Грбовите на Македонија - Македонска Хералдика!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Како што јас знам, грбот е всушност штит, со некои додадени елементи.
 
Македонското Хералдичко Здружение ја започна својата работа на 15.8.2003, со влегување во судскиот регистер за Здруженија на граѓани и фондации, како единствената организација од областа на хералдиката во Република Македонија.
Цели на Македонското Хералдичко здружение се:
1.Популаризација на хералдиката,
2.Истражување на хералдичкото наследство во Македонија,
3.Изработка на грбови, знамиња и одликувања,
4.Оформување на хералдички регистер во кој ќе се заведуваат стари и нови грбови, и негово ажурирање,
5.Едукација од областа на хералдиката
6.Издавачка дејност.
Македонското Хералдичко Здружение има секции за Генеологија, Сфрагистика, Фалеристика, Вексилологија, Нобиларистика и Шивалристика.
 
Не се сложувам со типот кој на крајот изјави дека деншниот грб е измислен бидејќи не го видел објаснувањето за македонскиот грб.


288v8kl.jpg



дајте му го ова да го види на типот за да му стане малку појасно што значи денешниот грб на македонија кој има јасна цел обединување на македонија.
 
ZOTE ај откачи се од темава!


И ти и тоа квази објаснувањето.
 
Не е толку квази-објаснување. Тој Што го составувал грбот, убаво знаел што прави и на скриен начин (можело главата да му летне) ги претставил сите работи што сакал да ги каже. Планината е Пирин навистина, затоа што ако погледнете фотографија (снимена од вистинската страна) планината Пирин е идентична со нацртаната планина. Исто така, сонцето не изгрева на север, за да таа планина биде Шар планина (како што не учеа). Централниот дел на сликата (грбот) е поделен на четири дела - на исто толку делови на колку што е поделена и Македонија и т.н.
 
Mnogu dobar link so detalen opis:

http://jovan.us/mkherald-3-prefinal.pdf

youtubeRzY3GXCRIs0


При составување на грбот на
НРМ, за разлика од повеќето
социјалистички држави и републики,
историскиот грб не го
најде своето место во новиот
социјалистички амблем, создаден по
урнек на „грбот“ на СССР. Наместо
историскиот и земски грб, новиот
грб на Н.Р. Македонија поприма
чисто пејзажна композиција, и со
тоа влегува во иста категорија со
Романија, Босна и Херцеговина и
Црна Гора. Авторството на грбот
му се припишува на Василије
Поповиќ – Цицо, кој веројатно е
авторот на ликовното решение на
преtставата на грбот од законот, кој се употребувал до
крајот на истата година. Тој знаел за земскиот грб на
Македонија
.
31 Има мислење дека автор на денешниот

грб е Ѓорѓе Андреевиќ – Кун кому му се припишува

и авторството на грбовите на другите републики на

ФНРЈ, кој всушност стилски ги унифицирал.

Грбот на Н.Р. Македонија е усвоен на Второто

вонредно заседание на народното собрание одржано

во Скопје на 26 јули 1946 година, каде што е донесен

законот за Грб на Н.Р. Македонија, а членот 1 од овој

закон го дава описот (блазонот) на овој грб:
Грбот на Народна Република Македонија е поле
опкружено со житно класје испреплетено со плодови
афион и листови тутун кои на долната страна се
поврзани со лента исшарана со народни мотиви.
На лентата е напишано „Н. Р. Македонија“. Меѓу
врвовите на класјето се наоѓа ѕвезда петокрака. Во
средина на полето се оцртува планина во чие подножје
тече река. Зад планината изгрева сонце

.32
Весникот „Нова Македонија“, два дена подоцна,
го објавува овој закон заедно со прикажан грб и
објаснување:

Грбот на Народна Република Македонија е симбол
на слободата и братството на Македонскиот народ
и богатството на Македонската земја. Житното
класје, плодовите на афионот и листовите тутун
го претставуваат богатството на Македонија и
разновидноста на нејзината економија. Петокраката
ѕвезда ја симболизира народноослободителната
војна со која Македонскиот народ ја доби слободата.
Народниот мотив на лентата го изразува богатството
и убавината на народниот бит. Во средината на полето
се наоѓа планината Пирин, најголемата македонска
планина која била центар на народноосободителните
војни во минатото, а реката која тече е реката Вардар,
најпознатата Македонска река во Републиката. Пирин
и Вардар истовремено ги преставуваат единството на
сите делови на Македонија и идеалот на нашиот народ
за национално обединување. Сонцето
го претставува слободниот и
творечки живот во Македонија

.33


Интересно е да се забележи

дека дизајнот и објаснувањето на
грбот е различен од грбот кој се
користи подоцна. Во првиот устав
на Нардона Република Македонија
во член 3 е дефиниран грбот на
НРМ:
Државниот грб на Народна
Република Македонија претставуе
поле опкружено со житни класја
испреплетено со плодови од
афион и тутунови лисја кои што
се поврзани на дното со лента
прошарана со народни мотиви.
Меѓу врвовите на класјата има
петокрака ѕвезда. Среде во полето
се оцртуе планина, во подножјето на која што тече
река. Зад планината изгрева солнце

.34

И во овој опис, како и во претходниот,
не се
споменува ни една боја. Единствената разлика е што
во Уставот го нема текстот на лентата. На печатот
со кој е оверен овој документ, е претставен
грбот на
НРМ со првиот дизајн објавен во „Нова Македонија“,
додека отпечатокот
во восок со кој е запечатен
емственикот, го содржи новиот дизајн на грбот.

Во член 4 од овој Устав, стои:
Државното знаме на Народна Република
Македонија е црвено со петокрака ѕвезда. Звездата
е црвена со златен/жолт/ раб, и има правилна
петокрака форма. Односот на широчината и
должината на знамето е еден спрема два.

35


Со распадот на СФР Југославија, се постави

прашањето за грб на Република Македонија. Така,
Владата формира комисија за утврдување на грб и знаме
на Република Македонија во 1992 г. во состав: Анета
Светиева-етнолог, Александар Цветковски- ликовен
уметник, Коста Балабан историчар на уметноста,
Димитар Кондовски-ликовен уметник. Во комисијата
е вклучен и Матковски. На распишаниот конкурс
пристигнуваат преку 3000 трудови, од кои најголемиот
дел е инспириран од грбот претставен во книгата на
Матковски, која е преиздадена во 1990 година. За
жал, Матковски умира непосредно пред ставањето на
законот во собраниска расправа, но остава своја порака
која е прочитана во Собранието, во која Матковски
го изразува својот став дека за грб на Република
Македонија треба да се прифати историскиот грб.
Комисијата не успева да се согласи околу еден предлог
кој би го претставил пред Собранието. Прашањето
премногу се политизира.

 
Последно уредено:
За ЗОТЕ;
Објаснувањето што ти му го приложуваш на г. Јоноски е смешно!!! Тој е првиот човек кој се обиде сериозно да ја прошири хералдиката во Македонија, и да ја проучува нејзината историја, како и тоа што тој е најобразован во ова научно поле. Како многу значаен момент што тебе не ти е јасен, очигледно е тоа - дека Хералдиката е посебна наука, која има свои канони-правила. Најинтересното и смешното е тоа што во моментов Македонија НЕМА грб, туку има амблем. Грбот хералдички точно, се оформува на штит, односно се аплицира амблемот на штит. Се до тогаш ова нашево се нарекува хералдички неисправен грб. Тоа дефинитивно зборува за незрелост и лоша политика!!!
 
Овој сега.. државен “грб“ е пејсажен, описен.

Нема историско значење ниту традиција. Наметнат е во времиња на комунистичко-социјалистичкиот мрак по урнек на СССР.

Што е најлошо, дури и на овој описен “грб“ некој се потрудил да му го тргне натписот МАКЕДОНИЈА како што било во оргиналот и да го видоизмени толкувањето во Уставот.

По мое лично толкување тоа е класично бришење на национални обележја и правено е со намера, во соработка со општото негирање на Македонците.
 
Не ми го искривувај постот. Поентата ми беше дека дури и во тие времиња кога некој пробувал да ги избрише нашите национални обележја, НАШИТЕ ВО СКРИЕНА ФОРМА ГО БУТНАА ИДЕАЛОТ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ И СЛОБОДА, во форма во која можеа.

ТОА НЕ Е ГРБ, ТОА Е ПОРАКА, порака која ние не ја испочитувавме ден денес.

да јареализиравме пораката во тој грб, денес ке имавме сонце, лав и широко развиена мрежа во сите делови на македонија и Балканот.
 
cezar,a?
cleo-r30.jpg

dvoglav orel na Kleopatra 7
ptvirp26r-enh.jpg

Coin of Ptolemy VI (180-164 B.C.)
ptiir37a.jpg

Coin of Ptolemy II (285-246 B.C.)

rim uste bil selo-veselo....

koj krade,toj i lazhe,i ima voshki.....
site okolu nas lazhat,kradat....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom