт на Архитектонски Факултет, уште одамна, додека сеуште се урбанизираше постземјотресно Скопје, се имаше дадено идејата за три главни сообраќајни артерии, организирани со паралелно движење:

Првата, делумно реализирана беше Јужен булевар, на која како контрафронт требаше да и дојде (воопшто нереализираниот) Северен булевар. На средина, помеѓу овие две главни жици, е диспозицијата на бул. Партизански одреди, кој, според урбаниситчкиот план, не завршува после Соборен храм, туку, постепено почнувајќи од Универзална сала (за да достигне доволен пад), се спушта и поминува низ Плоштад Македонија и ГТЦ, каде искачувајќи се, се приклучува на крстосницата кај НБРМ, и продолжува кон Нова Железничка Станица и натаму, кон Аеродром се расцепува на помали булевари.

Со помош на овие три линии, се формираше мрежа од нивни паралелни и нормални улици, помеѓу кои се развиваа блокови со специјализиран карактер - во централното подрачје економско-општествени, атрактивни локации, и локации наменети за зелени површини; а како што се оди по периферијата - станбени населби, почнувајќи од висока станбена структура, кој постепено требаше да премине во субурбија со индивидуални куќи на ободите од градската линија.
 
Ај јас ќе пишам со мислам а што како не е битно:)
Сметам дека централното градско подрачје треба да се затвара за сообраќај во ударните термини и да можат да поминуваат возила на јавен транспорт, брзапомош и слично со цел да се растовари малце центарот.
За проблемот со паркинзите ни ејасен на сите, сметам дека треба дасе прват катни гаражи на сите јавни паркинзи во центарот на градот, наместо да се прават огромни згради поради кој се уништуваат паркинзи и паркови.
ЈАс искрено би забранил било каква градба во центарот на Скопје , или да има некоја комисија која би се грижела и не би давала секакви дозволи за градба зошто градов ко уништија во секоја смисла.
А Кире за твојата идеја да се проширува градот со станбеви населби а центарот да остане само економско-општествени обиекти сметам е декае многу добра идеја но дека сепак сегашниот менталитет на 80% од населението кое ска да живее што е можно поблиску до центарот може да предизвика многу проблеми, а најголема причина за тоа е лошиот јавен превоз :toe:
Заклучок : Да се среди прво јавниот превоз па после да се превземат некој радикални промени во врска со целата инфраструктура :)
Малце како да забегав од темата па затоа ке зстанам тука, а сепак јас не сум ни архитект за да можам да продолжам да давам стручни мислења, јбг јас како иден инженер имам некој други замисли со цел да се подобрат некој свери од ова општество гледано од мој аспект :)
 
Кире, за Серна нешчо појќе нели вредит да се кажит на темава?
 
Градов ни е ужасен кога станува збор за урбанизирање.
Се гради на секое ќоше што законито, што незаконито со потплати. Се и сешто постои во центарот на градот. Комплетно безредие е.

За овие неколку години Аларова што постигна (и колку се збогате) никој толку не постигнал :) За на бесилка е таа според мене:)

А паркираат луѓево сеуште по тротоари па нормално. Има луѓе што заработуваат по 300-400 денари на ден. А паркинг за 8 саати е толку. Цените за паркинзите се ужас. А главниот паркинг кај Холидеј Ин годишна карта е над 15 000. Треба да штедиш за да можеш да се паркираш. Кога би ги намалиле цените, би немало и толку паркирани по тротоари и зеленила.
А секако сум за катни гаражи. Тоа е еден од спасовите. Али ако лупнат и тие висока цена абе пак е џабе.
Пред се цените се ненормални.

А во странство се повеќе има еднонасочни улици.
Може и тоа треба да се направи и кај нас. Па плус сега транвај божем се гради, еднонасочните улици веројатно се единствен спас.
За проширување на улиците не може секаде. Зградите се веднаш до тротоарите. Изградено е секаде.

Во Скопје живеат над 700 000 жители и плус студентите што доаѓаат од другите градови. Сигурно е милионски град. А се е во центарот на градот.
Во други држави центарот е бизнис центар со компании и продавници а најчесто луѓето во периферијата на градот живеат.
Кај нас најценето е живеењето во центар.
Иако приметувам во последно време се повеќе се селат луѓето од центарот на градот. Тоа е доста паметно бар за мене.

Значи да се вратам на главното, сепак еднонасочни улици вајда спас и секако намалување на цените на паркинзите, согласно со нашиот стандард.

На времето во Југославија поради криза со нафтени деривати се донесе закон во кој имаше распоред на возење коли...оние чија регистрација завршуваше на непарен број, возеа Пон. Сре. и Пет. а оние со парен, Втор. Чет. Саб.
Стварно ова?
хахахахаха
Кај нас како што се се почитува така и ова.
 
За муабетот, миграција центар-периферија сеуште не сме зрели, ни економски ни ни` е во менталитет сега за сега.

За еднонасочните улици да, веќе неколку години наназад се применува тоа, многу од улиците се еднонасочни со паралелни еднонасочни во спротивната насока.

За цените на платените паркинзи исто така се согласувам дека треба да бидат посимболични за обичниот граѓанин, за тој да не рачуна ако ја остаам колата колку леба ќе купам за дома....Државата ќе си го исплати вложеното можеби на подолгорочен период, кој сепак би бил во прилог на граѓаните. Значи да се намали цената на приватните паркинзи, за да не седат празни а колите на тротоари.

И ако може за тој Северен Булевар нешто повеќе, каде би требало да се простира?
 
Би ја вратил 63-та... Најлесно.

Инаку, катни гаражи, но којзнае кога ке го видиме тоа. Истиот проблем е и во Битола. Место за паркирање има се помалку и помалку.
 
Бесплатни точаци за сите.
 
Подземна железница ширум цело Скопје.
Нови автобуси за јавен превоз.
Закон за секоја кола гаража:) Со ова ќе се прекине досадното паркирање на комшијата под прозор и брчење у 5 саат сабајле ако е таксист.
Надземни и подземни гаражи, едни подземни се направија ширум Лисиче и околината ама се запустени, исто и низ центар и тие се запустени.
Повеќе пајак служби со поголеми цени и рамноправно дигање на непрописно поставени автомобили.
Евтин, редовен, квалитетен јавен превоз во кој ќе ти биде мерак да се возиш
 
Прво и основно забрана за изградба на деловен или станвбен простор без вклучен гарашен простор за 2 возила по стан или 1 возило по вработен, со експлицитна уредба дека ако не се исполни условот дека градбата ќе се сруши.
Друго дај бе некако нека направат дубара нека организираат тоа зградата на бивжа југобанка што е до лотарија да се реши сопственички и да се направи катна гаража, многу проблеми ќе реши.
Многу и недозволиво се манипулира со гаражните места односно катните паркинг места кога се гради нешто кај нас, на пример новата зграда на тутунска одма до рамстор, првично требаше тој потесниот дел да е цел катна гараша, за сега ако погледнете да се прашате дали и само првите два ката од таа тесна зграда се наменети за катна гаража.
Абе катастрофа, треба да се носат затворски казни за секој што одобрил изградба и изградил зграда без организиран паркинг простор за налмаку 2 автомобили по семејство односно по едно на вработен.
Друго има некои шминкерски подобрувања во моментов, кои инаку требаа да ибдат спроведени пред 10 години како клучката кај континентал, тргање на семафорите и правење детелинка кај надвожњакот кај битбазар, и кога семе веќе кај тој систем истот треба да биде направено и кај надвожњакот кај АСУЦ. Обилконицата уште ја тегнат уште не ја пуштиле целосно во употреба, со неа сите што патуваат од Ѓорче, Геге и Волково накај аеродром и гази баба многу побрзо ќе стигаат и ќе растоварат сообраќај внатре во скопје.
А за тоа едка партизанска треба да продолжува подземно под плоштад е нешто што мора да се направи.
И немојте да мислите дека вардарот е проблем, вардарот не е никаков проблем, сум бил во берлин и сум видел далеки покомплексни и помасивни подземни мрежи на железнички линии над и под нивото на реките во берлин.
 
Законот за димензионирање на паркинзи е донесен одамна, како посебен и како дел од законот за градење (делот за димензионирање на подземни гаражи). Тоа е еден од деловите каде има најголем број на дупки во законот за градење...

Југобанка не може да е катна гаража...конструктивниот систем не одговара, има голема катна висина, и што е најтешко - нема елементарен услов за пристапна рампа... А ни доволна ширина на уличен профил за организирање внатрешна улица со лифтовски платформи...

Се согласувам за клучките. Се прават...полека, ама се прават...

Се согласувам и за Вардар. Далеку пред да се измисли подземната железница, беа измислени градските дренажни системи (пр. Лондон), каде доста се позанимавале со динамиките на речните корита...За огромни реки, а не за Вардар...

Подземна железница ширум цело Скопје.
Нови автобуси за јавен превоз.
Закон за секоја кола гаража:) Со ова ќе се прекине досадното паркирање на комшијата под прозор и брчење у 5 саат сабајле ако е таксист.
Надземни и подземни гаражи, едни подземни се направија ширум Лисиче и околината ама се запустени, исто и низ центар и тие се запустени.
Повеќе пајак служби со поголеми цени и рамноправно дигање на непрописно поставени автомобили.
Евтин, редовен, квалитетен јавен превоз во кој ќе ти биде мерак да се возиш

Така де... ај со примери: Истанбул:

- градски автобуси
- трамвај
- подземна железница
- унифицирани такси возила

4 јавни градски превози. И сите со комплетно исполнети стандарди - почнувајќи од хигиена, преку модернизација на погони, до прецизност во тајминзи. И која е сега таму ситуацијата - 70% од возилата се градски превоз. На граѓаните им е далеку поисплатливо да се движат со нив, одколку со индивидуално возило. Паралелно на тоа, развиваат повисоко ниво на однесување во истите, допринесувајќи за нивно зачувување.

Е Скопје наше е помало. Ние би се задоволиле само со еден добро организиран превоз. Но, за тоа има посебна тема и посебна дискусија. Тука би ја поддржал иницијативата за оформување на клучки со двојни нивоа на главните раскрсници, довршување на обиколницата (и растеретување на сообраќајот од товарни возила), и моето омилено - катни гаражи. Со добра, прифатлива цена. И покачување на глобите кај пајаците, паралелно на тоа.

Должам едно објаснување на темава за Северен булевар, спуштањето на Партизанска (шо сега е невозможно, ради „велелепната“ жута зграда што ја изградија на чело на булеварот), и ткаењето на градските блокови според сообраќајната мрежа. Ќе се обидам да ја најдам скицата од урбанистичкиот предлог, па ќе постирам едно образложение и околу тоа.
 
Ќе бидам краток:
Не може да го поправиш непоправливото !!!
Човече...Скопје е промашен стартно кога е сообраќај (и не само) у прашање.Генерации и генерации градски `архитекти` го промашиле за да дојдеме до ситуација у која што денес ти е најбоље да си пуштиш Crosstown traffic` од Jimy Hendrix и да кулираш додека пробуеш да стигнеш од точка до точка у мојот сакан град.И безразлика на целиот тој метеж...они пак продужуат да прават `катни гаражи` кои што јеби га им се згрешуваат у планот и нај на крај искачаат деловни простории и трговски кои што исто имаат потреба од нов паркинг!
Ужас.

Како да се реши?
Нема друго...
мора да се руши!
Е сеа што и како ќе рушат...
и колку ќе профитира ГРАДОТ од тоа у минути и пари...
треба да решат едни дечки кои што многу повеќе од мене знаат по темава.
 
Еве колку за споредба...

Во работен ден(обично Четврток или Петок) околу 16-17h сум одел од Карпош 4 до железничка за 45-50мин...а од железничката со воз до Велес стасувам за 55мин...апсурд!!!

Така да јас мислам дека најголем метеж на скопските улици прават автобусите...земете ја за споредба Илинденска...таму е помала улицата ама има помалку автобуси и помал метеж!

Значи не е лошо да се напраи трамвај...и уопште да не се купуваат нови автобуси..туку тие пари да се дадат за изградба на инфраструктура за трамвај!!!(а со сегашниве автобуси нека се користат приградските населби):nesum:
 
Еве колку за споредба...

Во работен ден(обично Четврток или Петок) околу 16-17h сум одел од Карпош 4 до железничка за 45-50мин...а од железничката со воз до Велес стасувам за 55мин...апсурд!!!

Така да јас мислам дека најголем метеж на скопските улици прават автобусите...земете ја за споредба Илинденска...таму е помала улицата ама има помалку автобуси и помал метеж!

Значи не е лошо да се напраи трамвај...и уопште да не се купуваат нови автобуси..туку тие пари да се дадат за изградба на инфраструктура за трамвај!!!(а со сегашниве автобуси нека се користат приградските населби):nesum:

Принципот на кој функционираат автобускиот со градскиот шински превоз (подземна, надземна железница и трамвај) се така што шинските линии се поставени по главните градски магистрали односно ги поврзуваа најфрекфентните точки во градот, додека автобусите се движат внатре во населбите и до поодалечените помали приградски населби. Обично до поголемите приградски населби (како на пример драчево и ченто) има шинска линија.
На пример сега во северен хесен има RegioTram кој го покрива цел северен хесен што е по големина и број на жители налмаку колку пола македонија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom